Стрелец (22. XI – 21. XII)
Недела, 09 Март 2025
Денес ќе бидете природна ѕвезда. Нема потреба да глумите нешто што не сте или да се трудите премногу да им се допаднете на луѓето, тоа ќе се случува без воопшто да се трудите. Автентичноста ќе ве издвои од толпата.
Можно е да одите на некое патување или забава каде ќе се сретнете со стари пријатели. Изворот на смеа ќе бидете вие.
Март, 2025
Љубов
Март ќе биде месец на искушенија, флертови што траат цела ноќ, бакнежи што оставаат без здив и љубовни пресврти што ќе ве натераат да се запрашате – дали сте подготвени да се изгубите во љубовта или ќе продолжите да играте на сигурно? Без разлика на изборот, едно е сигурно – љубовта овој месец нема да ве остави рамнодушни.
Љубовта нема да биде тивка, ниту резервирана, туку експлозивна, разиграна и необично заводлива. Венера, планетата на романтиката и уживањето, ќе биде ретроградна во овен од 2 до 27 март, отворајќи ја вратата кон огнени средби, враќање на љубовите од минатото и разгорување на желби што долго време сте ги потиснувале.
Ако сте во врска, ќе почувствувате дека љубовта мора да се оживее со нова сензуалност. Досегашната динамика можеби ви станала предвидлива, но сега копнеете за нешто што ќе ви го забрза срцето и ќе ви ја наежи кожата во позитивна смисла. Ќе забележите дека секојдневните рутини стануваат поле за игра – ќе го искористите секој миг за заведување, било да е тоа случајна насмевка додека партнерот поминува покрај вас или намерно нежно допирање што остава жар зад себе. Но, бидејќи Венера е ретроградна, може да се појават и стари љубовни приказни, носејќи прашање – дали она што го имавте некогаш беше подобро од она што го имате сега?
Ако сте сингл, овој месец ќе ве стави во центарот на љубовните игри. На 3 март, кога Меркур влегува во овен, ќе се најдете во ситуација во која зборовите ќе ви бидат најсилно оружје – секој разговор ќе биде полн со сексуални алузии, суптилни провокации и заводливи двосмислености. Вашиот шарм ќе биде како магнет што привлекува – ќе го привлечете вниманието на оние што се доволно храбри да го издржат вашиот огнен ритам.
Но, внимавајте! Од 15 март, кога Меркур станува ретрограден, вашите зборови може да бидат погрешно разбрани, а љубовните игри да завршат со неочекувани пресврти. Може да се случи да кажете нешто на шега, а да добиете сериозен одговор што ќе ви ги разниша емоциите. Или пак, стара љубов да се врати со предлог што ќе ви ги разбуди најдлабоките копнежи.
На 14 март, полната месечина во девица, придружена со тотална лунарна еклипса, ќе ви донесе љубовна пресвртница. Ќе се појави некој што ќе ви го загрее срцето на необичен начин. Ова нема да биде обичен флерт, туку страсна, електрична привлечност што ќе ве „разниша“. Ако сте во врска, ќе биде момент за одлука – дали да се борите за љубовта што ја имате, или да се препуштите на нешто ново и непредвидливо?
На 20 март Сонцето влегува во овен, активирајќи ја вашата 5-та куќа на романсата и задоволствата. Ова е време кога љубовта ќе стане разиграна, слатко ризична и исполнета со ноќи што не завршуваат. Ќе посакувате да бидете освоени со стил, но и самите ќе бидете фатални заводнички што покоруваат со самодоверба. Вашиот допир ќе остава трага, а секој бакнеж ќе зборува повеќе од сите зборови што сте ги изговориле претходно.
На 27 март Венера со ретроградно движење влегува во риби, внесувајќи носталгични тонови во вашите љубовни приказни. Ќе размислувате за љубов што некогаш ве разгорела до коските. Дали ја пропуштивте вистинската личност, или пак, дали можеби она што го барате веќе сте го имале? Ова е момент кога може да добиете порака или повик што ќе ве врати во времето кога сте се чувствувале најпосакувани.
На 29 март младата месечина во овен, заедно со делумната соларна еклипса, ќе донесе љубовен пресврт – судбинска средба, неочекуван бакнеж, признание што ќе ви го смени животот. Љубовта нема да биде тивка, ќе влезе како бура што ги руши сите ваши претходни замисли за тоа што сакате и кого сакате.
На 30 март Нептун влегува во овен, носејќи со себе љубовни илузии, страстни фантазии и копнеж за нешто што е надвор од обичното. Ќе сакате љубов што ќе ве однесе во друг универзум, што ќе ви ја допре душата, а не само телото. Ќе барате магија, не само привлечност, и ќе почувствувате дека љубовта треба да биде нешто многу поголемо од она што сте го искусиле досега.
Пари и работа
Март ќе биде динамичен месец за вашите финансии и професионалниот живот. Со Сонцето во вашата 4-та куќа на домот до 20 март, можно е да размислувате за инвестиции во недвижнини или промени поврзани со вашето место на живеење.
Престојот на Меркур во овен од 3 март ќе ви донесе нови идеи за заработка, но неговото ретроградно движење од 15 март ќе бара внимателност при потпишување на договори и финансиски одлуки.
Полната месечина во девица на 14 март ќе донесе важни откритија во вашата кариера. Можно е да завршите значаен проект или да добиете признание за вашиот труд.
Сонцето во овен од 20 март ќе ве мотивира да бидете похрабри во вашите амбиции. Ќе почувствувате дека е време за раст и проширување.
На 29 март младата месечина во овен може да означи почеток на нов професионален проект или промена во кариерата што долго време ја посакувате.
Со влегувањето на Нептун во овен на 30 март, ќе започне период кога вашите креативни идеи може да ви донесат мошне профитабилни финансиски можности.
Здравје
Во март здравјето ќе ви биде под влијание на енергичната „овенска“ сезона. Ретроградната Венера може да ве натера да размислувате за начини како да внесете повеќе радост и релаксација во вашиот живот.
Меркур ретрограден од 15 март може да донесе ментален замор, па затоа е важно да најдете начини да го намалите стресот.
Полната месечина во девица на 14 март ќе ви помогне да сфатите кои здравствени навики треба да ги промените за подобро чувство на баланс.
Сонцето во овен од 20 март ќе ве поттикнува да бидете физички поактивни. Ова е совршено време за нов спортски предизвик.
2025 година
Љубов
2025 година носи љубовни искушенија, возбудливи авантури и експлозивни страсни моменти за стрелците. Едноставно е – вашето срце ќе биде отворено за нови искуства. Ова е година кога љубовта ќе ве поведе на патување исполнето со страст, романтични игри и неочекувани пресврти. Ќе почувствувате дека љубовниот живот добива нова димензија, исполнета со емоции кои го скокоткаат срцето и авантуристички дух.
На почетокот на годината, поконкретно на 3 јануари, Венера во риби ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот и семејството до 4 февруари. Љубовта ќе биде поврзана со интимни моменти и создавање на хармонија зад затворени врати. Можно е токму за време на празничната сезона да се израдувате на предлог за брак, вест за бременост или разговори за преселување или потомство. Сингл сте? Венера ќе ве поврзе со некој кој е посветен на фамилијата и ги гледа блиските како роса на дланка.
На 4 февруари Венера преминува во овен, вашата 5-та куќа на романтиката и страста. Љубовниот живот ќе добие огнена енергија и ќе биде исполнет со возбуда и неочекувани авантури. Стрелците кои се во врска ќе ја оживеат искрата со страсни допири и романтични изненадувања, додека слободните стрелци ќе се најдат во ситуации исполнети со флерт и заемна привлечност.
Младата месечина во Водолија на 29 јануари ќе настапи во вашата 3-та куќа на комуникацијата. Љубовта ќе се изразува преку зборови – искрени пораки, љубовни писма и долги разговори. Ова е идеално време за запознавање нови луѓе преку заеднички интереси или патувања.
Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ви донесе шанса да се вратите на стари љубовни приказни. Ова е време за размислување за тоа што навистина ви е важно во љубовта. Веројатно ќе се појави поранешен партнер да ве искушува или ќе почувствувате желба за финално затворање на нерешени љубовни прашања.
Соларната еклипса во овен на 29 март ќе донесе пресврт во вашиот љубовен живот. За паровите, ова е ден за важни одлуки како свршувачка, заедничко живеење или планирање на деца. За слободните стрелци, ова е период кога може да се појави љубов која ќе ги изненади со интензитетот.
На 18 април Марс ќе премине во лав, вашата 9-та куќа на патувањата. Ова движење ќе донесе романтични авантури на егзотични локации. Ако сте во врска, патувањата ќе го разбудат вашиот љубовен дух, додека слободните стрелци ќе имаат шанса да запознаат личност која ги инспирира во сите сфери на животот.
Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја осветли вашата 12-та куќа на интроспекцијата. Ова е период на длабоки емоции и размислување за љубовта. Ќе се чувствувате подготвени да го оставите минатото зад себе и да направите простор за нови, повозбудливи врски.
На 4 јули Венера ќе влезе во близнаци, носејќи леснотија и забава во љубовта. Ќе чувствувате потреба да експериментирате и да внесете новини во врската. За слободните стрелци, ова е време на бројни можности за љубовни средби преку патувања или друштвени настани.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ја осветлува вашата 10-та куќа на кариерата. Постои голема шанса да запознаете личност преку вашите професионални активности или неочекувано да откриете романса со колега. Паровите ќе најдат баланс помеѓу личните и професионалните аспекти, создавајќи хармонија во односите.
Венера во стрелец на 30 ноември ќе ја активира вашата 1-ва куќа на личноста, носејќи харизма и магнетизам. Ќе бидете центар на вниманието, а љубовниот живот ќе блесне со нова енергија. За паровите, ова е време за повторно откривање на љубовта, додека слободните стрелци ќе имаат шанса за нови врски со огномет од страст. Венера во вашата 1-ва куќа ќе продолжи да носи магнетска привлечност и радост.
Ќе ја завршите 2025 година подготвени за нови љубовни поглавја.
Пари и кариера
Во 2025 година ќе ви се отвораат врати за унапредувања, нови позиции и профитабилни вложувања. Ѕвездите носат финансиска стабилност и можности за брзи пари, но и шанса за долгорочен успех преку паметно планирање и иницијатива.
На почетокот на годината, ретроградниот Марс во рак ќе ја активира вашата 8-ма куќа на заедничките ресурси и инвестициите. Во периодот од 6 јануари до 24 февруари ќе размислувате за ревизија на вашите финансиски стратегии и долгогодишни вложувања. Ако имате партнерски проекти или заеднички финансии со други лица, ќе биде важно да направите корекции кои носат стабилност. Постои можност за враќање на стар долг или профит од претходни вложувања.
Со Јупитер кој преминува во директно движење во близнаци на 4 февруари, вашата 7-ма куќа на партнерствата добива нова енергија. Ова е период за профитабилни деловни партнерства и договори. Ќе почувствувате дека работата со други луѓе носи поголем успех од индивидуалните напори. Оние што бараат нови работни позиции ќе добијат одлични понуди, особено во области кои вклучуваат комуникација, маркетинг или меѓународни соработки.
Соларната еклипса во овен на 29 март ќе ја активира вашата 5-та куќа на креативноста и иновациите. Ова движење ќе донесе нови и профитабилни проекти кои можат да го трансформираат вашиот професионален живот. Ако сте размислувале за започнување сопствен бизнис или за преземање на лидерска улога, ова е идеално време за тоа. Вашата креативност и амбиција ќе бидат наградени со зголемен приход.
На 30 април Венера влегува во овен, дополнително нагласувајќи ја вашата 5-та куќа. Ова движење носи можности за брза заработка преку иновативни проекти. Ако работите во уметноста, технологијата или маркетингот, вашиот труд ќе биде препознаен и награден. Може да очекувате бонуси или финансиски награди за успешно завршени проекти.
Со влегувањето на Марс во лав на 18 април, ќе дојде до израз вашата 9-та куќа на експанзијата. Ова е време кога ќе се појават можности за заработка преку меѓународни соработки, патувања или едукација. Ако сте размислувале за дополнителна обука, овој период ќе ви помогне да го проширите вашиот професионален профил и да привлечете повисоко платени позиции.
На 9 јуни Јупитер влегува во рак и ја активира вашата 8-ма куќа на заедничките ресурси. Ова движење носи можности за финансиски добивки од недвижности, наследства или заеднички вложувања. Ако сте размислувале за купување или продажба на имот, ова е време кога ќе најдете профитабилни услови. Вашата финансиска состојба ќе добие значителен стимул.
На 31 јули Венера влегува во рак, носејќи стабилност и хармонија во вашите финансии. Ќе бидете мотивирани да вложите во сигурни проекти кои носат долгорочна добивка. Постои шанса за дополнителна заработка преку партнерски вложувања или деловни соработки.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ја активира вашата 10-та куќа на кариерата. Ова е време на големи промени и можности за напредок. Оние што бараат унапредување ќе бидат препознаени за нивните напори и може да добијат нова позиција која носи значителна заработка. Ако сте размислувале за промена на кариерата, ова е одличен момент за тоа.
Полната месечина во бик на 5 ноември ќе ја активира вашата 6-та куќа на рутините. Ова е момент за завршување на важни проекти и добивање на награди за вашиот труд. Ќе станете поорганизирани и подетално ќе го планирате секој деловен потег.
На 30 ноември Венера влегува во вашиот знак. Ќе зрачите со самодоверба и ќе привлекувате нови можности за заработка. Вашата харизма и професионализам ќе бидат препознаени, што ќе доведе до нови деловни партнерства и зголемени приходи.
Марс со влегувањето во јарец на 15 декември ќе ја акцентира вашата 2-ра куќа на парите. Ова движење ќе ве мотивира да се фокусирате на зголемување на вашите приходи. Ќе бидете подготвени да работите напорно за да ги постигнете вашите финансиски цели. Постои можност за добивање бонуси или зголемување на платата.
Кон крајот на годината, ќе се почувствувате задоволни со вашите достигнувања и подготвени за нови предизвици во 2026-та.
Здравје
2025 година носи моменти на зголемена енергија, но и потреба за одмор и превентивна грижа.
Од 6 јануари до 24 февруари ретроградниот Марс во рак ќе ве поттикне да се фокусирате на одмор и грижа за емоциите. Ова е време за прочистување на умот и ослободување од стресот преку медитација или релаксациски активности како пливање или пешачење во природа.
Младата месечина во водолија на 29 јануари ќе внесе свежа енергија во вашиот живот, мотивирајќи ве да започнете нови активности кои комбинираат физичка активност и ментална релаксација, како јога или танц.
Соларната еклипса во овен на 29 март ќе отвори можности за воведување здрави промени. Ова е одлично време за нови фитнес програми или исхрана која ќе ве исполни со енергија. Вашата мотивација ќе биде висока, а резултатите ќе бидат видливи брзо.
Со Марс кој влегува во лав на 18 април, вашата виталност ќе се зголеми. Ова е идеално време за активности на отворено и спортови кои ја стимулираат вашата енергија. Ќе почувствувате како вашето тело и ум се синхронизираат, носејќи ви нови бранови сила и подготвеност за предизвици.
Јупитер, кој на 9 јуни влегува во рак, дополнително ќе ја нагласи важноста на вашето емоционално здравје. Овој транзит ќе ве поттикне да истражувате холистички методи за подобрување на целокупното здравје. Акупунктура, ароматерапија или други алтернативни терапии може да бидат токму она што ви е потребно за воспоставување на комплетна рамнотежа. Во летните месеци, ќе бидете инспирирани за активности што комбинираат забава и физичка кондиција. Патувањата и авантурите ќе ја поттикнат вашата ментална свежина и ќе ви донесат радост.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ве охрабри да воведете ред во вашите здравствени навики. Ќе почувствувате потреба за ригорозен распоред, редовни оброци и доволен сон. Ова е идеален период за редовни медицински прегледи и воведување нови здравствени рутини кои ќе ви помогнат да останете стабилни и енергични.
На 30 ноември Венера влегува во вашиот знак, носејќи харизма и виталност. Ова ќе биде време кога ќе се чувствувате најдобро во својата кожа, а вашиот ентузијазам за животот ќе биде заразен.
Марс во јарец од 15 декември ќе ви донесе дисциплинираност и фокусираност, особено кога станува збор за вашето физичко здравје. Ќе бидете подготвени да преземете долгорочни чекори за да го зајакнете телото.
Ќе ја завршите годината со чувство на благодарност за постигнатото.
Општи карактеристики за стрелец
Ведрите стрелци се управувани од Јупитер - најголемата планета од сончевиот систем. Во древната римска митологија, Јупитер е водич на Боговите. Јупитер е „веселата“ планета полна со енергија и доверба. Многу често стрелците ги примаат карактеристиките на Јупитер.
Ако вашиот хороскопски знак е стрелец, вие имате слободен дух, оптимисти сте, секогаш отворени за нови идеи и амбициозни. Вашата најголема цел е да ја откриете смислата на животот и многу често ја барате во филозофијата и религијата. Мудри сте и не сакате да следите точно определени цели, планирани со време. Сакате да бидете слободни за да може да го правите она што го сакате без никакви ограничувања. Независни сте, но многу често сте агресивни и импулсивни. Понекогаш таа ваша желба за слобода ве прави егоисти.
Стрелецот е спротивен знак на близнаци. На близнаците им се допаѓа да научат различни работи наеднаш, додека вие како стрелец преферирате да навлезете длабоко во темата која сте ја избрале. Карактеристичен за вас е големиот оптимизам, а вашата вера дека секогаш е добро да се направи чекор напред ви дава можност да напредувате. Тоа пак од своја страна понекогаш ве прави и пребрзани и невнимателни.
Вие сте најсреќни во широко отворени пространства, каде што има многу авантури и возбуда. Обожавате патувања и духовни учења - еден друг вид патувања, смели сте и во авантуристички дух. Секогаш кога раскажувате за тие ваши авантури малку преувеличувате, но тоа е со цел да ги забавувате вашите пријатели.
Секогаш се стремите да исполнете некаква огромна цел. Дури и кога нема да успеете не останувате на дното, а од тоа извлекувате некаква животна лекција и секогаш ги инспирирате другите со приказни за вашето искуство. Знаете да ја предавате својата енергија и знаење на луѓето околу вас и тоа ве прави добри учители.
Во слободното време сакате да се занимавате со спортски активности и ги сакате предизвиците, особено интелектуалните. Стрелецот управува со бедрата и нозете и поради тоа вие веројатно многу често страдате од болки во нозете.
Во љубовните односи вие сте авантуристи и не сте пример за верност. Многу тешко правите компромиси и имате потреба од комплименти. Искрени сте, меѓутоа вашата искреност не е секогаш добра. Многу често со тоа ги повредувате чувствата на другите. Имате милиони проекти, хобија и пријатели. Колку повеќе, толку повесело. Иако сте секогаш возбудени кога имате нов проект или пријателство, не секогаш го завршувате она што сте го започнале.
Симбол:
Стрелец
Симболизира:
Долги авантури, филозофија, закони, религија, трговија со други држави, живот на отворено, физички вежби, јавање, голема брзина, мудрост, независност.
Елемент:
Оган
Планета:
Јупитер – планетата на среќата и експанзијата.
Ден од седмицата:
Четврток
Боја:
Сина
Број:
1, 3 и 4.
Скапоцени камења:
Топаз, сафир, аметист.
Најдобри професии:
Учители, истражувачи, спортисти, новинари, пилоти, стјуардеси, адвокати, патнички агенти, туроператори, дипломати, теолози, свештеници, преведувачи, трговски претставници.
За да се спријателите со нив:
Придружете им се во авантурите! Во спротивно ќе бидете игнорирани.
Дел од телото:
Бедро, црн дроб.
Добри карактеристики:
Чесни, фер, оптимисти, ентузијасти, посветени, љубители на авантурите, весели, независни, сакаат слобода, идеалисти, горди, љубители на спортот, сакаат да се движат, љубезни.
Лоши карактеристики:
Склони да спорат и да ги поучуваат другите, неразумни, нетактични, премногу самоуверени, преувеличуваат, екстремисти, невнимателни, неодговорни, егоисти, радикални.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Силни нозе, очи кои се смеат, комична физиономија.
Омилени работи:
Смели работи, флертување, миленичиња, поп музика, меѓународни патувања, смеа, караоке, книги, приказни кои инспирираат.
Работи кои ги мразат:
Предрасуди, рутини, правила, досада, зборовите „не можам“, сериозност.
Можете да ги најдете:
Како организираат шоу за таленти; како кажуваат несоодветни шеги на состанок; патувајќи низ Јужна Америка.
Скриена желба:
Да ги создаваат правилата!