Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 7 помалку познати совети за здраво и трајно слабеење

7 помалку познати совети за здраво и трајно слабеење

Копнеете за совршена фигура на песочен часовник? Обликувајте го вашето тело со помош на методи, тактики и трикови за слабеење кои нема да ве принудат да гладувате, туку ќе влезат во улогата на скулптори на привлечна силуета.

Слабеење
1

Елиминирајте ја желбата за слатко со кисели краставички

Зависни сте од слаткото? Можете да ја намалите желбата за консумирање на слатки торти, чоколадо и колачи ако каснете нешто кисело. Наместо да отворите чоколадо, земете неколку кисели краставички или маслинки.

2

Напијте се шолја црн чај по обилен оброк

Се смета дека пиењето црн чај по обилен калоричен оброк го спречува дебелеењето. Јапонски истражувачи неодамна докажале дека екстракти од црн чај помагаат во спречувањето на дебелеење предизвикано од висококалорична храна.

3

Гответе без сол, а потоа додајте малку одгоре врз храната

Солта е непријател на здравјето и еден од најголемите виновници за зголемување на видливоста на целулитот. Добар трик е да ги готвите зеленчуците и месото без сол, а потоа, пред да започнете да јадете да посолите малку врз храната. Така солта ќе биде одгоре и веднаш ќе ја почувствувате во устата, па нема да паднете во искушение да го пресолите јадењето. Освен тоа, визуелно ќе гледате колку сол ставате и повеќе ќе се контролирате.

4

Пијте утрински „џус“ од мед и лимон

Секое утро во чаша со топла вода ставете една лажица мед и две лажици свежо исцеден сок од лимон. Ваквиот утрински микс ќе го забрза вашиот метаболизам и без многу труд ќе ви помогне да ја зачувате витката линија.

5

Заменете го чипсот со печено сирење

Во моментите кога не можете да престанете да мислите на чипс, а сепак сакате да ја одржите вашата линија, или пак, ако сакате да каснете нешто кое е поздраво од популарните смоки и солени кекси, направете си печено сирење.

Во тава ставете хартија за печење и врз неа наредете 3-4 тенки правоаголни парчиња сирење. Ставете ги во загреана рерна 5-10 минути. Во зависност од сирењето може да добиете или течно стопено или тврдо и потпечено сирење. Ако добиете истопено сирење, излупете си една краставица, исечете ја на ленти и макајте со нив во сирењето.

6

Не гледајте реклами за храна

За време на блокот реклами станете и прошетајте се подалеку од телевизорот. Истражувањата покажале дека и возрасните и децата јадат повеќе меѓу оброците кога гледаат реклами за храна.

7

Носете потесна облека кога излегувате во ресторан

Ако носите припиен фустан или тесна блуза, нема да сакате вашиот стомак да се покаже во својата максимална големина, па повеќе ќе се контролирате во јадењето. Доколку облечете широка туника, поверојатно е дека ќе изедете сè што е пред вас без ниту малку да се воздржувате.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20121 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.