Малата Ања гарантирано ќе ви украде барем една насмевка. Малото девојче воодушеви на Фестивалот за едноминутни филмови во Пожега, Хрватска и ја освои наградата од публиката.
За 60 секунди досетливото девојче ќе ви покаже на што сè е подготвено за да си ја исполни желбата да добие братче.
Краткиот филм е снимен од нејзините родители Марина и Томислав Старчевиќ.