Емотивно видео, во кое маж ја изненадува саканата сопруга вселувајќи се во истиот старечки дом во кој престојува и таа, ќе ве разнежни.
Во видеозаписот, Гордон и Мери се среќаваат за првпат по 8-месечна разделба поради коронавирусот.
„Откако ја немаше видено сопругата Мери неколку месеци поради пандемијата, Гордон ја изненади вселувајќи се во нејзиниот старечки дом“ – стои во описот.
Нивната неизмерна среќа ќе ја почувствувате и вие. Погледнете го видеото:
