Мару, најпознатиот мачор на интернет, пред четири дена го прослави својот петти роденден, а неговите фанови добија уште едно видео кое им го разубави денот.
Сопственикот на Мару го објави видеото „I Am Maru 4“, кое е микс од различни видеа од 2011 година. Во најновото видео познатиот мачор од Јапонија ѕирка низ кеси за пазарување, си игра со играчки и уште еднаш докажува дека нема кутија во која не го собира.
Видеата на Мару на YouTube се прегледани над 158 милиони пати.