Почетна » Новости » Занимливости » Најмладата авторка на светот на само 6 години ја издаде својата втора книга

Најмладата авторка на светот на само 6 години ја издаде својата втора книга

Бела Џеј Дарк е на чекор до нов Гинисов рекорд.

Откако минатата година стана најмладата авторка на светот со издавањето на првата книга, сега 6-годишното девојче веројатно повторно ќе испише историја.

Бела ја издаде својата втора книга „Snowy's Birthday Party“ и доколку се продадат 1.000 примероци, таа ќе стане Најмладата авторка на серија книги.

Бела Џеј Дарк Бела Џеј Дарк

„Сметам дека е многу слатко да се види како дете има толкав интерес за нешто толку оригинално. Да биде решително и да има имагинација да седне и да го направи тоа. Мислам дека нема многу такви шестгодишници. Ја прашавме дали би продолжила да ги пишува книгите дури и кога би го немала светскиот рекорд, а таа рече дека ќе продолжи. Рекордот е само дополнителен бонус за неа“ – вели мајката на Бела.

Бела Џеј Дарк Бела Џеј Дарк

Во првата книга на девојчето од Вејмут, Англија, се раскажува за „изгубената мачка Сноуи“, а втората книга следи роденденска забава на која се докажува дека пријателството е поважно од сè.

„Втората книга е за роденденска забава на локално место каде што всушност бевме на роденден. Пријателството е пораката во книгата, се работи за тоа како пријателството е поважно од материјалните работи кои ги поседуваме. Во книгата Сноуи споделува некои од новите играчки кои ги доби за роденден и една од нив се крши. Тоа поттикнува расправија, но на крајот сфаќаат дека не е крај на светот и дека пријателствата се поважни“ – дополнила мајката.

Бела Џеј Дарк Бела Џеј Дарк

Бела веќе има започнато да работи на третата книга.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.