Мало девојче го украде вниманието на прес-конференцијата на татко си.
Кога Ник Сиријани, тренерот на Филаделфија Иглс, зборуваше за победата на неговиот тим, ќерка му Тејлор започна да го имитира користејќи гестикулации.
Ник го забележа тоа и ја замоли Тејлор да престане, а слаткото девојче започна да се кикоти. Погледнете ја целата ситуација:
Видеото беше објавено на Twitter профилот на NFL.
Taylor Sirianni is a whole mood pic.twitter.com/sDZEDgXvDg
— NFL (@NFL) January 30, 2023
Коментарите за Тејлор се прекрасни и позитивни. Многумина порачаа дека Тејлор не треба да престане и дека треба да биде поканета да го отвори овогодишниот Супер Боул.