Секој го памети својот прв бакнеж. Некој повеќе, некој помалку, некој по добро, некој по лошо. Малите Елиот и Боуви нема да можат да заборават ниту еден детаљ од првиот бакнеж, затоа што тој се случил пред камерата на мајката на Елиот.
Во слаткото видео, среќниот „пар“ невино флертува и се бакнува пред камера, а по нивниот прв мал бакнеж в уста, Елиот веднаш среќно се фали за доживеаното и вика пред сите: „Погоди што... јас и таа се бакнавме в уста“.