Почетна » Новости » Занимливости » Мала „библиотекарка“: Има само 4 години, а веќе има прочитано повеќе од 1.000 книги

Мала „библиотекарка“: Има само 4 години, а веќе има прочитано повеќе од 1.000 книги

Четиригодишно девојче ја доби честа да помине еден ден како библиотекарка во најголемата библиотека на светот. Причината за тоа е што тоа веќе има прочитано повеќе од 1.000 книги.

Далија Мари Арана Далија Мари Арана

Малата Далија Мари Арана од САД започнала да чита на 2-годишна возраст и веќе има прочитано повеќе книги од голем дел од возрасните. Кога Далија имала 3 години, нејзината мајка ја вклучила во детска програма наречена „1.000 книги пред градинка“, цел која девојчето ја постигнало месеци пред да тргне во градинка оваа есен. Нејзина нова цел е дотогаш да прочита 1.500 книги.

Во чест на нејзиното големо постигнување, Далија била поканета во Конгресната библиотека во Вашингтон, која е најголемата библиотека во светот, а ѝ е омилена на надареното девојче. Библиотекарката Карла Хајден објави фотографии од настанот на Twitter.

„Таа постојано повторува дека Конгресната библиотека е нејзина најомилена библиотека на целиот свет“ – вели мајката на Далија, Хелима.

„Отсекогаш сум сакала да читам и сакав да им го предадам тоа и на моите деца“ – додава таа.

Далија за странските медиуми изјавила дека се надева дека ќе прочита 100.000 книги.

Пред неколку месеци, на YouTube се појави видео во кое таа чита книга.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20447 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.