Транссексуалец од Тајланд ја воодушеви публиката на шоуто „Тајланд има талент“ откако на средината на својата изведба го промени гласот и со тоа откри дека всушност не е женско како што изгледа.
Нантита Кумпирамон започна да ја пее песната „Unlovable“ со нежен женски глас, но потоа неочекувано продолжи да пее со длабок машки глас.
Зачудените членови на жирито со радост го пуштија во следниот круг 27-годишниот Нантита, кој успеа да ги измами не само поради својот глас, туку и поради својот изглед.