Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 6 занимливи и секси факти за калориите

6 занимливи и секси факти за калориите

Слабеењето и калориите одат рака под рака. Секој што пробал да слабее се судрил со поимот калории, било да се работи за калории внесени преку храната или калории согорени со физичка активност.

Во продолжение ви претставуваме неколку интересни факти за калориите, кои ќе ви ја разоткријат вистината зад некои популарни митови и ќе ви докажат дека согорувањето на калориите може да биде секси и забавно.

БакнувањеМасажаСексЦелерЖена вежба на справаЖена во зима

1 минута бакнување = 2 согорени калории

Љубовта и страста можат да ви помогнат да го зголемите бројот на согорени калории. Страсното бакнување освен што ќе ви ја врати насмевката на лицето и ќе ве исполни со пријатни емоции, може и да го потпомогне слабеењето.

„За време на вистински страстен бакнеж може да согорувате 2 калории во минута“ – тврди професорот Брајант Стемфорд.

Една петнаесетминутна сесија бакнување ќе ви „потроши“ 30 калории.

Подарете 30-минутна масажа и ќе согорите повеќе од 40 калории

Навистина е пријатно да се опуштите и да добиете релаксирачка масажа од вашиот партнер. Но, кога вие ја подарувате масажата, освен насмеаното лице на саканиот, нека ве стимулира и фактот што ќе согорите дел од вашиот десерт.

За половина час масажа можете да согорите повеќе од 40 калории. Наместо да седите додека ги покажувате вашите масажерски способности, стојте и ќе согорите дополнителни калории.

30 минути секс = 150 согорени калории

Го пропуштивте часот по аеробик? Надоместете со жешка игра меѓу чаршафите.

Колку пострасен секс, толку повеќе согорени калории. Проценето е дека половина час секс може да согори околу 150 калории.

Колку повеќе променети пози, толку поцелосен тренинг за телото. Изберете поза во која вие ќе бидете одгоре и се движите нагоре-надолу и ќе согорите до 200 калории за половина час, а притоа најмногу ќе ги вежбате проблематичните делови – бутовите и задникот.

Оргазмот е дополнителен „согорувач“ на калории. Експертите сметаат дека жените кои доживуваат оргазам трошат повеќе калории за време на сексуалниот однос.

Не постои храна со „негативни“ калории

„Храна со негативни калории“ е концепт кој не треба да се зема здраво за готово, а се базира на тврдењето дека постојат намирници за чие варење телото троши повеќе калории отколку што се содржат во нив. На списокот на храна со негативни калории често можете да ги најдете целерот, аспарагусот, грејпфрутот и зелката. Експертите советуваат да ја заборавиме ваквата идеја.

„Иако џвакањето целер може да изгледа како изморувачка активност, тоа согорува речиси исто толку калории колку и набљудувањето на растењето на тревата“ – тврди д-р Ненси Снајдерман.

Фитнес справите манипулираат со согорените калории

Додека вежбаат на фитнес справите, повеќето луѓе се концентрираат на цифрата на малиот екран, којашто го покажува бројот на согорени калории. Вежбате половина час и бројот на согорени калории ви изгледа премногу оптимистички за да биде реален? Тогаш најверојатно е така.

Истражувањата покажале дека фитнес справите покажуваат во просек за 20% повеќе согорени калории. Најточни се стационарните велосипеди, а најнеточни информации за бројот на согорени калории даваат елиптичните велосипеди.

Бројот на согорени калории во текот на вежбањето зависи од многу фактори, како тежината, возраста, структурата на телото, мускулатурата и сл. Па, ако сакате приближно да пресметате колку калории сте „стопиле“, намалете ја покажаната цифра на справата со 20%.

Зимата ни помага да согоруваме повеќе калории

Може веднаш да кажете: „Не е точно, во зима секогаш се здебелувам“. Вистината е дека повеќето луѓе ја покачуваат својата тежина во зима, но само затоа што стануваат понеактивни.

Во текот на студените зимски дни, метаболизмот се забрзува за да го затопли телото, а тоа во превод значи и повеќе согорени калории дневно.

Останете активни и нема да имате проблем со линијата ниту во зимскиот период. Напротив, студот ќе ви го олесни постигнувањето на привлечна фигура.

Што всушност е калоријата?

Една калорија (симбол: cal) е приближно енергијата потребна за да се зголеми температурата на 1 грам вода за 1°С. Но, бидејќи тоа е премногу мала единица, за претставување на калориите во исхраната и општо во секојдневието скоро секогаш се користи единицата килокалорија (симбол: kcal). Па, поимот калорија најчесто се употребува за всушност да означи килокалорија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.