Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Емоционално јадење

Емоционално јадење

Дали секогаш кога имате тежок ден на работа или расправија со партнерот посегнувате по нешто слатко? Дали се чувствувате виновни откако ќе утврдите дека несвесно сте ја проголтале целата чинија, а сте мислеле да јадете само половина? Дали по сто пати на ден го отворате фрижидерот без да чувствувате глад? Ако одговорот е да, тогаш продолжете да читате, затоа што можеби и вие страдате од т.н. емоционално јадење.

Жена пред слаткиМногу емоции како осаменост, здодевност, лутина, фрустрација и проблеми како депресија, анксиозност, ниска самодоверба, можат да предизвикаат несвесно и неконтролирано посегнување по храната.

Што претставува емоционалното јадење?

Храната е потреба за сите. За некои таа е начин на задоволување на гладот и одржување на здравјето и енергијата, а за други е начин да се убие здодевноста, да се намали стресот или да се ублажи емоционалната болка. Може да посегнете по неа свесно и несвесно.

Емоционалното јадење е навика на редовно консумирање на големи количини храна, најчесто брза, мрсна или слатка храна, како резултат на други чувства, а не на глад. Експертите имаат проценето дека 75% од прејадувањата се предизвикани од емоции.

Многу емоции како осаменост, здодевност, лутина, фрустрација и проблеми како депресија, анксиозност, ниска самодоверба, можат да предизвикаат несвесно и неконтролирано посегнување по храната.

Емоционалното јадење е особено непријатно поради тоа што го уништува целиот труд што се вложува за слабеење и одржување на телото. Тоа најчесто води до прејадување и консумирање на штетна брза или слатка храна.

За среќа, постојат многу начини да се оттргнете од оваа зависност од храна. Само треба да имате желба и си признаете дека имате проблем.

Но, пред да преминеме на советите со чија помош ќе можете да се справите со емоционалното јадење, дознајте како да го препознаете овој проблем.

Како да го познаете?

Експертите предупредуваат дека постојат значителни разлики помеѓу физичкиот глад и емоционалниот, т.е. јадење предизвикано од вистински глад и јадење предизвикано од емоции.

  • Жена што јаде сладоледПрвиот чекор во победата над емоционалното јадење е да знаете како да го познаете. Емоционалниот глад се појавува одеднаш, а физичкиот се „создава“ постепено.
  • Ако страдате од емоционален глад, склони сте да јадете одредени храни како сладолед, чипси, пица и само таа храна ќе ве задоволи. Доколку јадете затоа што навистина сте гладни, ќе размислите и за други опции и ќе вклучите свесно и поздрава храна.
  • Емоционалното јадење не престанува кога вашиот глад е задоволен и продолжувате додека не се прејадете. Ако јадете поради вистински глад, најверојатно ќе престанете да внесувате храна кога ќе почувствувате дека гладот исчезнал.
  • Емоционалниот глад ве принудува да јадете веднаш и тоа храна која ја посакувате. Физичкиот глад ви кажува да преферирате да јадете сега, но не ве принудува тоа да се случи веднаш во тој момент.
  • Емоционалниот глад започнува во истата и во главата. Вашата уста сака да вкуси пица или сладолед, а вашиот ум постојано раѓа мисли за посакуваните храни. Физичкиот глад се појавува во стомакот и се препознава по одредено чувство на празнина, кркорење на цревата и понекогаш дури и по болка.
  • Откако ќе биде „задоволен“ емоционалниот глад, тој предизвикува чувство на вина. Ако јадењето е предизвикано од вистински физички глад, не се појавува чувство на срам или вина од изеденото количество храна.

Како да го победите?

Иако емоционалното јадење е предизвикано од негативни емоции, можете да преземете некои мерки да ја контролирате постојаната потреба за консумирање на големо количество штетна храна. Еве неколку совети.

Жена и салатаКога и да почувствувате желба да грицнете нешто, насочете се кон здрава храна.
  1. Научете како да правите разлика помеѓу физички и емоционален глад. Погоре споменатите разлики ќе ви помогнат да утврдите дали навистина сте гладни или со храната се обидувате да задоволите некои негативни емоции.
  2. Откријте што го предизвикува емоционалниот глад кај вас. Водете дневник што и кога, колку и зошто јадете. Со текот на времето сами ќе можете да утврдите каква е зависноста помеѓу вашето расположение и храната, т.е. кои емоции и ситуации ве принудуваат да посегнете несвесно и неконтролирано по храната.
  3. Ослободете се од искушенијата. Доколку знаете дека страдате од емоционално прејадување, не чувајте на дофат на рака шетни храни како сладолед, чипси, чоколада и сл. Наполнете го фрижидерот со здрава храна, најмногу зеленчуци и овошје.
  4. Задоволете го гладот со здрава храна. Чувајте во вашиот фрижидер моркови или краставица. Кога и да почувствувате желба да грицнете нешто, насочете се кон нив. Најдете храна која што ве задоволува, а не е штетна. Заборавете на сладоледот, чипсите, колачињата, пицата.
  5. Најдете активност што ќе го замени јадењето. Тоа не значи секогаш кога ќе почувствувате глад да го игнорирате. Кога ќе почувствувате емоционален глад и желба да каснете нешто за да ја убиете досадата или осаменоста, тогаш треба да реагирате и да научите како да го избегнете прејадувањето. Заменете го таквиот вид на хранење со прошетка, туширање, чистење или друга активност каде што нема да имате достап до храна.
  6. Не ги прескокнувајте редовните оброци. Не се лажете дека ако успеете да го прескокнете појадокот, ќе внесете помалку калории во текот на денот. Појадокот, како што многупати имаме споменато, е најважниот оброк. Општо познато е дека ако консумирате појадок богат со протеини, ќе внесете помалку калории во останатиот дел на денот, затоа што ќе го избегнете постојаното грицкање и прејадувањето.
  7. Убијте ја здодевноста. Најдете хоби кое што ќе можете да го практикувате секогаш кога ќе ви е досадно. Фитнес салата е добар избор. Можете да гледате завабен филм, да одите на кафе со пријателите или да сурфате на интернет.
  8. Намалете го стресот. Ако стресот придонесува за вашето емоционално јадење, обидете се да го намалите преку јога, медитација или други техники за релаксирање.
  9. Вежбајте. Бидете физички активни. Вежбањето помага во телото да се ослободат ендорфини, кои нè прават да се чувствуваме убаво и ја зголемуваат енергијата. Физичката активност го намалува и стресот.
  10. Спијте доволно. Ако сте уморни, може постојано да каснувате нешто со цел или изговор да добиете повеќе енергија. Наместо да се полните со непотребни калории, поспијте еден час повеќе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.