Светот е многу интересно место за малите бебиња. Толку многу нешта им се нови... некои ги плашат, но други предизвикуваат неодоливо бебешко смеење кое може да му го разубави денот на секого.
По бебето кое се смее додека таткото кине лист хартија, уште едно видео со бебе го обиколува светот.
Видеото со малиот Емерсон, кој во еден момент е преплашен од звукот што го прави неговата мајка додека си го дува носот, а веднаш потоа се смее, стана огромен хит.
„Мојот пет и пол месечен син Емерсон не е сигурен што да мисли кога си го дувам носот. Понекогаш се преплашува, а потоа не може да престане да се смее“ – напиша на YouTube мајката која го качила видеото.
Погледнете ја реакцијата на Емерсон на дувањето на носот на неговата мајка.