Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Парот кој со луди шеги „војува“ на YouTube

ВИДЕО: Парот кој со луди шеги „војува“ на YouTube

Џеси и Џена се нарекуваат „најлудиот пар на YouTube“. Тие редовно си прават невкусни шеги еден на друг и ги поставуваат на интернет за да можат да ги видат и милионите фанови кои ги имаат низ цел свет.

Нивната онлајн војна започна во 2007 година кога Џеси ја предизвика Џена да голтне наеднаш цела лажичка цимет. Веднаш по голтањето Џена започна да се задушува, а нејзината реакција беше снимена и поставена на интернет. Видеото стана хит и собра над 4 милиони прегледувања.

Но, Џена реши дека сака одмазда и така започна нивната војна. Досега тие имаат снимено околу 100 видеа, а нивниот канал на YouTube има генерирано над 150 милиони прегледувања.

Можеби најуспешната шега е видеото во кое Џена направи Џеси да поверува дека таа го изневерува.

„Тоа беше многу стратешко видео. Многу го планирав тоа“ – изјавила таа за ABC.

Самите тие признаваат дека обичните луѓе не се однесуваат вака и знаат дека тоа што го прават е лудо. Но, и покрај сè, тие успеваат на крајот да се изнасмеат на секоја шега, без тоа да влијае на нивната врска.

„На крајот, откако ќе замине лутината, секогаш тоа е шега“ – рекла Џена.

Погледнете како Џена успеа да го натера Џеси да поверува дека таа го изневерува со друг маж.

Еве и две други нивни шеги:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20800 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.