Срнче со невообичаен изглед и бело лице, кое било отфрлено од мајка си непосредно по раѓањето, стана вистинска атракција. Срнчето било спасено од вработените во фармата каде се родило откако мајка му го нападнала и сега одлично напредува меѓу луѓето.
Слаткото животно, кое го добило името Драгон, се роди пред повеќе од две седмици на фарма во Мичиген. Поради генетско нарушување, тоа има големи флеки без пигментација на телото.
Токму невообичаениот изглед на Драгон бил причината за мајка му да започне да го клоца откако го довела на свет. „Белата боја значи дека тој ќе биде забележлив и нема да може да се крие од грабливците и дека не може да слуша и да гледа како нормалните елени, па нема да може да ги слушне грабливците кога доаѓаат“ – објаснила Хилари Пауел, сопственичка на фармата каде се родил и живее Драгон.
Дополнително, нарушувањето на Драгон води и до други здравствени проблеми. „Овој тип срни инстинктивно го одбиваат секое бебе кое нема добри шанси да преживее во дивината“ – додала Хилари.
Драгон е вистинска реткост во дивината, а вистински среќник што бил роден надвор од неа, бидејќи тоа му го спасило животот.