Сиара и Расел Вилсон го прошируваат семејството. 31-годишната пејачка со слатка фотографија на Instagram потврди дека е бремена.
На црно-белата фотографија, Расел ја прегрнува Сиара и двајцата го галат нејзиното стомаче. Во описот стои: „На овој специјален роденден јас добив љубов од пријателите и семејството во изобилство и возбудена сум што конечно можам да споделам дека добив еден од најголемите подароци кои Бог може да ги даде“.
Гласините дека музичката ѕвезда е во блажена состојба започнаа кога таа се појави на телевизиското шоу „Live with Kelly“ во комбинација со пеплум. Многумина претпоставија дека со изборот на облеката Сиара го крие трудничкото стомаче.
По едногодишна врска, Сиара и Расел се свршија во март оваа година, а во јули го изговорија судбоносното „Да“. Тие привлекоа големо внимание откако споделија дека нема да имаат сексуални односи пред бракот поради религиозни причини.
Сиара има мал син со раперот Фјучр, со кого се вери во 2013 година.