„Никогаш не може да имате премногу книги“ – ова е фраза која многу добро им е позната на љубителите на пишаниот збор.
Голем дел од библиофилите дома имаат мини библиотеки, по кои посегнуваат секојпат кога ќе посакаат да отпатуваат во некој нов свет.
Но, книгите не мора да бидат скриени во некое затворено катче, туку можат да ви послужат и како прекрасна декорација за вашиот дом.
Овој тренд за разубавување на домот со книги ги преплави Instagram и Pinterest.
Во продолжение погледнете фотографии и пронајдете инспирација како да ги поставите книгите, за домот да ви изгледа модерно.
Како подлога за вазна со цвеќе или украс на мала масичка
Во послужавник
Сортирани по боја
Идеи и за распределување на книгите на полиците
Дел од книгите поставете ги вертикално, а дел хоризонтално. Подредете ги по големина или поставете ги така што ќе се гледаат страниците, во зависност од стилот на уредувањето на вашиот дом.