Крис Петровски е името за кое најверојатно допрва многу ќе слушаме. 26-годишниот битолчанец е на добар пат да стане успешна холивудска ѕвезда.
Талентираниот Македонец моментално глуми во популарната серија „Madam Secretary“ и работи рамо до рамо со филмски ѕвезди како Морган Фриман, Теа Леони и Тим Дејли.
Од 2015 година до денес, Крис има снимено 13 епизоди од серијата, во која влегува во улогата на рускиот шпион Димитри Петров.
Петровски е роден во Битола, каде живее до својата петта година, а потоа се преселува во Нов Зеланд каде дипломира на актерската програма на Институтот за технологија „Unitec“. Неговиот пат продолжува во Лос Анџелес, каде добива диплома на Академијата за глума „Stella Adler“.
Петровски има добиено свои улоги и во сериите „In The Moment“ и „Spartacus: War of the Damned“ и повеќе филмови, меѓу кои „Sable“, „Loss of Life и „Coldwater“.
Крис сега живее во Њујорк и е во брак со актерката Александра Лемус.
ВИДЕО
RT if you're excited to see more of Dimitri in Season 4! #MadamSecretary pic.twitter.com/NQPe3WXCdp
— Madam Secretary (@MadamSecretary) July 9, 2017