Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 7 совети за намалување на мастите во телото од личен тренер кој успешно трансформира фигури

7 совети за намалување на мастите во телото од личен тренер кој успешно трансформира фигури

Сакате да ги намалите мастите на телото и да го оформите вашето тело?

Анџули Мек има одлични совети кои ќе ви помогнат правилно да го започнете вашето патување кон посакуваните фитнес цели. Таа и самата знае колку макотрпна работа, конзистентност и издржливост се потребни за да се стигне до изгледот од соништата. Со правилна исхрана и тренинзи, Анџули ослабе 10 килограми и целосно си го трансформираше телото, станувајќи бикини модел.

Анџули Мек Анџули Мек

Сега, таа им помага на жените да станат најдобрата верзија од себеси и да бидат среќни, здрави и силни. Еве ги нејзините совети за забрзување на процесот на намалување на мастите на телото и слабеење.

Анџули МекТрансформација на телото за седум месеци

Совети за да го забрзате намалувањето на мастите на телото

  1. Зголемете ја вашата термогенеза кога не тренирате. Поставете си цел колку чекори треба да правите секој ден и бидете конзистентни. Качувајте се по скали, паркирајте го автомобилот подалеку од работното место или симнете се порано од автобусот, заменете половина час на Netflix за пешачење со сакана личност.
  2. Пијте повеќе вода. Ова е многу потценувано. Нашите тела имаат потреба од вода за обновување, намалување на мастите и одржување на целокупното здравје. Ако забележите дека вашето тело чува повеќе вода или сте подуени, пијте повеќе.
  3. Намалете го стресот. Не можете да очекувате дека ќе слабеете ако нивото на кортизол во вашето тело е високо 24/7.
  4. Спијте 7-9 часа. Спиењето влијае на регулирањето и метаболизмот на неколку хормони – нивоата на хормонот за раст, мелатонинот, кортизолот, лептинот и грелинот. Лептинот е хормон, кој се создава во масните клетки и го намалува вашиот апетит. Грелинот е хормон кој го зголемува апетитот и има голема улога во телесната тежина. Тоа е причината што понекогаш чувствувате повеќе глад по лош сон.
  5. Правете нешто во кое уживате – јога, пилатес, тренинг со тегови, домашен тренинг, КросФит... Структурираните тренинзи и прогресијата се супер важни ако сакате напредок, но на крајот на денот, ако не ги правите... нема да ви помогнат.
  6. Фокусирајте се на внесување на протеини и растителни влакна и бидете флексибилни со мастите и јаглехидратите во рамките на вашиот калориски дефицит.
  7. Престанете да се двоумите и ангажирајте фитнес тренер. Потоа, вистински следете ги советите кои ви ги дава.
Анџули Мек Анџули Мек Анџули Мек

Во јуни минатата година, Анџули објави видео со 10 нешта кои посакува да ги знаела кога го започнала нејзиното слабеење.

  1. Споредувањето со другите нема да ти помогне. „Несреќна бев додека се споредував со другите и сакав да изгледам како некој друг. Она што требаше да го направам е она што го правам сега – се фокусирам да бидам најдобрата верзија од себеси.“
  2. Не треба да се обидувате да имитирате нечиј животен стил. „Не можете да очекувате да го копирате она што го прават другите и да очекувате исти резултати. Ние сме уникатни и имаме потреба од уникатни планови кои се ‘скроени’ за нашите цели, за нашиот тип на тело и за нашите индивидуални преференции. Поентата е да пронајдеш што функционира за тебе и да уживаш правејќи го тоа и да се гледаш себеси како го правиш долгорочно.“
  3. Пазете се од луѓето кои ви продаваат производи за слабеење. „Секогаш ќе има компании кои бараат начин да заработат од тебе. Ќе ти продаваат брзи резултати, чаеви за детоксикација, појаси за половина, секој тип на лоши диети кои можете да ги замислите... Го знам ова зашто сум ги купувала.“
  4. Клучот е во исхраната. „Не можете да ја ‘надработите’ лошата исхрана. Ако сметате дека може да одите во фитнес сала од понеделник до петок, а потоа да јадете сè што ќе посакате во текот на викендот, знајте дека тоа не функционира така. Ако сакате да ослабите, морате да разберете дека единствениот начин да го постигнете тоа е со калориски дефицит“.
  5. Бесцелно е да се обидувате да ги намалите мастите само на одреден дел од телото. „Како жени, мастите кај нас најчесто се наоѓаат на нашиот стомак, колковите и бедрата поради начинот на кој сме создадени. Ако сакате да ги намалите мастите на одреден дел од телото, тогаш треба да бидете конзистентни во исхраната и тренингот. Ако правите 100 стомачни вежби секој ден, може да изградите силно јадро, но нема да ги намалите мастите на стомакот ако немате правилна исхрана.“
  6. Важно е да знаете што правите во фитнес салата. „Кога го започнав моето фитнес патување, не знаев ништо за врската тело-ум. Никогаш не се фокусирав на групата мускули кои ги вежбав, само ги правев движењата. Иако имав добра форма, понекогаш приоритет ми беше тежината која ја кревав наместо да се концентрирам на формата. “
  7. Никој не ве гледа додека вежбате. Во минатото Анџули се срамела да прави чучнувања зашто мислела дека сите ќе гледаат во неа, но набрзо сфатила дека тоа не е точно. „На никого не му е гајле. На крајот на краиштата, сите се фокусирани толку многу на нивните тренинзи или да се гледаат себеси во огледалото што воопшто не им е гајле што правите вие“.
  8. Кардио тренинзите не се најефективниот начин за слабеење, но исто така не се непријатели. „Посакувам некој порано да ми кажеше дека најефективниот начин за да го оформам моето тело е преку исхраната проследена со тренинзи со тегови, проследени со соодветна количина кардио која е добра за целокупното здравје.“ Целта на Мек е да прави по 8.000 чекори дневно.
  9. Престрогите диети само водат до прејадување. „Ограничувањето на храна беше голем проблем за мене и ќе имав многу поголем напредок ако имав баланс.“
  10. Поставувањето на јасни цели е најважно. „Да откриете зошто сакате нешто да постигнете значи да ја пронајдете вашата мотивација кога не ви се сака да правите нешто. Вашата цел треба да биде нешто што ќе ве поттикнува.“

Видео

Еве како изгледа дневно мени на Анџули:

Анџули Мек Анџули Мек Анџули Мек Анџули Мек Анџули Мек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20778 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.