Лав (23. VII – 22. VIII)

Вторник, 15 Април 2025

Не, срцето денес нема да ви трепери поради втората шолја кафе, туку поради една специјална личност која ќе ви го мами погледот. Денес ќе се разбуди нежна, но моќна енергија во вашето љубовно поле, па нема да можете да скриете дека сте вљубени.

Веќе имате партнер? Ноќта е како создадена за интимни разговори под ќебе. Шепнете му на партнерот на увце колку го сакате и гледајте како страста се разлева околу вас.

Април, 2025

Љубов

Подгответе се за спектакуларен месец, драги лавови! Ова е ваше време да блеснете, да преземете иницијатива и да го освоите светот.

Љубовта на почетокот на април може да биде испреплетена со длабоки емоции и прашања за интимност и доверба. Ретроградниот Меркур (до 7 април) и ретроградната Венера (до 13 април) ќе се движат низ вашата 8-ма куќа. Ова може да донесе недоразбирања околу заедничките финансии со партнерот или да изнесе на површина стари прашања за љубомора, контрола или ранливост.

Овој ретрограден период е можност да нурнете длабоко во психолошките аспекти на вашите врски. Дали постојат скриени стравови или нерешени прашања кои влијаат на вашата способност да бидете интимни? Наместо да избегнувате, соочете се со овие сенки. Разговорите можат да бидат тешки, но и исцелувачки, особено откако Меркур ќе премине во директно движење на 7 април.

Венера преминува во директно движење на 13 април во вашата 8-ма куќа на интимноста. Вашите љубовни односи може да добијат длабочина и емоционална интензивност – ќе сакате да нурнете под површината, да се споите со некого, не само телесно туку и духовно. Ова е време за интимност со вистинска хемија и мистична димензија.

На 16 април, кога Меркур ќе влезе во вашата 9-та куќа на патувањата и авантурите, љубовта ќе добие страстен, огнен и експанзивен карактер. Можеби ќе се впуштите во романса со некој кој е од друга култура, или едноставно ќе почувствувате дека љубовта не знае за граници. Секој флерт може да се претвори во искра што тешко се гасне.

На 18 април Марс влегува во вашиот знак и ве буди од љубовна хибернација. Вашиот магнетизам ќе биде толку силен што е речиси неможно некој да ви се спротивстави.

Ако сте сингл, подгответе се – сцената е поставена, а универзумот ве претвора во главен актер во љубовна романса со дози на мистерија. Ќе се појавуваат непознати лица што ве гледаат како предизвик, стари познаници кои се враќаат со „што ако“ во очите и нови познанства со потенцијал за филмска авантура. Вашата прва куќа, каде што транзитира Марс, ве прави неодоливи, секси и доминантни. Флертот е игра што ја владеете до совршенство, но овој пат има шанси да стане нешто многу повеќе.

Сонцето на 19 април влегува во бик и ќе ја осветлува вашата 10-та куќа на јавниот имиџ. Вашиот шарм станува јавно видлив. Некој со кого сте поврзани на професионален план може да ве гледа со восхит која преминува во романтични води. Љубовта и кариерата може да се испреплетат во заводлив танц.

Младата месечина на 27 април нуди нова љубовна почва. Сингл лавовите може да се најдат во ситуација во која ќе добијат романтично признание или покана за љубовен состанок, или пак ќе се најдат на деловна средба што ќе добие сосема неочекуван пресврт. Ако сте во врска, ова е време кога врската може да стане посериозна преку предлог за заеднички живот, запросување или разговори за потомство.

На 30 април Венера влегува во вашата 9-та куќа, носејќи флертувачки и авантуристички љубовни вибрации. Патување, екскурзија или дури и ноќна прошетка може да бидат „сцената“ за магично запознавање. Љубовта добива филмска атмосфера.

Овој месец ве охрабрува да си ја вратите доминацијата на љубовниот терен. Ќе ви се восхитуваат, ќе ве посакуваат и ќе се трудат да ви го освојат срцето – но само вие ќе одлучите кого ќе пуштите блиску. Со толку силни енергии во ваша полза, искрата е загарантирана, а огнот – неизбежен.

Пари и работа

Април започнува со еден тивок, но важен чекор. Имено, на 7 април Меркур преминува во директно движење во риби, активирајќи ја вашата 8-ма куќа на заедничките финансии, даноците, кредитите и долговите. Ова е момент кога се одврзуваат административни или банкарски блокади. Ако сте чекале одобрување на заем, исплата од инвестиција или поделба на имот, токму сега може да добиете добри вести. Исто така, можен е неочекуван поврат на стар долг, или пак, да добиете шанса да отплатите заем што ве мачел подолго време.

На 13 април полната месечина во вага ќе го осветли вашиот сектор на комуникацијата. Можно е токму околу оваа дата да потпишете важен договор, да започнете нов проект со блиски соработници, или пак да се вклучите во сфери како маркетинг, медиуми или јавни настапи. Некој од вашето минато можно е повторно да се појави со деловна понуда или соработка што сега има многу повеќе потенцијал отколку претходно. Ова е поволен момент и за почеток на онлајн бизнис или локална иницијатива која ќе ви донесе брза добивка.

Истовремено, на 13 април, Венера конечно преминува во директно движење, па ова е знак дека можно е да пристигне бонус, подарок, наследство или исплата од осигурување. Некои од лавовите ќе добијат финансиска помош од партнер или семејство. За оние кои работат во индустрии поврзани со уметност, мода, естетика или психологија – ова е момент кога креативноста почнува да носи реален профит.

На 16 април Меркур влегува во овен и ја активира вашата 9-та куќа на високото образование, контактите со странство и правните прашања. Ако се обидувате да се вработите во странска компанија, да поднесете документи за едукација, или да добиете виза за патување или преселба, ова е моментот кога сè ќе се движи во ваша корист.

На 18 април Марс ќе премине во вашиот знак. Вие ќе станете лидер, иницијатор, оној што не чека, туку што создава. Овој транзит е одличен за оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис, да аплицираат за повисока позиција или да бидат установени како авторитет во својата област. Можно е токму сега да добиете понуда за ново вработување или да бидете назначени за шеф на тим, проект или сектор.

На 19 април Сонцето влегува во бик, вашата 10-та куќа на кариерата и јавниот имиџ. Ова е време кога вашите професионални амбиции добиваат поддршка. Ќе бидете забележани од важни луѓе, можеби и од личности со авторитет кои ќе понудат менторство или можност за напредување. Многу лавови ќе добијат јавна пофалба, награда или признание за својата работа. Не се изненадувајте ако токму околу оваа дата добиете покана за интервју или медиумски настап.

Младата месечина на 27 април во истата 10-та куќа симболизира почеток на нова фаза во вашата кариера. Некои лавови ќе започнат нова работа, други ќе започнат проект што ќе се реализира во следните шест месеци. Поставете си амбициозни цели. Ако работите на нешто свое, ова е совршен момент за лансирање, објавување или промоција.

На 30 април Венера влегува во овен. Ако вашата работа вклучува патувања, учење, предавање или уметност – ова е време за успеси. Можен е и профит од публикации, курсеви или соработка со странство. Од финансиска гледна точка, можно е да добиете понуда која вклучува деловно патување или работа на дистанца, што ќе ви отвори нови перспективи.

Здравје

Вашата физичка енергија може да варира на почетокот на април. Додека Сонцето ве поттикнува на активност и авантура, ретроградните Меркур и Венера може да донесат емоционална тежина или потреба за длабока работа на себе, што може да биде исцрпувачко.

Почетокот на месецот е добар период за детоксикација, како на физичко, така и на емоционално ниво. Ослободете се од старите токсини, било да се тоа лоши навики во исхраната или негативни емоционални багажи. Внимавајте на репродуктивното здравје.

Вистинскиот енергетски бум доаѓа на 18 април, кога Марс влегува во вашиот знак! Ова значи огромен наплив на физичка сила, виталност и мотивација. Ќе имате енергија за секакви активности. Започнете нов фитнес режим или да се занимавате со спорт. Бидете лидер и во грижата за себе.

Обрнете повеќе внимание на грбот и срцето додека Марс е во вашиот знак (до 17 јуни). Кардио вежбите се одлични, но не претерувајте. Зајакнете го грбот со соодветни вежби за да избегнете повреди. Слушајте го вашето тело.

Меркур во овен (од 16 април) и Венера во овен (од 30 април) во вашата 9-та куќа ве поттикнуваат на физичка активност на отворено или преку патување. Планинарење, возење велосипед или истражување на нови места... спојте ја грижата за себе со вашата авантуристичка природа и резултатите нема да изостанат.

2025 година

Љубов

2025-та ќе биде година на страст, длабоки емоции и незаборавни љубовни моменти. Под влијанието на Венера, Марс и Јупитер, вашиот љубовен живот ќе биде како сцена од романтичен филм – полн со интензитет, романтика и авантури. Подгответе се за љубов која ќе ве трогне до длабочините на срцето, а можеби и ќе ви го промени потполно животот.

На почетокот на годината, Венера ќе танцува низ риби од 3 јануари и ќе ја активира вашата 8-ма куќа на интимноста и трансформацијата. Периодот од 3 јануари до 4 февруари ќе биде исполнет со мистерија и сензуалност. Ако сте во врска, вашата интимност ќе се продлабочи, а секој допир и бакнеж ќе кажуваат многу за вашата посветеност да го одржувате љубовниот оган. Сингл сте? Ова е период кога брзо ќе за вљубувате и импулсивно ќе реагирате на флертувачките сигнали од вашите обожаватели.

На 4 февруари, Венера влегува во овен, осветлувајќи ја вашата 9-та куќа на авантурите. Љубовта станува поле за откривање нови светови. Ако сте во врска, ова е време за патувања што ќе внесат освежување во односите. Замислете долги прошетки низ непознати улици, уживање во прекрасни зајдисонца и моменти како од фантазиите... сето тоа може да биде дел од вашиот живот. Слободните лавови ќе привлечат лице со нетрадиционални гледишта на животот, а секоја средба ќе им биде исполнета со треперење од возбуда.

Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ве врати во минатото, поттикнувајќи ве да размислувате за стари љубови. Можеби ќе се појави некој од вашето минато, разгорувајќи ги спомените и страста што некогаш сте ја споделувале. Ова е време за интензивни разговори, долги средби очи в очи и моменти кои можат да го оживеат она што сте мислеле дека е изгубено.

Соларната еклипса на 29 март во овен предвидува нови почетоци во љубовта. Вашата 9-та куќа ќе блесне, носејќи ви храброст да го следите срцето и да ги изразите вистинските чувства. За паровите, ова ќе биде ден за кроење на нови заеднички планови, а за слободните лавови, љубовта може да дојде оддалеку, преку неочекувана средба или патување.

Од 18 април по влегувањето на Марс во лав, љубовниот живот ќе биде исполнет со страст и сексуална енергија. Ќе зрачите со харизма, а вашиот партнер ќе биде маѓепсан од вашата сила и самодоверба. Ова е време за страсни бакнежи, долги романтични ноќи и моменти на уживање кои ќе ги стимулираат сите ваши сетила.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот и семејството, носејќи топлина и интимност. Ова е идеален период за создавање на романтична атмосфера дома со свеќи, сензуална музика и кулинарски специјалитети. За лавовите со статус сингл, ова е ден кога на своја кожа ќе почувствуваат дека љубовта може да се појави на најнеочекуваните места.

Од 25 август до 19 септември Венера ќе престојува во вашиот знак и ќе ве поттикне да се фокусирате на себе и на тоа како љубовта ви носи радост и задоволство. Ќе сакате да ги преиспитате вашите потреби и желби, додека ја разгорувате вашата внатрешна искра. Неспорно е дека ќе привлекувате со бомбастична енергија и заводливост на која никој не може да одолее. Ако сте во врска, ова е време за повторно поврзување и внесување на нова енергија во вашиот однос со саканиот.

Движењето на Марс низ стрелец од 4 ноември ќе донесе авантуристички дух и страст во вашиот љубовен живот, активирајќи ја вашата 5-та куќа на романтиката, забавата и креативноста. Љубовта ќе биде полна со возбуда и огнена енергија, а вашето срце ќе трепери со секој нов момент на страст. Ако сте во врска, ќе почувствувате потреба да го освежите односот со партнерот преку нови заеднички активности – од романтични патувања до неочекувани гестови. Бакнежите ќе бидат топли и исполнети со страст, секој допир ќе го буди огнот меѓу вас, а еротската хемија ќе достигнува кулминација.

Марс во стрелец ќе остане до 15 декември и ќе ја зголеми вашата желба за експериментирање во љубовта. Лавовите со статус сингл ќе се чувствуваат како магнет за додворувачи – ќе привлекувате личности со кои споделувате слична страст за животот и љубовта. Вашите разговори со нови познаници ќе бидат исполнети со флерт, хумор и атракција, што ќе доведе до романтични моменти исполнети со адреналин. Секој бакнеж со нова личност ќе биде како ветување за незаборавна авантура, а секој поглед ќе ве носи кон нови возбуди.

Крајот на годината ќе биде исполнет со љубовна еуфорија. Откако на 30 ноември Венера ќе премине во стрелец, вашата 5-та куќа на флертот, страста и романтиката, љубовта ќе добие игрива и авантуристичка енергија. Замислете си вечери на свеќи, моменти на непрекината смеа и интензивна блискост кои неминовно ќе водат до зацврстување на врската. Секој бакнеж ќе биде како прв – исполнет со страст и треперење.

2025 година ќе биде незаборавна за лавовите кога е во прашање љубовта. Страста, авантурите и длабоките емоции ќе ви бидат водечки теми. Подгответе се за љубов која го опфаќа целиот спектар – од романтични бакнежи до страсни ноќи, од нежност до силна, трансформативна енергија која ќе го обликува вашиот живот. Ќе ја финиширате годината со срце исполнето со љубов која ќе трае и трае и трае.

Пари и кариера

2025-та ќе биде година на деловни блесоци и успеси за лавовите во полето на кариерата и финансиската стабилност. Ќе имате можности да ги покажете вашите лидерски способности, да ги зголемите приходите и да го унапредите вашиот статус и во компанијата во која работите и во општеството. Ѕвездите ве поттикнуваат да бидете амбициозни и да го следите вашиот инстинкт за успех.

На почетокот на годината, ретроградниот Марс во рак од 6 јануари ќе ја активира вашата 12-та куќа на подготовките. Ова ќе биде време за работа зад сцената, завршување на недовршените проекти и поставување долгорочни цели. Иако периодот до 24 февруари може да изгледа тивок, ќе поставите темели за идни успеси. Избегнувајте импулсивни одлуки и фокусирајте се на деталите.

На 4 февруари, Јупитер ќе премине во директно движење во близнаци, акцентирајќи ја вашата 11-та куќа на тимската работа и бизнис мрежите. Ќе имате можности за проширување на контактите, вклучување во нови проекти и зајакнување на вашето влијание во професионалниот свет. Лавовите што бараат работа може да најдат идеално работно место преку познаници. Вашата способност за преговарање ќе ви донесе поволни договори и нови извори на приход.

Соларната еклипса во овен на 29 март ќе ја активира вашата 9-та куќа на визиите и експанзијата. Ова е ден за нови почетоци во кариерата – можеби ќе добиете можност за работа во странство, ќе се запишете на курс кој ќе го унапреди вашиот професионален профил или ќе започнете проект што ќе донесе значителни финансиски придобивки. Ќе бидете инспирирани да ризикувате и да преземете иницијатива за нешто што долго време го посакувате.

На 18 април Марс влегува во вашиот знак. Во периодот до 17 јуни ќе зрачите со харизма и самодоверба, што ќе ви помогне да го освоите вниманието на претпоставените и клиентите. Ќе бидете подготвени да ги покажете вашите способности и да го барате она што го заслужувате. Ова е идеално време за преговарање за покачување на платата или започнување нов бизнис.

Јупитер кој влегува во рак на 9 јуни ќе донесе чувство на сигурност и стабилност во вашиот финансиски живот. Ова движење на планетата на богатството и среќата ќе ве поттикне да се фокусирате на долгорочни инвестиции и да размислувате стратешки за вашите приходи. Ќе почувствувате зголемен прилив на пари преку стабилни извори, но ќе бидете инспирирани и да вложите во проекти што носат траен успех.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот и стабилноста. Ова е време за завршување на големи финансиски трансакции, како купување или продажба на имот. Ќе почувствувате дека вашите напори конечно носат плод, а стабилноста што ја создавате ќе биде темел за иднината.

На 21 септември соларната еклипса во девица ќе ја осветли вашата 2-ра куќа на парите и ресурсите. Ова е период кога ќе се отвораат можности за зголемување на приходите. Можеби ќе добиете покачување, бонус или нова деловна понуда која значително ќе го подобри вашиот финансиски статус.

Со Венера во стрелец од 30 ноември, вашата 5-та куќа на креативноста ќе донесе можности за заработка преку проекти што го истакнуваат вашиот талент и страст. Ако работата ви е поврзана со уметност, забава или маркетинг, ќе добиете признание и финансиска награда за вашите напори. Ќе се чувствувате исполнето, бидејќи вашата креативност конечно ќе носи материјални резултати.

Ќе завршите 2025 година со јасна слика за тоа што сте постигнале и со планови за следниот голем успех.

Здравје

2025-та ќе биде година на воспоставување на баланс за вас, драги лавови.

На 6 јануари ретроградниот Марс во рак ја активира вашата 12-та куќа на интроспекцијата и одморот. Ќе почувствувате потреба да забавите и да се фокусирате на релаксација. Ова е одлично време за воведување медитација, јога или други методи за намалување на стресот. Ќе се ослободите од емоционалниот товар и ќе создадете ментална бистрина.

Откако на 18 април Марс ќе влезе во вашиот знак, ќе добиете силен поттик за практикување на редовна физичка активност. Ќе бидете полни со животна сила, што ќе ве инспирира да му се вратите на спортот или да започнете нов фитнес режим. Вашето тело ќе реагира позитивно на секоја активност што ќе ја преземете, па ова е одличен момент да ја зајакнете вашата физичка форма.

Јупитер во рак од 9 јуни ќе донесе можности за емоционално исцелување. Ќе ги истражувате длабоките емоции што сте ги потиснувале. Ова ќе биде период за лечење на стари рани и за воведување на рутини кои го одржуваат вашиот ментален и емоционален мир. Терапија, разговор со блиски или пишување дневник ќе бидат корисни алатки за воспоставување на внатрешна хармонија.

Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ја активира вашата 2-ра куќа на вредностите, носејќи важни сознанија за вашите здравствени навики. Ова е време кога ќе бидете инспирирани да ја ревидирате вашата исхрана и да го подобрите начинот на кој се грижите за вашето тело. Можеби ќе почувствувате потреба да започнете диета или да се фокусирате на храна што ви дава повеќе енергија.

На 15 декември Марс влегува во јарец, активирајќи ја вашата 6-та куќа на здравјето и рутините. Во последните две недели од 2025 година, ќе сакате да го структурирате начинот на живот и да воведете дисциплина во секојдневните активности. Редовните прегледи, физичката активност и добриот сон ќе ви станат приоритет. Ќе се чувствувате посилни и поспремни да се соочите со сите предизвици.

Со овие планетарни влијанија, 2025 година ви носи можности за целосна трансформација на здравјето. Ќе имате шанса да создадете навики што ќе ви носат корист на долг рок, а вашиот позитивен пристап ќе ве води кон виталност и благосостојба.

Општи карактеристики за лав

Лавот е управуван од Сонцето, кое што е центар на нашиот сончев систем. Кога целиот универзум се врти околу вас, тешко е да бидете скромни. Ако вашиот знак е лав, тогаш вие се сметате за центар на светот и понекогаш сте во право! Исто како сонцето и лавот загрева сè наоколу со неговата драма и со начинот на комуникација. Кога сонцето заоѓа е многу ладно, така е и кога „заоѓа“ расположението на лавот.

Вашите пријатели знаат дека секогаш треба да ве прават среќни и весели или ќе има драма. Покрај тоа што сте егоцентрични вие сте родени лидери и поседувате силен личен магнетизам. Вашата способност да раководите секогаш ви гарантира успех.

Вие се стремите кон власт многу повеќе од другите знаци и тоа ве прави егоисти, а понекогаш дури и смешни во очите на другите. Вистината е дека вие имате огромно срце и сте најдобродушниот знак во хороскопот. Секогаш сте покрај луѓето кои ги сакате за да им помогнете, да ги разгалите или за да ги заштитите.

Во љубовната врска се стремите да блескате. Романтични сте и давате се од себе кога сте ценети од партнерот и кога постојано вниманието е насочено кон вас. Вие сте секогаш среќни кога ви се обрнува внимание. Запомнете дека луѓето ја искажуваат својата љубов на различни начини и никој не може да го направи тоа како вас.

Вашите цели секогаш се тешки за постигање. Огромната енергија, која што треба да ја вложите е неразбирлива за другите.

Симбол:
Лав

Симболизира:
Енергичност, креативност, гордост, суета, големина, власт, слава.

Елемент:
Оган

Планета:
Сонце

Ден од седмицата:
Недела

Боја:
Жолта, златна и виолетова.

Број:
1

Скапоцени камења:
Злато и дијаманти.

Најдобри професии:
Директори, управници, политичари, претседатели, модели, економисти, спортисти, декоратори, педијатри, кардиолози и секоја професија поврзана со творење и креативност.

За да се спријателите со нив:
Соработувај со нив и обиди се да им го следиш брзиот ритам.

Дел од телото:
Срце, горниот дел од грбот, 'рбетниот столб.

Добри карактеристики:
Смели, мили, добродушни, лојални, чесни, забавни, креативни, добри организатори, отворени, со добро чувство за хумор, комуникативни, добри љубовници, лидери.

Лоши карактеристики:
Арогантни, горделиви, незрели, егоисти, љубоморни, нештедливи, агресивни, сурови, мрзливи (особено мажите), имаат преголема желба за власт.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Карактеристична бујна коса, надмено однесување.

Омилени работи:
Театри, камери, DVD-a, богати десерти, црвени рози, разменување на подароци, пеење, комплименти.

Работи кои ги мразат:
Да бидат игнорирани, сребрени медали наместо златни, лесна храна, да бидат сами, збогувања.

Можете да ги најдете:
Режирајќи нивни сопствени филмови, вовлечени во љубовна авантура, кандидирајќи се за претседатели.

Скриена желба:
Да владеат со светот!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24843 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.