Почетна » Убавина и мода » Тело » Совети за побезболна и поуспешна депилација

Совети за побезболна и поуспешна депилација

Депилацијата е еден од најраспространетите начини за отстранување на непосакуваните влакна од телото и повеќето жени ја претпочитаат затоа што има многу предности во споредба со другите методи. Најдоброто кај депилацијата е што влакненцата се извлекуваат од коренот и кожата останува мазна во текот на 2 до 6 седмици. А најлошото кај депилацијата е болката.

Убаво нозеСо депилацијата кожата останува мазна во текот на 2 до 6 седмици. Но, многу жени ја опишуваат болката при депилација како неподнослива.

Сигурно ќе се согласите дека депилацијата е синоним за болка. Интензитетот на болката најмногу зависи од тоа која област од телото е подложена на депилација, но исто така и од самата личност. Некои ја опишуваат болката како интензивна и неподнослива, а други само како непријатна и незначителна.

Добрата вест е што постојат неколку работи кои можете да ги направите за депилацијата да биде побезболна, а и да го избегнете непријатното зацрвенување на кожата.

Пред депилацијата

  • Никогаш не се депилирајте непосредно пред менструација. Во периодот пред менструацијата кожата е почувствителна, па и болката е значително поголема.
  • Направете си ексфолијација еден до два дена пред депилацијата. Така ќе ја направите кожата помазна и ќе ги отстраните мртвите клетки, а со тоа ќе ја намалите појавата на поткожни влакна.
  • Не пијте кафе или алкохол неколку часа пред депилација. Кафето и алкохолот ја прават кожата почувствителна, а тоа воопшто нема да ви помогне, особено ако планирате да си направите бразилска депилација (депилација на интимната зона).
  • Напијте се аспирин за да ја намалите болката. Околу 30-45 минути пред депилацијата напијте се аспирин. Тој нема да ја направи депилацијата целосно безболна, но сигурно ќе ви помогне полесно да ја поднесете.
  • Осигурете се дека влакненцата имаат соодветна должина. Нема да можете успешно да ги отстраните влакненцата ако се покуси од 5mm. Од друга страна, ако се подолги од 1,5cm болката ќе биде поголема од обично. Затоа, потрудете се влакната да не бидат ниту премногу куси, ниту премногу долги. Потстрижете ги со ножичка ако се подолги од препорачаната должина.
  • Истуширајте се со топла вода пред депилација. Топлата вода ќе ги отвори порите и влакната ќе излегуваат полесно. Добро исушете ја кожата пред да започнете со депилација.

За време на депилацијата

  • Не ставајте мраз. Со цел да ја намалат болката, некои жени ставаат мраз директно врз кожата. Но, воопшто не е умно да го правите тоа пред да го нанесете восокот, затоа што мразот ја стега кожата и порите, па така влакната излегуваат потешко. Зачувајте го мразот за по депилацијата.
  • Нанесете тенок слој восок. Треба да нанесете тенок слој восок во насока на растењето на влакната. Ако нанесете дебел слој, болката ќе биде поголема. При нанесувањето држете го апликаторот под агол од 45°.
  • Користете помали ленти. Ќе потрошите повеќе време, но така болката ќе биде помала. Многу жени тврдат дека генерално депилацијата им е помалку болна кога користат помали ленти.
  • Дишете длабоко. Болката ги принудува жените да бидат напнати за време на депилација. Но, препорачливо е токму спротивното – да бидете опуштени и да дишете длабоко.
  • Имитирајте кашлање. Кај некои области од телото, повлекувањето на лената е вистински кошмар. За да ја намалите болката, одвлечете му го вниманието на мозокот. Додека ја повлекувате лентата, кашлајте. Навистина делува!
  • По повлекувањето на лентата, притиснете го местото. Веднаш откако ќе ја повлечете лената, со помош на палецот или целата дланка притиснете на местото кое штотуку сте го издепилирале за да ја намалите болката.

По депилацијата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20776 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.