Често родителите се жалат дека децата растат пребрзо и дека пред да успеат да трепнат, нивните најмили станале возрасни личности. Со цел да „зачува“ засекогаш што повеќе моменти од животот на својата ќерка, Франс Хофмистер ја снимал малата Лоти секоја недела, од раѓањето до моментот кога таа наполнила 12 години.
Неодамна тој споил делови од 600-те различни снимки и направил прекрасно видео во кое го покажува нејзиното растење.
„Лоти се менуваше толку брзо што почувствував потреба да го документирам нејзиниот изглед, за да ги зачувам своите спомени недопрени“ – изјавил Хофмистер за „The Huffington Post“ и признал дека планира да го продолжи својот проект.