Почетна » Забава » Хороскоп » Кинески хороскоп 2019: Што ќе ви донесе Годината на Свињата?

Кинески хороскоп 2019: Што ќе ви донесе Годината на Свињата?

Според кинескиот зодијак, веќе живееме во Годината на Земјената Свиња, која започна на Кинеската Нова година (5 февруари), а ќе трае до 25 јануари 2020 година.

Кинеската Нова година секогаш се совпаѓа со настапувањето на младата месечина во водолија (во западниот хороскоп). За Кинезите, секоја година е поврзана со едно животно од зодијакот, како и со еден елемент. Оваа година тоа животно е Свињата, а елементот е Земја.

Внеси датум на раѓање и кликни „Пресметај“

Можете да издишете со олеснување, бидејќи по напнатите две години, време е за забава и дружење. Свињата е пријатно и дружељубиво суштество, кое во претстојната година ќе ви помогне лесно да склопувате пријателства каде и да одите. За разлика од Петелот и Кучето кои владееја во претходните две години, Свињата умее да ја дели својата територија со другите, што значи дека ќе дозволите многу нови лица да влезат во вашата орбита. 2019 година ќе биде година кога луѓето ќе се зближуваат наместо да се поделуваат и кога повторно ќе започнат да водат конструктивни дијалози лице в лице, наместо да спорат на социјалните мрежи. Во Годината на Свињата ќе го обожаваме редот и уредноста. Чистотата ќе нè краси, а обврските ќе ги извршуваме веднаш и со огромна посветеност.

Домовите беа наше прибежиште во 2018 година. Многу од нас потрошија многу пари на реновирање на живеалиштето, но заборавија да го споделат новиот ентериер со луѓето кои ги сакаат. Свињата ќе ве поттикне почесто да организирате домашни забави, кафе-собири и чајанки со пријателите.

Морате да внимавате кому му верувате оваа година, бидејќи изгледот на луѓето нема да ви ја открива нивната душа. Не ѝ судете на книгата по нејзината корица, Свињата честопати е наивно животно, па во 2019 година нема да ги проценувате добро луѓето кои ги запознавате.

Не очекувајте старовремска романтика, симнување ѕвезди или танцување под отворено небо, но очекувајте силна љубов и страст. Свињите не се романтични суштества, но се страсни и кога некого сакаат, го сакаат со целата своја душа. За жал, понекогаш тој интензитет може да биде пресилен за луѓето да можат да го поднесат.

Во претстојната година мораме да внимаваме што ставаме во уста, бидејќи лесно може да претераме, особено кога станува збор за слатки и вкусни јадења. Токму тие вкусни искушенија ќе бидат и причина што редовно ќе си го празниме паричникот. Свињата не ги цени парите, па менаџирањето со буџетот ќе ни биде слаба точка оваа година. Кога станува збор за физичката активност, препорачливи се спортови како пливање и планинарење.

На работа ќе станеме не само позабавни и поинтересни, туку и ќе бидеме крајно организирани, посветени, прецизни и точни. Ќе си дозволиме оптимизмот да нè понесе и ќе го сакаме она што го работиме. Не ја потценувајте моќта на сојузите и деловните партнерства.

Стаорец

Кинески хороскоп

Годината на Свињата ќе ви донесе многу нови можности во секое поле од животот, но морате да работите напорно за да ги искористите максимално. Луѓето кои ќе ги запознаете годинава ќе бидат корисни и скапоцени за вас следната година, кога ќе владее Стаорецот.

2019 година не е погодна за започнување на нови нешта, туку за завршување на веќе започнатите и за ослободување од нештата кои не ви се потребни повеќе.

Љубов

Во претстојната година ќе стекнете нова самодоверба, која ќе се должи на радикалните промени во вашиот надворешен изглед. Ќе спортувате и ќе ја негувате вашата кожа, а тоа ќе ви носи многу комплименти. Ако сте сингл, можно е да се соочите со конкуренција на љубовен план. Не грижете се, лесно ќе ја победите доколку покажете дека знаете да уживате и да се забавувате. Многу претставници на овој знак ќе го прoнајдат Вистинскиот.

Морате да им посветите поголемо внимание на зборовите на партнерот. Ако гледате дека нешто го мачи, ислушајте го. Не брзајте веднаш да заклучите дека тој не ве сака повеќе само затоа што е повлечен и тивок. Оваа година најважно е да не давате ветувања кои не можете да ги исполните.

Годината на Свињата е одлична за раѓање дете за родените во знакот Стаорец.

Кариера и пари

Среќници во кариерата ќе бидете во претстојните 12 месеци. Ќе имате многу можности за да си ги реализирате соништата и морате максимално да ги искористите. Доколку имате сопствен бизнис, можно е проширување. Ако трагате по работа, ќе ја најдете, но претходно ќе морате да се борите со жестока конкуренција. Не е исклучена можноста да добиете вработување благодарение на влијателен пријател.

2019 година е одлична за учење и стекнување нови вештини кои ќе ги искористите практично кога ќе започне вашата година.

Нема воопшто да бидете внимателни со парите и веројатно ќе трошите многу повеќе отколку што можете да си дозволите. Морате да ги запишувате вашите трошења за да имате поголема контрола врз финансискиот дел од вашиот живот.

Предупредување: Не им позајмувајте пари на пријателите, роднините или деловните партнери, бидејќи може никогаш да не ги добиете назад.

Вол

Кинески хороскоп

Волот и Свињата одлично комуницираат, но не се натпреваруваат за храна. Претстојната Годината на Свињата нема да донесе големи промени во вашиот начин на живот, но ќе го зголеми вашиот професионален успех. Многу нови можности ќе се појават на вашиот пат, а вие брзо ќе ги зграпчувате, покажувајќи ја вашата посветеност на работата.

Ова ќе биде совршена година за вас ако научите да ја контролирате тврдоглавоста и да прифатите дека не може да бидете секогаш во право. Внимателно носете ги одлуките и ќе бидете наградени.

Љубов

Започнува прекрасен период за романса. Вашата љубов ќе биде слатка и нежна, па многу претставници на вашиот знак ќе влезат во нова врска или брак.

Паровите може да се соочат со недоразбирања и проблеми поради тоа што ќе бидете склони да го жртвувате времето за љубов во име на работата. Најважно е што ќе сфаќате колку е важна хармонијата под семејниот покрив и брзо ќе надоместувате за пропуштеното. Тие ваши кавги со партнерот речиси секогаш ќе бидат кратки и ќе завршуваат со бакнежи, прегратки и страсни авантури во спалната соба.

Ако сте сингл, во претстојните месеци ќе ја запознаете вашата сродна душа за време на забава или голем настан. Не ги пропуштајте друштвените собири и прифаќајте ги поканите за љубовни состаноци.

Ова е одлична година за раѓање деца и за склучување бракови за родените во овој знак. Но, пред да го направите најважниот чекор во вашиот живот, уверете се дека сте со вистинската личност.

Кариера и пари

2019 година ќе биде интересна и профитабилна година за вас. Ќе ги прифаќате предизвиците и новите можности и ќе бидете најенергичната личност на вашето работно место. Нема да чекате некој да ви го дадете успехот на послужавник, туку самите ќе се изборите за своето место на врвот. Можно е да се соочите со последиците од грешките направени во минатото, но морате да ги прифатите без да обвинувате некој друг за вашите одлуки. Не започнувајте проекти со личности кои едвај ги познавате.

Бидете флексибилни за побрзо да се адаптирате на промените на работното место. Годинава некои Волови ќе одлучат да се реализираат професионално во сосема поразлична област на работење од онаа во која досега работеле.

Значително ќе си ја подобрите финансиската состојба во Годината на Свињата, благодарение на вашата трудољубивост. Но, заедно со тоа потребно е да очекувате и зголемен стрес и притисоци. Можно е да се разочарате доколку купувате или продавате недвижност.

Тигар

Кинески хороскоп

Време е да ги соберете наградите од трудот што го вложувавте во изминатите години и да ги искористите контактите за да се искачувате во кариерата. Но, тоа не значи дека ќе ви недостига брза акција, нешто што им е многу потребно на родените во знакот Тигар.

Излезете од познатите шеми на функционирање и од монотоните рутини. Промените и патувањата ќе ви носат огромно задоволство.

Тигарот и Свињата воопшто не наликуваат еден на друг, што значи дека оваа година можно е да се соочите со проблеми во извршувањето на обврски кои не можете да ги реализирате сами. Ќе ви недостигаат ресурси и поддршка од другите луѓе. Сметајте само на сопствените сили.

Љубов

Направете ја вашата врска приоритет во Годината на Свињата. Морате да му посветувате најголемо внимание на вашиот сакан и да ја разгорувате страста меѓу вас. Ако сте во брак, не му давајте повод на партнерот за тој да се сомнева во вашата верност. Резервирајте повеќе време за сопругот и уверете го дека тој е единствениот во вашиот живот.

Вие сте магнетски привлечна личност, а во 2019 година ќе привлечете море нови додворувачи. Не му го подарувајте срцето на првиот што ќе ви каже „Те сакам“. Морате да си дадете повеќе време за да ја запознаете вашата сродна душа. Претставниците на знакот Коњ ќе бидат совршени кандидати за романса. Доколку сè уште ве боли љубовна рана од минатото, Годината на Свињата ќе ви помогне да најдете мелем за неа.

За Тигрите 2019 е одлична година за големи прослави како свадби, свршувачки и раѓање деца. Многу родени во овој знак ќе ја завршат годината во улога на родители или со златен прстен на раката. Нови почетоци се на повидок.

Кариера и пари

Успехот ќе продолжи да ве краси и во претстојните 12 месеци и ќе имате многу шанси за да подобрување на финансиската состојба. Сепак, морате да научите да го контролирате вашиот темперамент и да не се залетувате кон реализирање на секоја ваша идеја. Нема да можете да сметате на помош оваа година, па претпочитајте ја индивидуалната работа. Научете се да слушате „Не“ како одговор на вашите молби и секогаш имајте план Б. Не дозволувајте неколку затворени врати да ве спречат да си ги постигнете целите.

Доколку одлучите да инвестирате пари во нешто, морате да бидете многу внимателни. Можни се измами, кражби и разочарувања. И најмалите грешки може скапо да ве чинат.

Зајак

Кинески хороскоп

Пријатели, успеси, изненадувања и романса ќе ви донесе Годината на Свињата. Можностите ќе бидат насекаде околу вас, потребна е само да бидете поекспедитивни и да не оставате ништо за утре.

Зајакот и Свињата негуваат хармонични односи, што значи дека луѓето ќе ве обожаваат и ќе сакаат да ви помагаат. Барајте за да ви биде дадено, тропајте за вратите пред вас да се отворат. Ова не е период за скромност, туку за максимално користење на контактите. Споделувајте ги вашите желби и зборувајте за вашите амбиции!

Љубов

Во претстојните месеци ќе обожавате да поминувате квалитетно време со партнерот, а и тој со вас. Вашата врска ќе се исполни со разбирање и сериозни разговори за иднината. Ќе забележите дека повеќе не ве иритираат навиките на саканиот кои некогаш ве ваделе од такт. Ова е прекрасна година за официјализирање на врската со брак.

На семеен план, оваа година ќе ви донесе само среќа. Ќе имате огромна поддршка од вашите најмили, па што и да правите, ќе знаете дека некој ви го чува грбот.

Ако сте сингл, можно е да ја пронајдете љубовта далеку од дома за време на некое од вашите бројни патувања.

Кариера и пари

Во 2019 година ќе привлечете одлични соработници и деловни партнери со кои ќе нижите само успеси. Колегите ќе бидат повеќе склони да ви помагаат во извршувањето на работните обврски, па во вашата канцеларија ќе владее позитивна атмосфера на соработка. Тимските активности се за претпочитање.

Во вашиот живот може да пристигне повозрасна личност која ќе стане еден вид ваш ментор и од која многу ќе научите. Оваа година нема да биде толку важно колку луѓе познавате, туку дали ги познавате вистинските кои можат да ви помогнат.

Нема да има некое големо раздвижување во вашата финансиска состојба.

Змеј

Кинески хороскоп

Додека сите смирено и тивко ја минуваат Годината на Свињата, вие ќе бидете незапирлива сила. Ќе се чувствувате ослободени од веригите кои ви ги имаше ставено Годината на Кучето, а кои ви даваа чувство на осаменост. Повторно ќе се исполните со енергија и надеж кои ви недостигаа претходно. Раширете ги крилјата.

Во кинеската астрологија, Змејот и Свињата се знаци кои немаат ништо заедничко, што значи дека нема да имате доволно помош и поддршка од луѓето за време на вашите смели потфати.

Не дека нема да можете да исполните сè што ќе си замислите, но ќе морате да го правите тоа сметајќи само на сопствените вештини, знаења и ресурси. Да, секогаш е полесно кога имате пријатели кои ви го чуваат грбот, само што годинава тие нема да бидат заинтересирани за учество во вашите грандиозни планови.

Љубов

Во Годината на Свињата ќе бидете неразделни со партнерот и искрено ќе ја чувствувате неговата љубов. Можно е одвреме-навреме да чувствувате копнеж по вашата слобода, но бидејќи често ќе излегувате како пар, забава нема да ви недостига.

Ако сте во брак, можно е да забележите дека сопругот носи голем товар на својот грб кој ќе произлегува од обидите да ви обезбеди совршен живот. Бидете благодарни за неговите напори и редовно покажувајте му дека ги цените. Започнува 12-месечен период погоден за романтични патувања кои ќе ви бидат како месен месец.

Соло претставниците на знакот Змеј имаат одлични шанси да ја пронајдат својата вистинска љубов оваа година. Зачестете ги вашите излегувања и не пропуштајте ниту една забава во вашето место на живеење. Уживајте во животот, идеалниот кандидат за вашето срце ќе се појави кога најмалку го очекувате.

Кариера и пари

Професионалните можности ќе ви се зголемат во 2019 година, но заедно со нив ќе порасне и притисокот во работата. За среќа, тоа не е нешто со што родените во Змеј не можат да се справат. Особено големо задоволство ќе чувствувате за вашите постигнувања, бидејќи ќе знаете дека за нив сте заслужни само вие и никој друг.

Многу Змејови ќе добијат понуда за ново подобро работно место, додека други ќе го добијат посакуваното зголемување на платата.

Годината на Свињата ќе ви донесе и многу шанси за дополнителна заработка, но не смеете да бидете алчни. Ако ви е потребен совет од областа на финансиите, ангажирајте експерт за да се уверите дека ќе ја донесете најдобрата одлука.

Змија

Кинески хороскоп

Змијата и Свињата стојат на спротивни страни од тркалото во Кинеската астрологија и тешко се согласуваат. Тоа значи дека оваа година вие ќе се соочувате со најмногу предизвици од сите знаци. Целиот свет ќе гледа кон Свињата, туркајќи ве вас на заден план.

Добрата вест е што вие сте самоуверена личност и не ви пречи да функционирате во сенка. Па, кога сите ќе ви го свртат грбот, вие максимално ќе ги користите отстапените можности. Најубавите шанси за вас ќе бидат на невообичаени места каде никој друг не гледа. Токму во сенка ќе ги доживувате најголемите успеси на професионален, љубовен, друштвен... план.

Можни се откажани летови, одложени планови и разочарувања. Препорачливо е годинава да се фокусирате на завршување на започнатите нешта, да не стартирате нови проекти и да не ризикувате. Максимално користете ја вашата мудрост и трпеливоста.

Љубов

За танго се потребни двајца. Оваа година ќе морате да правите компромиси со партнерот за да ја задржите хармонијата во вашата врска, во спротивно, често ќе влегувате во кавги. Можно е да се чувствувате неразбрано или да имате напливи на љубомора што ќе ви создава проблеми во врската.

Ако сте во брак, морате да научите да се почитувате со сопругот, да се грижите еден за друг и заедно да учествувате во домашните обврски. Годината на Свињата не е поволна година за склучување бракови за родените во вашиот знак.

Соло Змиите ќе имаат многу шанси за да се заљубат, особено доколку често излегуваат. Ако тоа се случи под „чадорот“ на Свињата, потребно е да дозволите нештата да се одвиваат бавно и природно. Не ги избрзувајте врските.

Кариера и пари

Во годината кога Змијата се среќава со Свињата, вие морате да научите да работите трпеливо и смирено под притисок. Да, ќе имате куп можности на професионален план, но сите тие ќе ви носат и зголемена напнатост. Не грижете се, сето тоа само ќе ве направи посилна личност.

Доколку ви биде понудено ново работно место, ќе биде помудро да го одбиете или одложите и засега да останете да се развивате онаму каде што сте. Новитетите ќе ви носат неочекуван стрес.

Свињата не ѝ носи богатство на Змијата. Не очекувајте подобрување на финансиската состојба оваа година.

Коњ

Кинески хороскоп

2019 година е година на предизвици за вас. Тоа особено ќе биде изразено кога ќе се обидувате да задржите статус кво и да функционирате како вообичаено. Но, ако трагате по промени и ако умеете да се адаптирате, Годината на Свињата ќе биде одлична за вас.

Можеби ќе си помислите дека Коњот и Свињата добро си одговараат, но тоа не е баш точно. Коњот е животно кое ги обожава слободата и успехот, сака да трча во далечината, да биде независно, додека Свињата обожава да биде дома, да јаде вкусна храна и да комуницира со пријателите. Тоа значи дека во претстојните 12 месеци нема да можете да најдете сопатници за вашите авантури и луѓето нема да бидат склони да ви помагаат и да ве поддржуваат. Сметајте само на себеси.

Исто така, оваа година ќе им дадете предност на активностите кои долго време ги занемарувавте.

Љубов

Во Годината на Свињата ќе морате да го скротите авантуристот во вас ако сакате да ја одржувате хармонијата во врската. Колку и да сакате да јурите низ светот без да зависите од некого, морате да се потсетите дека постојат личности на кои им треба вашата љубов и внимание. Морате добро да се грижите за вашиот партнер и да не ги занемарувате неговите потреби. Одвреме-навреме гледајте го светот од негова перспектива.

Ова не е многу поволна година за склучување бракови за родените во знакот Коњ.

Ако сте сингл, ова е година кога ќе ја пронајдете вашата вистинска љубов. Женските претставници на овој знак ќе го сретнат вистинскиот многу побрзо одошто машките. Постои голема веројатност машките претставници да се заљубат на работното место, на деловно патување или на состанок со клиент.

Кариера и пари

Активни и посветени на работата ќе бидете во 2019 година. Ќе се стремите кон повисока работна позиција, веројатно лидерска, и нема да се плашите да ги искористите сите адути за да успеете. Можностите за напредок ќе бидат бесконечни. Сепак, запомнете дека со повисоката работна позиција доаѓаат и зголемени одговорности.

Доколку ви биде понудена нова работна позиција, прифатете ја. Промените одлично ќе се одразуваат на вашата креативност и мотивација.

Многу родени во вашиот знак ќе започнат да ги собираат плодовите од семињата кои ги сееле во изминатата година. Тоа значи дека финансиската состојба ќе започне да ви се подобрува благодарение на вашата трудољубивост.

Коза

Кинески хороскоп

Започнува совршена година за вас, година во која ќе можете да ги реализирате сите ваши соништа и година која не смеете да ја преспиете. Точно ќе знаете што мислат луѓето, ќе ги „намирисувате“ најдобрите можности и ќе постигнувате сè што ќе си зацртате. Верувајте ѝ на вашата интуиција, нема да зажалите.

Козата и Свињата одлично се согласуваат, не се борат за храна или територија и двете се многу интуитивни и грижливи. Во Годината на Свињата, луѓето ќе обожаваат да поминуваат време со вас и да ви помагаат. Многу возбудливи можности ќе се појават на вашиот пат, а вие ќе ги зграбувате во вистинското време.

Сепак, не мислете дека сите се ваши пријатели. Многумина ќе ви завидуваат. За среќа, вие ќе гледате зад кулисите и ќе им ги читате вистинските намери на луѓето.

Љубов

Љубов, изненадувања, среќа и забава ќе ви донесе претстојната година. Многу нови лица ќе маршираат низ вашиот живот, па ќе имате безброј можности за да го промените љубовниот статус. Ако сте сингл и трагате по вистинка и чиста љубов, голема е веројатноста да ја пронајдете. Соло претставниците на овој знак кои оваа година ќе влезат во врска, ќе се радуваат на долготрајна романса.

Партнерот ќе ве изненадува со мали внимателно избрани подароци кои ќе имаат големо значење за вас ако сте во врска. Зголемената блискост ќе поттикне многу парови да ги насочуваат разговорите кон посериозни теми за иднината. Годината на Свињата е одлична за склучување брак и за раѓање дете за вас.

Ќе се чувствувате благословено доколку веќе сте во брак и имате деца. Ќе им се радувате на неодоливите и слатки односи со членовите на вашето семејство и ќе бидете презадоволни со она што го имате. Ќе ви се чини дека одново се заљубувате во партнерот зашто тој ќе прави сè за да ве усреќи. Испланирајте патување кое ќе биде како втор меден месец за вас.

Кариера и пари

Свињата и Козата одлично се сложуваат, што значи дека доаѓа период на признанија, професионални можности и заработка за вас. Колку понапорно ќе работите оваа година, толку поголеми награди ќе добиете. Некои од вас ќе ги соберат плодовите од семето кое го засадивте минатата година. Не се плашете да инвестирате во проекти кои ги сметате за надежни.

Бесконечен број на можности за дополнителна заработка ќе се појават на вашиот хоризонт. Не бидете алчни и не правете нешто со што би го прекршиле законот, бидејќи можни се спорови и лоша репутација поради пари.

Доколку ви биде понудено ново работно место, прифатете го. Но, ако не се согласувате добро со луѓето кои работат таму, можеби е подобро да почекате нова шанса.

Мајмун

Кинески хороскоп

Мајмунот и Свињата имаат различни енергии. Смирената и фокусирана енергија која ќе владее насекаде во 2019 година е непозната за родените во знакот Мајмун, па ова е година на предизвици за вас. За среќа, предизвиците воопшто нема да бидат проблем за вас, бидејќи мајмунот е итро животно кое умее да ги склопи и најкомплицираните сложувалки и да најде решение за најтешките проблеми.

Благодарение на инвентивноста и брзото стекнување нови вештини, вие добро ќе се адаптирате на Годината на Свињата. Сепак, не очекувајте нештата да се случуваат со брзото темпо кое вие го сакате, бидете трпеливи.

Љубов

Годината на Свињата ќе ја поминете во трагање по љубовни задоволства и ќе чувствувате длабоки емоции. Шанси за романси ќе има многу под „капата“ на Свињата, особено во првата половина од годината. Машките претставници на овој знак многу побрзо ќе ја пронајдат својата половина, додека дамите ќе се впуштат во среќна романса со некој помлад од нив.

Ако сте во врска, ќе се радувате на стабилни односи со партнерот, но морате да покажете поголема грижливост кон него. Не брзајте да ставите бурма на раката, туку дозволете односите да се развиваат по својот природен тек.

Ова е одлична година за раѓање дете и склучување брак.

Кариера и пари

Нема да имате големи можности за напредок во кариерата оваа година, но доколку работите многу напорно и ги користите вашите таленти, може да ја зголемите вашата заработка. Зголемувајте го вашето знаење и стекнувајте нови вештини, секако тоа ви оди од рака.

Најмногу во Годината на Свињата ќе загубат мрзливите претставници на вашиот знак и оние кои прават непресметани ризици. Среќата нема да биде на страната на смелите, туку на страната на трудољубивите.

2019 година не е поволна за промени во кариерата. Кажете им НЕ на понудите за ново работно место, фокусирајте се на работата која во моментов ја работите, усовршувајте се во неа и чекајте подобар момент за новитети.

Петел

Кинески хороскоп

Годината на Свињата ќе ве поттикне да му кажете збогум на минатото, да ги излечите вашите рани и да го насочите погледот кон иднината. Каде и да одите, ќе гледате подадени раце, пријателски лица и можности. Луѓето ќе сакаат да ви помагаат, а сè што треба вие да направите, е да го побарате она што ви е потребно од нив. Ако преземете акција, можностите ќе дојдат. Ако наидете на затворена врата, не се разочарувајте. Тоа можеби не е вистинската врата за вас, продолжете понатаму.

Најубавото нешто за вас оваа година е што ќе умеете да ги претворите потенцијалните пречки во златни можности за напредок. Пред две години беше Годината на Петелот, кога ги засадивте семињата чиј плод сакате да го ожнеете, а оваа година ќе ги видите првите резултати од вашата работа.

Избегнувајте ги монотоните разговори и радикалните теми.

Љубов

Најдете нови активности кои ќе ги правите заедно со партнерот оваа година доколку сакате уште повеќе да се зближите. Вашето позитивно однесување ќе биде причината што партнерот ќе прави сè за да поминува повеќе време со вас. Толерантноста е клуч кон здрава врска за вас.

Ако сте во брак, среќата нема да доаѓа спонтано и случајно за вас, туку ќе треба да вложите труд за да ја достигнете. Грижете се за партнерот и ако имате шанса, одете сами на романтично патување. Годината на Свињата е поволна за склучување бракови и за раѓање деца за вас.

Доколку неодамна раскинавте долга љубовна врска, сега ќе ги споите парчињата на вашето срце и ќе заминете далеку од видикот на вашата поранешна љубов. Ќе трчате напред без да погледнете зад себе. Нови почетоци се на повидок за многу родени во Петел.

Ако сте сингл, ќе заведувате со вашата внимателност и грижливост. Ќе ги прифаќате луѓето онакви какви што се, па тие ќе се чувствуваат пријатно покрај вас.

Кариера и пари

Вашата кариера нема да доживее некакви големи промени во Годината на Свињата, бидејќи таа нема да биде ниту ваш приоритет. Доколку се соочите со проблеми или пречки во реализирањето на целите, побарајте совет од ваш ментор или колега.

Ако во претстојните 12 месеци ви биде понудена нова работна позиција или проект за кој ги немате потребните вештини, препорачливо е да ја одбиете или да го одложите носењето на одлука. Подобро е да останете онаму каде што сте, да го зголемувате го вашето знаење и да стекнувате нови вештини додека да го достигнете нивото на експерт. Ова не е поволна година за големи промени на професионален план за вас.

Бидете послободни во споделувањето на вашите идеи, бидејќи тие ќе бидат брилијантни и постои веројатност да ви носат дополнителна заработка. Бидете внимателни кога инвестирате пари.

Куче

Кинески хороскоп

Годината на Свињата ќе биде просперитетна за вас и на професионален и на личен план. Сè што треба да направите е да ја искористете максимално вашата вродена интуиција за да ги откривате најдобрите можности. Потребно е да реагирате брзо, па држете ги очите и ушите отворени.

Минатата година, Годината на Кучето, беше тешка за вас, бидејќи сè во вашиот живот се менуваше, многу нови нешта станаа дел од вашето секојдневие, а вие моравте да се адаптирате на сето тоа. Оваа година потребно е да ги анализирате тие нови нешта, без разлика дали станува збор за нова работа или нова врска, и да откриете што е она што функционира за вас, а што не. Ослободете се од сè што не ве задоволува повеќе. Значи, ако нешто не функционира со години, време е да го оставите зад себе.

Кучето е животно кое сите го обожаваат, па оваа година ќе имате многу пријатели кои ќе сакаат да ви помогнат. Избегнувајте ги стресните ситуации.

Љубов

Ако сте во врска, ќе биде вистинско задоволство да се гледа како комуницирате како пар со партнерот. Луѓето ќе ѝ завидуваат на вашата романса, зашто ќе посакуваат да бидат на ваше место.

Оние кои се во брак, ќе го обожаваат семејниот живот и нема да им пречи да ги жртвуваат друштвените активности за да бидат со семејството. Ќе го сместите домот во фокусот, па можно е да се насочите кон реновирање, поправање или обнова на мебелот, или создавање голема градина во дворот.

Годината на Свињата ќе им донесе море можности на соло претставниците на вашиот знак. Почесто излегувајте со друштво, но не чувствувајте притисок да бидете дел од секоја забава. Не се напнувајте да го пронајдете Вистинскиот, бидејќи годинава, тој ќе ве пронајде вас.

Кариера и пари

Во претстојните 12 месеци ќе имате многу можности за напредок во кариерата. Ќе најдете начин да ги покажете вашите скриени таленти и вештини во вистинскиот момент и на вистинското место. Многу влијателни личности ќе бидат импресионирани од вас.

Некои родени во Годината на Кучето ќе одлучат да побараат работа во сосема поразлична сфера од онаа во која сега работат. Доколку ви биде понудена нова работна позиција, прифатете ја само ако ви буди страст и ентузијазам. Но, ако чувствувате дека нема добро да комуницирате со колегите или дека ги немате потребните вештини, можеби е подобро да кажете НЕ и да останете на позицијата на која што сте.

Ќе имате многу шанси за дополнителна заработка. Доколку одлучите да инвестирате, консултирајте се со експерт.

Свиња

Кинески хороскоп

Добредојдовте во вашата година, која ќе ви донесе среќа и море од можности. Годината на Свињата ќе ви даде свеж поглед на нештата и ќе ве поттикне да се збогувате со минатото. Ќе копнеете по промени и ќе чувствувате дека повеќе не го сакате сето она што сте го имале во минатото.

Ослободете се од старата облека која повеќе не ви е точна, од личностите кои не ве заслужуваат , од стариот начин на размислување, од старите предмети кои одамна престанале да ви служат, од колегите кои не се однесуваат добро кон вас... Оставете зад себе сè што повеќе не функционира за вас, бидејќи нема да сакате да ги пренесете лошите нешта во новиот 12-годишен циклус.

Морате да го промените вашиот живот од корен. Иако тој предизвик ќе ве измори, ќе ви донесе многу поголема среќа одошто некогаш сте почувствувале. Оваа година, морате да им посветувате поголемо внимание на советите на вашите блиски, тие ќе бидат добронамерни.

Љубов

Фокусирајте се на вашиот сакан оваа година и направете ја љубовната врска ваш приоритет. Морате да изградите обрач околу неа и да не дозволуваат трети лица да мешаат прсти во вашите односи со партнерот. Најдете кои активности и двајцата ги обожавате и издвојувајте повеќе време за нив.

Родените во Свиња кои веќе пловат во брачните води треба да се фокусираат на семејството и да ги избегнуваат кавгите со партнерот, особено пред децата. Претстојните 12 месеци се одлични за стапување во брак и раѓање дете.

Друштвениот живот ќе ви се раздвижи во Годината на Свињата и многу нови личности ќе влезат во вашиот круг. Тоа значи дека ќе имате и нови можности за да го запознаете Вистинскиот за вас.

Кариера и пари

Во Годината на Свињата ќе се стекнете со нови вештини, знаења и информации, кои ќе ви помогнат да се реализирате на работната позиција од вашите соништа. Ви претстојат одлични 12 месеци на промени и шанси. Бидејќи вие сте трудољубива личност, ќе го извлечете максимумот, а успесите ќе ви ја зголемуваат самодовербата.

Но, не смеете да минувате низ овогодишните промени сами, бидејќи енергијата на Свињата ги поврзува луѓето. Изградете цврсти сојузи со личности кои ве поддржуваат, или во најмала рака земајте ги предвид советите на луѓето. Тие ќе ви нудат добри насоки како да ги постигнете вашите цели.

Еден од предизвиците за вас оваа година ќе биде тоа што ќе треба да засадите многу различни семиња кои ќе сакате да растат во претстојните години. Но, вие сте личност која се фокусира на една цел сè додека не ја исполни, па ќе морате да го раширите вашиот поглед и да ја совладате уметноста на мултитаскингот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.