Близнаци (21. V – 20. VI)
Недела, 22 Декември 2024
Денес ќе сакате да ѝ помогнете на блиска личност која има потреба од промени во начинот на живот. Најдобро е да бидете отворени и искрени со неа. Не ја заобиколувајте вистината, така нема да ги постигнете посакуваните резултати.
Верувајте им на вашите инстинкти и не ги игнорирајте предупредувачките знаци кога запознавате нови личности. Срцето „гледа“ работи кои очите не можат да ги видат.
Декември, 2024
Љубов
Дозволете ѝ на љубовта да задоминира во вашиот живот. Неколку небесни тела ќе патуваат низ вашите сектори на сериозните врски и интимноста, па страста и романтиката ќе бидат константи во последниот месец од 2024 година.
Младата месечина на 1 декември ќе ве поттикне да бидете поотворени и да му го олесните патот до своето срце на лице кое упорно се обидува да допре до вас. Ова е ден за нови љубовни почетоци кои ќе имаат силно влијание на понатамошниот тек на вашиот живот.
На 7 декември Венера, планетата на љубовта, ќе влезе во водолија, вашата 9-та куќа на авантурите, патувањата и оптимизмот. Ќе гледате само на посветлата страна на животот, а токму поради тоа ќе бидете најпожелна личност во секое друштво. Хуморот ќе ви помогне да се зближите со лица кои често ставаат непробоен штит пред себе.
Монотонијата нема да има место во вашата врска. Со партнерот ќе бидете решени да внесете возбуда и неуморно ќе планирате забавни и романтични активности. Многумина ќе ви позавидат, бидејќи отстрана ќе изгледате како заљубени и авантуристички настроени тинејџери. Копнежот по нови дози адреналин ќе ве одведе на места кои досега не сте ги посетиле. Патување е зацртано во новогодишните планови на многу близнаци.
Близнаците со статус сингл, од 7 декември до крајот на годината, ќе уживаат во својата слобода и умислено ќе ги оттурнуваат од себе повеќето потенцијални партнери. Најмногу ќе ви се допаѓаат лица кои ви контрираат. Ќе се уверите дека честопати спротивностите се привлекуваат.
На 7 декември страсниот Марс ќе започне да се движи ретроградно во вашиот сектор на комуникацијата. Можно е да станете нетрпеливи во разговорите со саканиот и често да избувнувате, а потоа да се каете. Марс ќе ве направи импулсивни, но морате да научите да ги филтрирате зборовите кои летаат низ вашите усни.
Можеби најубав декемвриски ден ќе ви биде 15 декември. Тогаш многу погледи ќе бидат насочени кон вас, бидејќи полната месечина ќе настапи во вашиот знак. Некои близнаци ќе спојат усни со личност со која започнале да флертуваат уште пред шест месеци. Во врска сте? Ќе го свртите фокусот на партнерот кон своите желби и потреби. Ќе се чувствувате моќно кога некој ви удоволува и ве разгалува.
На истиот ден доаѓа уште една добра вест – Меркур ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на сериозните врски. Ќе си дозволите да ве освои личност со префинето изразување и високо интелектуално ниво. Планови за свадба или свршувачка се зацртани во астролошките предвидувања на многу близнаци.
Младата месечина на 30 декември физички ќе ве зближи со саканиот. Очекувајте еротски игри и допири од кои ви трепери целото тело. Не сте во врска? Ќе се затрескате во некој кој ќе ве привлекува најмногу со изгледот.
Во текот на последниот ден од годинава, Месечината ќе престојува во вашиот сектор на интимноста. Важно ќе ви биде до вас да има личност со која ќе си го честитате усни на усни доаѓањето на новата 2025 година. Ќе дозволите еуфоријата да ве понесе максимално. Големи се шансите за љубовна авантура.
Пари и работа
Максимално ќе го користите секој ден од последниот месец од 2024 година за да си осигурите светла финансиска иднина.
Ќе преземате многу иницијативи на работното место и со тоа ќе привлечете многу пофалби. Сепак, нема да ви биде важна само вербална стимулација, ќе сакате да бидете стимулирани и парично. Смело побарајте го она што знаете дека ви припаѓа и нема да останете со празни раце.
Константно ќе се зголемува бројот на небесни тела кои ќе патуваат во вашиот сектор на богатството, заедничките инвестиции и недвижностите. Некои близнаци ќе склучат профитабилно партнерство со лице кое ги надополнува нивните слаби страни. Во овој период, големи се шансите да продадете или купите недвижен имот.
На 8 декември Нептун ќе го прекине ретроградното движење во риби, вашиот сектор на кариерата и амбициите. Со многу поголема брзина ќе стигнувате до своите цели. На огромно изненадување на многумина, ќе влезете во улогата на лидер на работното место и фантастично ќе се справите со тој предизвик.
Полната месечина на 15 декември ќе настапи во вашиот знак, поттикнувајќи ве да работите самостојно со цел поголема заработка.
Не се плашете да седнете на преговарачка маса на 21 декември. Под влијание на Сонцето, дипломатски ќе извлекувате повеќе и повеќе од другата страна, па во секој случај ќе бидете задоволни.
Здравје
Сонцето во првите три недели од декември ќе патува во вашата куќа на партнерствата, па најдобрите резултати при вежбањето или менувањето на начинот на живот ќе ги постигнете рамо до рамо со свој пријател или со партнерот.
По 21 декември, акцентирани ќе бидат вашите емоции. Издвојувајте си повеќе време за средување на мислите и чувствата. Не дозволувајте да ви се трупаат негативности како огорченост и лутина.
Внимавајте повеќе на здравјето на очите.
2024 година
Љубов
Во 2024 година ќе трагате по длабоко поврзување, емпатија и емоционална интелигенција во врските кои ги создавате и негувате, но тоа не значи дека ќе ја жртвувате забавата за сметка на градењето на сериозни љубовни сојузи.
Годината започнува со млада месечина во вашиот сектор на интимноста и силните емоции на 11 јануари. Некои близнаци непосредно по веселите празници ќе се израдуваат за свршувачка или бременост.
Страсниот Марс од 4 јануари до 13 февруари ќе патува низ вашиот сектор на интимноста и интензивните емоции, што значи покачување на температурата во спалната соба. Ќе зрачите со сексапил, дури и кога нема да се трудите да заведувате. Очекувајте зголемен број на додворувачи. Ќе привлекувате дури и лица на кои би требало да им сте „забрането овошје“.
Веројатноста да пронајдете личност која ќе биде ваша сродна душа е голема во првите 5 месеци од 2024 година, кога среќниот Јупитер ќе ја посетува вашата 12-та куќа на сродните души. Сепак, не брзајте за да влезете во врска, туку дајте си време за да ја запознаете таа личност. Дванаесеттата е и куќа на илузиите, па можно е реално да не постои она што си мислите дека го гледате.
Од 23 мај до 17 јуни Венера ќе престојува во вашиот знак и ќе ви подари супер романтично поглавје. Ќе почувствувате љубовен занес кој ќе ве однесе на седмо небо. Лесно ќе привлекувате додворувачи околу себе, а понекогаш и без да сакате ќе бидете мета на флертувачки погледи. Близнаците кои се во врска ќе доживеат еден вид ренесанса во врската. Нема да сакате да се одделите од силната прегратка на партнерот, иако ќе бидете сигурни дека во неа има место само за вас.
Слободниот дух и независноста ќе ви станат особено важни. Авантуристичката планета Јупитер, која на 26 мај ќе премине во вашиот знак, ќе ви ја зголеми љубовта и грижата за себе. Јасно ќе потенцирате дека иако сте во врска, вие имате свој личен живот кој не е поврзан со оној на партнерот. Вие сте грижлива и пожртвувана личност, но повеќе нема да дозволувате вашите желби, цели и потреби да бидат на заден план. Тие ќе станат значаен фактор кој не смее да биде игнориран.
Многу сингл близнаци ќе се дистанцираат себеси од започнување на сериозна љубовна врска, зашто нема да сакаат да ја изгубат својата скапоцена слобода. Сепак, недостижноста ќе ги направи уште попривлечни за претставниците на спротивниот пол.
На 2 октомври младата месечина ќе настапи во вага, вашиот сектор на страста, флертувањето и романсата, а ќе има и прстенесто затемнување на Сонцето. Тоа ќе ја интензивира вашата магнетска привлечност, па ќе имате повеќе од една шанса да се ослободите од статусот сингл. Некои близнаци ќе започнат нова врска која ќе биде блескава рефлексија на врска од нивните соништа.
Како што ќе се наближува крајот на годината, така сè повеќе ќе посакувате да експериментирате и ќе мечтаете за љубовни авантури.
Пари и работа
Очекувајте големи успеси кои нема да дојдат експресно брзо, но затоа пак многу ќе ве изненадат во позитивна смисла.
Во текот на 2024 година, Сатурн ќе патува низ риби, вашиот сектор на кариерата и амбициите. Можеби успесите нема да пристигнуваат преку ноќ, но вие ќе знаете дека иднината е светла за вас. Ќе се движите по најсигурните патишта до целите кои ќе си ги постигнувате. Можеби токму минималниот ризик ќе биде клучен фактор за успесите кои ќе се редат до вашето име.
Амбициозниот Марс од 23 март до 30 април ќе патува низ риби, вашиот сектор на кариерата и долгорочното планирање. Пред вас ќе изникнат многу можности за заработка. Но, заедно со успесите, ќе доаѓа и зголемен стрес предизвикан од многуте работни обврски.
Јупитер, планетата на среќата и експанзијата, ќе премине во вашиот знак на 26 мај, носејќи ви зголемена самодоверба. Повеќе ќе ризикувате, но затоа пак и вашата добивка ќе биде поголема.
Проблеми во комуникацијата ќе ве вознемируваат во периодот од 5 до 28 август, кога Меркур ќе се движи ретроградно. Можно е да ве растревожи силна тензија поради недоразбирање со авторитетна личност или пак лошата комуникација да донесе непосакувани резултати од проект со вашите колеги. Во овој период, внимавајте какви електронски пораки испраќате, бидејќи некоја од нив може да ви предизвика непотребни главоболки.
Присуството на Нептун во риби, вашиот сектор на кариерата и амбициите, ќе ве поттикне да издвоите парични средства за хуманитарни цели.
Наесен повторно ќе има за што да се радувате. Во периодот од 4 септември до 4 ноември амбициозниот Марс ќе патува низ вашиот сектор на работата и парите, поттикнувајќи ве забрзано да се искачувате по скалилата на успехот.
На 9 октомври Јупитер ќе започне да се движи ретроградно во вашиот знак, па најдобро е да го одложите реализирањето на нови и големи планови. Завршете ја годината попасивно, без преземање на ризични чекори. Скротете го и претприемачкиот дух во овој период.
Здравје
Во текот на 2024 година, под влијание на Сатурн, ќе биде акцентирано здравјето на кожата, коските и забите. Можно е да се соочите со проблеми поради стрес, недостиг на калциум или со пореметување на хормоналното здравје.
Нептун ќе ја истакне важноста на поврзаноста ум-тело. Ставете приоритет на менталното здравје и спиритуалните практики за одржување на благосостојбата.
Регуларните проверки и превентивната грижа се клучни оваа година. Не ги одложувајте лекарските прегледи.
Под влијание на Јупитер, планетата на оптимизмот, која од 26 мај ќе престојува во вашиот знак, ќе направите драстични промени не само во начинот на којшто изгледате, туку и во вашите манири. Стегнатото тело и позитивниот став кон животот ќе ви го разубавуваат секојдневието во втората половина на годината.
Општи карактеристики за близнаци
Мозокот и устата на близнаците им се како експресна машина, секогаш се движат со неверојатна брзина. Тоа е така зашто овој знак е управуван од Меркур, планетата на комуникацијата. Оваа планета исто така е симбол на технологијата и умот, правејќи ги близнаците едни од најљубопитните знаци во хороскопот.
Ако сте родени во овој знак вие секогаш се стремите да соберете максимално количество информација и сакате да учите нови работи. Кога се двајца, забавата е двојно поголема. Во вас секогаш постојат најмалку две личности. Таа ваша двојна природа ви помага многу полесно да ги решавате проблемите, но од друга страна многу често се откажувате и сте непостојани.
Можете да исполнувате повеќе дејности едновремено, умеете да ги инспирирате другите, но не останувате долго време верни на една идеја. Вашето расположение и мислење се менуваат побрзо од времето и еден ден сакате нежни, женски работи, а веќе следниот ден сте најголемите авантуристи.
Ако е можно, обидете се да се задржите на само дел од многуте ваши страсти за подолг период и да станете многу добри во нивно изведување. Близнаците кои се научиле да се концентрираат врз една работа се недостижни.
Во љубовната врска не се задлабочувате многу, па многу ви е лесно да прекратите со вашата врска, да започнете веднаш нова или да имате неколку врски едновремено. Вие сте шармантни, симпатични и имате многу пријатели во сите сфери на вашиот живот.
Сакате да разговарате, а имате и милиони добри идеи. Искористете го вашиот брз ум и раце во полза на испраќање е-mail, пишување СМС пораки и водење на добри разговори. Внимавајте на искушението за озборување. Држете при рака нотес за забележување на вашите мисли во секое време.
Симбол:
Близнаци
Симболизира:
Комуникација, дволичност, трговија, интелектуална дејност, пријатели од детството, кратки патувања, јазици.
Елемент:
Воздух
Планета:
Меркур – планетата на комуникацијата и интелектот.
Ден од седмицата:
Среда
Боја:
Жолта и небесно сина.
Број:
5
Скапоцени камења:
Опал и ахат.
Најдобри професии:
Преведувачи, писатели, оратори, адвокати, новинари, учители, политичари, трговци, дипломати, шофери, пилоти и секаква професија сврзана со комуникација.
За да се спријателите со нив:
Однесувајте се меко со нив, постојано галете ги и бидете трпеливи! Тие секогаш ќе си останат мали деца.
Дел од телото:
Рамена, раце, дланки.
Добри карактеристики:
Забавни, фасцинантни, оригинални, шармантни, авантуристи, снаодливи, интелигентни, комуникативни, весели, љубопитни, љубезни.
Лоши карактеристики:
Непостојани, често лажат, дволични, депресивни, лесно совладливи, недискретни, неверни, нервни, брбливи.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Палави очи, изразувајќи се со нивните раце.
Омилени работи:
Мобилни телефони, брзи коли, тренди облека, гитари, мрачна музика, книги, клуб за комедија.
Работи кои ги мразат:
Рутина, тишина, луѓе со авторитет.
Можете да ги најдете:
Зад камерата, зад диџејскиот штанд, на двете страни од тимот за дебатирање, разговарајќи.
Скриена желба:
Да имате одговор за сè!