Бик (20. IV – 20. V)

Петок, 15 Ноември 2024

Ова е ваш ден, искористете го максимално. Денес полната месечина ќе го осветли вашиот знак, ставајќи ве во центарот на вниманието. Вашиот глас ќе биде моќен и ќе остава силен впечаток на сите кои ќе имаат привилегија да разговараат со вас.

Ако сè уште не ви се исполнила роденденската желба замислена пред шест месеци, сега ќе се радувате на нејзиното остварување. Ништо не е невозможно.

Ноември, 2024

Љубов

Страста е во подем околу вас. Ноември нема да биде ни малку студен за биковите, напротив. Очекувајте разгорување на љубовни трепети.

Голема е веројатноста на 1 ноември да споите усни за првпат со лице кое експресно ве освоило, бидејќи младата месечина ќе означи ново поглавје во вашиот сектор на сериозните партнерства и обврзувањето. Овој ден за некои бикови ќе значи почеток на нова врска, за други свршувачка, а за трети проширување на семејството.

Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе ги помине првите 10 дена во вашиот сектор на интензивните чувства и интимноста, охрабрувајќи ве да ги прескокнувате излегувањата со друштвото и да му се предадете на вашиот сакан. Ако ви се чини дека сте „луди“ по партнерот, обвинете ја Венера, бидејќи таа ќе биде причината што нема да можете да се наситите од него. Биковите со статус сингл полесно од вообичаено ќе се впуштаат во нови љубовни врски, па голема е веројатноста на почетокот од месецот да го променат љубовниот статус.

Во животот на некои бикови ќе се појави шармантен странец, кој ќе ги освои со нестандардниот начин на размислување, во периодот по 11 ноември. На тој ден романтичната Венера преминува во вашиот сектор на далечните дестинации и авантури, па за други бикови тоа ќе значи копнеж кон поголема слобода и самостојност.

Сонцето цел месец ќе патува во вашите сектори на партнерствата и обврзувањето. Тоа ќе ги помине првите три недели во стрелец, вашата 7-ма куќа на љубовта. Со партнерот ќе бидете поблиски отсекогаш, па ќе чувствувате дека можете да му ја доверите секоја тајна. Хармонијата ќе царува во вашите разговори. Одделувајте си време за него.

Не сте во врска? Тоа е затоа што вие така сакате, а не затоа што немате додворувачи. Листата со лица кои се борат за вашето срце ќе биде подолга отсекогаш. Уживајте во вниманието!

Не очајувајте доколку сè уште не ви се исполнила роденденската желба замислена пред шест месеци. Голема е веројатноста тоа да се случи на 15 ноември под светлината на полната месечина во вашиот знак. Ова е ваш ден, блеснете во своето најубаво издание и гледајте како светот се поклонува пред вас.

На 26 ноември Меркур ќе започне да се движи ретроградно во вашиот сектор на интимноста, па сигналите кои ги испраќате во однос на физичката интимност и сексот веројатно ќе бидат неправилно сфатени од лицето кон кое сте ги насочиле.

Пари и работа

Во ноември здружете ги вашите ресурси со друга личност и ќе бидете непобедливи. Мала армија планети овој месец ќе патуваат во вашите куќи на партнерствата, шепотејќи ви дека заедно сте посилни. Размислувајте стратешки, а не себично. Доколку веќе имате деловен партнер, бидете искрени со него и не правете ништо зад неговиот грб.

Најубав ден за вас и на професионален план ќе биде 15 ноември. Тогаш ќе настапи полна месечина во вашиот знак и ќе ги насочи сите погледи кон вас. Промовирајте ги вашите квалитети без да се грижите како изгледа тоа во очите на вашите конкуренти. Доколку ви претстои интервју за работа, веројатно вам ќе ви припадне позицијата за која кандидирате.

На 15 ноември Сатурн ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на групните активности и со радост ќе ги дочекувате вестите за бизнис соработки.

И уште една добра вест... На 19 ноември Плутон ќе премине во водолија, вашиот сектор на кариерата. Ќе ви се вратат самодовербата и желбата повторно да бидете на лидерската позиција.

Здравје

3,2,1, скок! Време е за сериозно потење. Најуспешни и најдоследни во вашите тренинзи во текот на месецов ќе бидете кога вежбате заедно со друга личност поради поставеноста на Сонцето во вашите куќи на партнерствата. Вклучете го вашиот сакан во вашите прошетки во природа или земете ја најдобрата пријателка во фитнес сала.

Исто така, ноември ќе ве поттикне да го негувате вашето тело не само надворешно, туку и внатрешно. Прочистете го вашиот организам со полесна храна и редовно пијте чаеви и вода.

Можни се проблеми со коските.

2024 година

Љубов

Време е за возбудливи авантури и љубовни трепети какви досега само сте си замислувале. 2024 ќе ви оствари многу романтични копнежи.

Страсниот Марс од 13 февруари до 23 март ќе престојува во водолија, вашиот сектор на долгорочното планирање и мажите. Ќе функционирате на иста фреквенција со саканиот и тоа неизмерно ќе ве усреќува. Доколку не сте во врска, ќе се насочите кон лица кои покажуваат дека копнеат по стабилна врска.

Јупитер, планетата на среќата, во првите 5 месеци од годината ќе престојува во вашиот знак. Ќе ве привлекуваат лица кои зборуваат со зрелост и сериозност, а стабилната врска ќе биде „новото секси“ за вас. За многу бикови 2024 година ќе го означи почетокот на долг љубовен сојуз. Огромната самодоверба ќе ви го промени стасот и однесувањето. Ако сте во врска, ќе бидете движечката сила во неа и партнерот нема да носи ниту една одлука без да ве ислуша.

Ако одредена љубовна одлука ви се провлекуваше со месеци, делумната лунарна еклипса на 25 март ќе ве натера да ги кажете финалните зборови на таа тема. Време е за промени, а вие ќе бидете подготвени за нив.

Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе се движи низ вашиот знак од 29 април до 23 мај. Вашиот шарм ќе биде вонземски. Независно дали сте во врска или не, на ваша адреса ќе пристигнуваат многу позитивни коментари. Навикнете се на вниманието и со грациозност примајте ги комплиментите.

Очекувајте љубовни авантури и страсни доживувања во периодот од 5 до 29 август, кога Венера, планетата на љубовта, ќе патува низ вашиот сектор на страста и флертувањето. Венера ќе ја потенцира вашата привлечност, па многумина нема да кријат дека копнеат за место во вашето срце.

На 3 септември настапува млада месечина во девица, вашата страсна 5-та куќа. Ќе започнете да испишувате ново љубовно поглавје кое ќе ви го промени животот.

Сатурн во текот на 2024 година ќе патува низ вашата 11-та куќа на пријателствата. Строгиот Сатурн ќе ве научи дека не треба да им дозволувате на пријателите да ви се мешаат во љубовта. Можно е да почувствувате искра помеѓу вас и ваш пријател. Најдобро е да ја игнорирате за на крајот да не зажалите.

Нептун цела 2024 година ќе патува во вашиот сектор на технологијата, зголемувајќи ги шансите да започнете флерт-размена со некој онлајн која ќе резултира со страсна врска. Сепак, имајте на ум дека Нептун е планетата на скриените намери и дека од 2 јули до 8 декември ќе се движи ретроградно, па не верувајте во сè што ќе стигне до вас во форма на електронска порака. Во тој период, некои бикови ќе бидат контактирани од нивни бивши љубовник, други пак ќе дознаат тајна која ќе направи пукнатина во односите со нивниот сегашен партнер. Внимавајте што објавувате онлајн за приватниот живот.

Пари и работа

Ве очекува мошне успешна година, во која среќата ќе ве прати на секој чекор. Има ли поубаво?

2024-та започнува со млада месечина на 11 јануари во јарец, вашиот сектор на претприемништвото и експанзијата. Ако имате сопствен бизнис, уште во првите денови ќе направите големи планови за проширување и напредок.

Во првите осум месеци од годината, Уран, планетата на неочекуваните настани и потези, ќе се движи директно низ вашиот знак, носејќи ви голем успех кој значително ќе ви ја подобри финансиската состојба. Храбро ќе ги прескокнувате сите пречки на работното место и нема лесно да дозволувате да ви биде одземено она што ви следува.

Благодарение на Уран, може да очекувате фантастични понуди ненадејно да паѓаат во вашиот скут. Некои бикови ќе го променат работното место, други ќе се преселат поради работата. Уран ќе ве направи похрабри и ќе ви всади понеконвенционален начин на размислување. Оригиналноста ќе ве издвои од другите.

На 8 мај настапува млада месечина во вашиот знак. Смело ќе се насочите кон нов почеток, независно дали тоа е нова област на работење или работа во друга држава. Резултатот од тој ваш чекор ќе стане видлив на 15 ноември, кога ќе настапи полна месечина во вашиот знак.

2024 година ќе се покаже како една од најбогатите години за вас, благодарение на присуството на Јупитер, планетата на среќата, во вашата 2-ра куќа на финансиите и работата по 26 мај. Среќата ќе ги следи храбрите и оние кои знаат да ризикуваат, а вие сте експерт во тоа. Сепак, имајте на ум дека како што ќе растат вашите примања, така ќе растат и вашите обврски.

Бидејќи Јупитер е планета која управува со далечните патувања, можно е да ви се пружи можност да заминете на работа во странство или да ја напуштите вашата татковина. Одржувајте контакт со лицата кои се на голема физичка оддалеченост од вас, не можете да знаете кога ќе ви притребаат.

Околу 6 јуни ќе започнете нов личен проект од кој ќе очекувате голема заработка. На крајот на годината, ќе сфатите дека вашата проценка била точна. Полната месечина, која на 15 декември ќе настапи во вашиот знак, ќе ви донесе голема сума на пари на банкарската сметка.

Здравје

Грижата за себе истуркајте на врвот на приоритетите во 2024 година.

Северниот лунарен јазол во овен и Јужниот лунарен јазол во вага започнаа да влијаат на вашата благосостојба, а тој циклус ќе продолжи до јануари 2025. Во овој период, преземете холистичен пристап кон негата на физичкото и емотивното здравје.

Воспоставете рутини, како регуларни оброци во исто време од денот и константен распоред за спиење, за да одржите баланс во животот. Ако ве измачуваат проблеми со варењето на храната или хормонален дисбаланс, размислете за методи како повремено постење.

Во втората половина на 2024 година, ќе го промените ставот „не е страшно ако запалам неколку цигари“ или „ќе спијам кога ќе имам време“ и со огромна посветеност ќе започнете да ткаете мрежа од здрави навики. Јупитер, планетата на оптимизмот, по 26 мај ќе патува низ вашата 2-ра куќа на секојдневните навики и самодовербата, охрабрувајќи ве да ги направите промените кои долго време ги одложувавте.

Во периодот од 15 до 28 август Меркур ќе се движи ретроградно низ вашиот сектор на семејството, па можно е да треба да се грижите за болен роднина.

Општи карактеристики за бик

Чувствителниот бик е управуван од Венера, планетата на љубовта и убавината. Ако сте родени во овој знак, тогаш вие ја обожавате добрата храна, романтиката и убавите работи. Венера ги изострува вашите пет сетила на повисоко ниво, па најсреќни сте кога сте опкружени со најдоброто - сатенски чаршафи, гурмански вечери, чаша црвено вино. Вие сте многу чувствителни и се насладувате на животот и на физичките задоволства кои излегуваат на вашиот пат.

Како бикот и вие работите многу напорно и сте најупорниот знак во хороскопот. Функционирате со две брзини - или целосно сте релаксирани или „со главата напред“ се стремите кон целта.

Бикот е знак спротивен на шкорпијата. Шкорпијата сака да ги наследува придобивките на другите, а бикот најмногу ги цени личните придобивки. Најнегативна ваша карактеристика е вашата склоност да ги поседувате најлуксузните предмети. Тоа може да ве доведе до крајности, особено кога ќе решите дека некој предмет треба да биде ваш, што ве прави материјалисти во очите на другите.

Како претставник на земните знаци ги обожавате дејностите на отворено. Силни и мускулести – вие сакате да си ја покажувате силата. Во љубовта сте многу романтични, верни, но и многу љубоморни. Секогаш знаете што сакате и ништо не може да ве спречи да ја остварите вашата цел. Се придржувате до вашите погледи и не ги менувате освен ако нема доволно добра причина за тоа.

Знаете да бидете тврдоглави, но позитивна страна е тоа што сте лојална личност на којa може секој да се потпре. Само внимавајте да не заглавите засекогаш во вашата сигурна зона и вашиот живот да започне да стагнира. Ризикувајте и пробајте нешто ново! Понекогаш промената и ризикот можат да го доведат прогресот и добивката кои ги посакувате.

Симбол:
Бик

Симболизира:
Силата на волјата, тврдост, стабилност, издржливост, чувствителност, конкретност, музика.

Елемент:
Земја

Планета:
Венера - планетата на убавината и љубовта.

Ден од седмицата:
Петок

Боја:
Зелена и сина.

Број:
2 и 6.

Скапоцени камења:
Аквамарин, смарагд.

Најдобри професии:
Пејачи, музичари, оратори, администратори, сметководители, градинари, еколози, ветеринари, економисти, банкари.

За да се спријателите со нив:
Не се спротивставувајте на нивните идеи! Често канете ги на некое место да јадете заедно.

Дел од телото:
Врат, грло, вилица.

Добри карактеристики:
Трпеливи, практични, внимателни со парите, одговорни, организирани, романтични, внимателни, посветени, грижливи, секогаш подготвени да дадат морална поддршка, добри кулинари.

Лоши карактеристики:
Премногу попустливи, инаетчии, бавни, мрзеливи, тврдоглави, суетни, премногу претпазливи, евтини, завидливи, љубоморни, материјалисти.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Длабоки и сентиментални очи; долг и елегантен врат; карактеристична вилица.

Омилени работи:
Фотографирање, планини, добра музика, добра храна, сатенски чаршафи.

Работи кои ги мразат:
Хотели, утра, валкани работи, да бидат избрзувани, бесцелно трошење пари.

Можете да ги најдете:
Споредувајќи ги цените при купување на луксузни работи; пеејќи во бенд или хор; работејќи три работи едновремено; изложувајќи слики во уметничка галерија.

Скриена желба:
Да го поседуваат најдоброто!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19463 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.