Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 8 сигурни начини да согорувате повеќе масти

8 сигурни начини да согорувате повеќе масти

Вежбате, внимавате на исхраната и забележувате дека вашето тело започнува да се зацврстува. Но, ве мачи „салцето“ кое од страните ѕирка над фармерките и масните наслаги на стомакот кои ги кријат вашите тонирани мускули.

За жал, топењето на мастите и не е толку едноставно, ниту пак може да се насочи кон точно определени делови од телото (на пример, стомакот, бутовите, надлактицата и сл.). Сепак, постојат одредени стратегии кои можат да ви помогнат побрзо да се ослободите од непријатните меки делови од телото и да ја покажете вашата фигура во полн сјај.

Жена согорува мастиЗа да согорувате повеќе масти, менувајте го интензитетот на кардио вежбите
  1. Разнообразете ја кардио физичката активност. Колку повеќе практикувате конкретна физичка активност, толку телото повеќе се адаптира кон неа и согорува помалку калории. Затоа, изненадувајте го телото. Ако омилена активност ви е трчањето, трчајте спринт 2 минути, потоа џогирајте бавно, па повторно трчајте спринт. Доколку пешачите, пешачете 5 минути, па трчајте бавно 5 минути, па повторно пешачете.
  2. Вежбајте со тегови. Вежбањето со тегови не е само за мажите и е особено препорачливо ако сакате да согорувате масти. Мускулната маса на телото согорува многу пати повеќе калории отколку што тоа го прават масните наслаги. Најдоброто е што мускулите трошат повеќе калории и во мирување, односно кога не сте активни. За да го максимизираат топењето на масти за време на тренинг, жените треба да прават по 12-15 повторувања.
  3. Консумирајте млечни производи. Млечните производи се богати со калциум, а калциумот го потсетува организмот побрзо да го согорува вишокот масти. Истражувањата покажале дека жените кои 3 пати дневно консумираат млечни производи со низок процент на масти согоруваат за 70% повеќе масти во споредба со жените кои не внесуваат доволно млечни производи.
  4. Внесувајте храна богата со витамин Ц. Нутриционистите препорачуваат да се внесува во поголеми количини храна којашто содржи витамин Ц, бидејќи таа побрзо ги топи мастите. Во вашата исхрана редовно вклучувајте:
  5. Пијте чаша зелен чај пред вежбање. Зелениот чај ќе го забрза вашиот метаболизам, па за време на физичката активност заедно со поголемиот број на согорени калории ќе согорите и повеќе масти.
  6. Зачинете ги оброците. Зачинете ја вашата храна со цимет и забрзајте го вашиот метаболизам со феферонче. И во двата случаја ќе го натерате вашиот метаболизам да работи побрзо и да ги согорува масните наслаги кои ни се толку многу одбивни.
  7. Никогаш не гладувајте. Кога гладувате, вашето тело прави сè што е во негова моќ за да преживее и започнува да складира масти за да го преживее „кризниот“ период. Тоа е спротивно на она што сакате да го постигнете. Затоа, не го прескокнувате правилото „Мал оброк на секои 3 часа“.
  8. Кажете ѝ „да“ на медитацијата или друга техника за релаксација. Стресот е еден од најголемите предизвикувачи на масни наслаги на стомакот. Докажано е дека хормоните кои се лачат за време на стрес го зголемуваат апетитот и го поттикнуваат „складирањето“ на масти во областа на стомакот. Пронајдете активност што ве релаксира и кога и да почувствувате дека нервите напаѓаат, одделете си време и искористете ја за да се опуштите.

Најважно од сè е да се стремите кон долгорочен успех. Масните наслаги се тврдоглави и нема да можете да се ослободите од нив толку лесно, но тоа не треба да ве демотивира и да ве натера да се откажете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19750 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.