Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Како да ја задоволите желбата за грицкање на здрав начин?

Како да ја задоволите желбата за грицкање на здрав начин?

Колку пати во денот ви се случува да направите мала прошетка до кујната со цел да пронајдете нешто за грицкање? Ако често го правите тоа, значи и вие спаѓате во милионите луѓе низ светот кои уживаат да грицкаат.

И сепак, ако ги запрашате, повеќето од нив ќе го оценат грицкањето како лоша навика. Но, вистината е дека самата навика за грицкање не е штетна ниту за здравјето, ниту за витката линија. За покачувањето на тежината и холестеролот виновна е желбата на луѓето да грицкаат храна која изобилува со масти и калории.

Всушност, повременото грицкање е здраво и полезно за секоја диета. Малата ужина ќе ви помогне да го одржите нивото на енергија, да го намалите чувството на глад и со тоа да го избегнете прејадувањето за време на оброците. Многу подобро е да грицнете нешто пред ручекот, отколку прегладнети да седнете на маса.

Жена со колаче и јаболкоПовременото грицкање е здраво и полезно за секоја диета, само треба да го направите вистинскиот избор

Следуваат нашите предлози за совладување на гладот и желбата за мезење без тоа да се одрази на вашата линија и вашето здравје.

Вкусни и здрави мали ужини

  • Јаболко со мед и путер од кикирики. Измешајте еднакво количество мед и путер од кикирики. Исечете едно јаболко на полумесечинки и премачкајте ги со тенок слој од приготвената смеса. Наместо јаболко, можете да употребите оризови колачиња.
  • Микс од сушено овошје и јаткасти плодови. Измешајте чаша сушени кајсии, ½ чаша сушени боровинки, ½ чаша печени бадеми, ½ чаша семки од сончоглед, 1 чаша кикирики или ореви. Ставете ги сите во кеса и протресете ја за да се измешаат. Поделете ги во 10 мали кесички и ќе имате здрава ужина кога и да посакате.
  • Интегрален леб со изварка. Едно парче интегрален леб со микс од зрна премачкајте го со тенок слој изварка. Врз него ставете семки од лен или сончоглед.
  • Овошен јогурт. Во чаша јогурт кој содржи мал процент на масти ставете замрзнати или свежи јагоди, боровинки или капинки и малку исечкани бадеми и ореви.
  • Портокал со шеќер и цимет. Земете еден портокал и исечете го на 4 тенки кругови. Потоа измешајте 2 супени лажици сок од портокал со 2 лажици сок од лимон, 1 лажица шеќер и ¼ лажица цимет. Со смесата попрскајте ги парчињата портокал. Секое од овие 4 слатки задоволства содржи по 85 калории.

Крцкави грицки до 100 калории

  • Замрзнато грозје. Ова е идеално мезе ако сакате да каснете нешто слатко. Секое зрно грозје измијте го одделно и наредете ги на кујнска хартија така што да не се допираат едно со друго. Ставете ги во комората за длабоко замрзнување и откако ќе се замрзнат, соберете ги во кеса и вратете ги повторно во замрзнувачот. Секогаш кога ќе ви се пријаде чоколадо, земете 10 зрна замрзнато грозје и желбата за слатко ќе ви одмине.
  • Бејби морковчиња. Изедете 10 бејби моркови и нема да внесете повеќе од 60-70 калории, а додека да ги изгрицкате ќе ви одмине желбата за чипс.
  • Пуканки. Консумирајте 3 чаши со пуканки кои се правени без масло или една и пол чаша пуканки со масло.
  • Кикирики. Наполнете две супени лажици со кикирики. Така ќе си определите доза којашто нема да ви донесе повеќе од 100 калории, а ќе биде одлична замена кога ќе сакате да јадете смоки.

Дополнителни совети

  • Не правете од ужината оброк. Никогаш не треба да имате ужина која содржи повеќе од 150 калории, затоа што тоа всушност е мал оброк. Ужината треба да ви помогне да ја одржите енергијата и да го елиминирате чувството на глад до наредниот оброк, а не да ве најаде.
  • Мезете бавно. Исто како и главниот оброк, ужината треба да ја јадете бавно. На мозокот му се потребни 15-20 минути за да ја добие пораката дека сте најадени.
  • Никогаш нема да погрешите ако јадете свежо овошје и зеленчук. Повеќето овошни плодови и зеленчуци содржат под 100 калории, па така никогаш нема да направите грешка ако изберете да ја задоволите желбата за грицкање со едно јаболко, портокал, краставица, целер, моркови или брокули.
  • Секогаш имајте здрави грицки во кујната. Во малечки кесички чувајте си веќе направен домашен микс од сушено овошје и јаткасти плодови. Во фрижидерот секогаш имајте свежа краставица и мали моркови, а во замрзнувачот – замрзнато грозје. Докажано е дека ако имате на дофат на рака здрави грицки, помалку ќе посегнувате по чипсот или чоколадото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.