Момчето кое на YouTube се нарекува Jemdahunk направи хумористично видео во кое ги покажува најпопуларните типови танцувачки движења во ноќен клуб. Интересната интерпретација го претвори неговото видео во вирален хит, па тој направи и продолжение на првиот туторијал „Како да танцувате во ноќен клуб?“.
Во Македонија луѓето тешко се осмелуваат да танцуваат во ноќен клуб, но ако некој се одлучи да се размрда на ритамот на музиката, неговите движења можеби ќе ги пронајдете токму во следниве две видеа.