Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Младоженци воодушевија со првиот свадбен танц

ВИДЕО: Младоженци воодушевија со првиот свадбен танц

Свадбениот танц на Рајан и Френки Ван Хорн стана глобален хит. Среќните младоженци не сакаа првиот танц да им биде традиционален и предвидлив, изведен на бавна романтична музика, како што избираат повеќето парови кои влегуваат во брачните води. Па, покажувајќи го својот весел дух, ги изненадија гостите со забавна кореографија на „Sing Sing Sing“.

Освен што акробатскиот танц ги воодушеви гостите на свадбата, ги воодушеви и гледачите низ цел свет и многумина се прашуваа дали Рајан и Френки се танчари или надарени аматери.

Во интервју за Ninemsn, Рајан споделил дека тие не се танчари и дека неодамна започнале да посетуваат часови по танцување. Кореографијата ја научиле за два месеца на 14 часови, бидејќи имале одлична учителка која знаела да се справи со почетници.

„Френки обожава џез музика и никогаш не сакала традиционален свадбен танц. Исто така, сакавме да направиме нешто со кое би поминувале повеќе време заедно пред свадбата“ – изјавил Рајан и признал дека не го загрижувало ништо околу свадбата, само се плашел како ќе помине танцот.

„Ова беше најдобриот свадбен танц кој сум го видел досега“ – напишал фотографот кој го објавил видеото на интернет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.