Во некои семејства не е лесно да им се остварат желбите на децата за време на празниците. Такво е семејството на Паола дел Вале.
Кога нејзината 6-годишна ќерка Елиса побарала од Дедо Мраз да ѝ донесе куќарка-играчка, Паола знаела дека нејзиното семејство не може да си го дозволи тоа.
За да ѝ ја исполнат желбата на Елиса, нејзините поголеми браќа направија импровизирана куќичка со кујна од картони, стара микробранова печка и мал кревет. Моментот кога ќе ѝ ја покажат куќичката стана хит на TikTok откако беше објавен од мајката.
„Ќерко, никогаш нема да ти ги заборавам лицето и емоциите. Најважно од сè е никогаш да не ја изгубиш твојата скромност“ – напиша Паола.
„Таа му побара на Дедо Мраз куќичка за играње. Нејзиното семејство не можеше да си ја дозволи, па нејзините браќа ѝ ја направија. Нејзината реакција е сè што е важно“ – пишува во видеото.
@paoladelvalle16 nunca olvidare tu carita y tu emocion hija y sobre todo nunca pierdas tu humildad
♬ All I Want for Christmas Is You - Mariah Carey