Почетна » Семејство » Дете » Навики и способности кои детето треба да ги има пред да тргне во прво одделение

Навики и способности кои детето треба да ги има пред да тргне во прво одделение

Вашето дете во септември за првпат ќе седне во школските клупи? Сигурно сте нервозни и веќе сте се фокусирале на учењето букви и броеви. Без паника! Иако познавањето на азбуката и броевите ќе му помогнат многу на вашето дете, тие не се основните нешта на кои треба да се фокусирате во моментов.

Наместо тоа, поработете на самостојноста на вашето дете, на неговите секојдневни навики, на основните моторички движења, на социјалните вештини, на хигиената... Дете кое ќе ја започне првата школска година подготвено има поголеми шанси за академски успех понатаму.

Еве кои навики и способности треба да ги поседува вашето дете пред да тргне на училиште:

Дете
  1. Самостојно да го користи тоалетот. Научете го вашето првоодделенче само да се грижи за хигиената во тоалетот. Пред да тргне на училиште, детето треба да знае самото да се избрише, да се облече, да пушти вода во веце школката и да си ги измие рацете. Добрите хигиенски навики се стекнуваат од мали нозе и се многу важни. Секогаш проверувајте дали вашето дете има марамчиња пред да оди на училиште.
  2. Да се облекува без никаква асистенција. Вежбајте со детето облекување сè додека не се уверите дека тоа може да ги облече сите парчиња облека, чорапи и обувки без да побара помош. Моторичките вештини за закопчување копче или за врзување врвки исто така треба да му бидат развиени. Сепак, избегнувајте ги чевлите и облеката кои се премногу комплицирани за облекување или одземаат многу време. На пример, наместо мали копчиња, претпочитајте големи или патент. Наместо врвки, претпочитајте лепенки и слично.
  3. Да јаде само и да се грижи за приборот за јадење. Детето треба да знае дека неговата исхрана на училиште зависи само од него. Научете го да ги избира правилните оброци за себе, да се храни здраво, а ако си носи домашно приготвени оброци, да се грижи за својот прибор. Можете да го вклучите и во приготвувањето на храната за да го насочувате што е здраво за него, а што не е.
  4. Дете
  5. Да се грижи за предметите кои ги носи со себе. Ранецот, облеката, школскиот прибор... сè треба да има свое место за вашето дете да може лесно да провери дали нешто му недостасува. Научете го да биде одговорно и да се грижи за своите предмети.
  6. Да се грижи за хигиената во училницата. Научете го вашето дете да ја користи корпата за отпадоци и да не фрла ништо на подот. Подучете го да се грижи за школската клупа, да не чкрта на неа и да не ја оштетува.
  7. Да се одзвива на сопственото име и да го препознава кога е напишано. За успешно да ги препознава своите тетратки, учебници, боички и сл., детето треба да умее да ги препознае буквите од сопственото име. Тоа, исто така, треба да се одзвива кога учителот/ката ќе му го изговори името и презимето.
  8. Да седи мирно 40 минути и да внимава. Ова не е лесно ако земе предвид дека децата се активни и разиграни, но е задолжително за успешно адаптирање на училиште. На момчињата најчесто им е потешко да седат долго време во едно место одошто на девојчињата, па ако имате син, искористете ги претстојните денови за да цртате, боите, играте игри во текот на 40 минути.
  9. Дете
  10. Да го знае процесот на читање, иако сè уште не знае да чита. Детето треба да знае правилно да ја држи книгата, да ги врти страниците една по една, да знае дека читањето е одлево надесно и одгоре надолу. Читајте секој ден заедно со вашето најмило и создајте му навика за читање, макар и тоа да биде 5-10 минути дневно.
  11. Да ги разбира и следи основните инструкции. „Седни“, „Стани“, „Дојди“, „Молчи“ – вашето малечко постојано ќе треба да одговара на овие инструкции во текот на неговиот престој во училиштето. Преку заеднички домашни активности, научете го детето да ги следи ваквите наредби веднаш штом тие ќе му бидат дадени.
  12. Да се грижи за своите потреби. Кога му е жешко, детето треба да знае да си го соблече џемперот или кога му студи, да го облече. Тоа треба да знае правилно да си го исекне носот во марамче, кое треба да го фрли во корпата за отпадоци, а потоа да си ги измие рацете. Охрабрете го вашето дете да разговара со учителот/ката кога има некаква потреба. Кажете му дека тоа треба да крене рака кога му треба нешто за да го добие вниманието на учителката.
  13. Рутини. Секое училиште има строг распоред, а тоа значи дека детето треба да научи да го почитува. Создајте му рутини на вашето дете кои ќе му овозможат само да се подготви за на училиште без да задоцни. На пример, можете да му направите список со задачи кои треба да ги прави непосредно по будењето – миење лице и заби, облекување, појадок и сл.
  14. Да раскажува. Помогнете му на детето да ја стекне оваа вештина, охрабрувајќи го повеќе да зборува и да ви раскажува приказни или случки. Слушајте го внимателно од почеток до крај.
  15. Социјалните вештини се поважни од азбуката. Наместо во моментов да се фокусирате строго на учење на буквите или броевите, поважно е да го научите детето да споделува со другите, да го чека својот ред, да не биде себично и да сочувствува со своите другарчиња.
  16. Да се спријателува. Зголемете му ги дружбите на вашето малечко со деца на други роднини и пријатели. Организирајте собири со други родители и сл. Така е поверојатно дека вашето дете лесно ќе склопува пријателства на училиште.
  17. Да си легнува навреме навечер. Уверете се дека вашето малечко ги добива потребните хранливи состојки преку разновидна исхрана и дека има квалитетен сон. На децата им е потреба голема енергија во овој период и тие треба да имаат начин на живот кој ќе им ја дава таа енергија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19750 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.