Танцувањето на шипка често се поврзува со стриптизерки, но тоа прераснува во вистински спорт. Многу жени на ваков начин ја одржуваат својата фигура, а низ светот се одржуваат натпревари токму во танцување на шипка.
Изведувањето на танцувачки и акробатски движења на шипка не мора да биде еротска претстава, а Џенин Батерфлај е жив доказ за тоа. Таа е победник на првиот шампионат на американската федерација за танцување на шипка одржан во март 2009 година, а ќе ви стане јасно зошто откако ќе ја погледнете нејзината „прошетка во воздух“.