Почетна » Забава » Видео » „Џони го победи РАКОТ“: По 794 дена хемотерапии, мало момче ја победи леукемијата и прослави со семејството

„Џони го победи РАКОТ“: По 794 дена хемотерапии, мало момче ја победи леукемијата и прослави со семејството

Реакцијата на мало момче кое ја прима последната доза хемотерапија и слави победа над леукемијата ќе ве исполни со емоции.

Видеото беше објавено од таткото на малиот Џони, Ралф Луис. Во него е прикажан моментот кога малиот Џони победнички трча кон татко си, кој му ја дава последната доза од третманот. Потоа целото семејство заедно ја слави големата победа.

„На 20 август 2020 година на нашиот 2-годишен син Џони му беше дијагностицирана леукемија. Изминатите 794 дена не беа ништо друго освен кошмар. Денес, прославуваме... Џони ГО ПОБЕДИ РАКОТ!“

„Ова беше долг пат кој ни едно дете или семејство не треба никогаш да го помине... До нашиот син Џони... Ти господине си апсолутна Легенда. Те сакаме многу“ – напиша Ралф.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.