Почетна » Кариера » На работното место » Заслужете ја почитта на колегите

Заслужете ја почитта на колегите

Новата работа секогаш носи многу стрес и притисок. Вие треба да се приспособите на нова работна атмосфера, а колегите треба да ве прифатат вас. Плус тоа, од секаде се појавуваат нови и нови задачи.

Среќна женаСо насмевка и позитивно однесување можете да ја заслужите почитта на новите колеги.

Многу често се случува да наидете на колеги кои не се почитуваат и кријат злоба едни кон други, но ако имате среќа, може да станете и дел од една многу сложна екипа. Како нов член, во почетокот тешко ќе можете да ги разберете односите на новите колеги. Затоа, ние ќе ви дадеме неколку совети, со помош на кои ќе научите како полесно да се спријателите со вашите нови колеги и да ја заслужите нивната почит.

  1. Насмевнете се. Без разлика колку сте нерасположени, пред да влезете на работа насмевнете се и поздравете ги сите. Насмевката ќе ви помогне да изградите силна и здрава врска со вашите колеги.
  2. Бидете позитивни. Дури и ако сте преоптоварени со работа, бидете оптимисти. Вашите колеги ќе го ценат вашето позитивно однесување. Обидете се да не се жалите од многу работа или поради острото однесување на шефот.
  3. Прифатете дека има луѓе кои знаат повеќе од вас. Одолејте му на искушението веднаш да се истакнувате како лидер и да покажувате колку многу знаете. Доколку се правите дека знаете сè, колегите кои се постари и поискусни од вас, ќе ве оценат како арогантни.
  4. Заблагодарувајте се. Ако ви е потребна помош од поискусните колеги, покажете благодарност кога ќе ја добиете. Не се однесувајте како тие да се одговорни да ви помагаат вас, поради фактот што сте нова. Едно „благодарам“ не менува ништо во вашиот живот, а остава одличен впечаток.
  5. Слушајте. Кога ќе стапите на ново работно место, прво е потребно да знаете да слушате, а не веднаш да се истакнувате со она што го знаете. Тоа ќе биде оценето позитивно од вашите колеги.
  6. Надминете ги очекувањата. Ако имате слободно време, побарајте да ви дадат повеќе задачи или заинтересирајте се што работат колегите од другите области. Доколку сте во состојба и имате познавања, помогнете им. Останувајте до подоцна секогаш, кога не сте си ги исполниле дневните обврски.
  7. Најдете време за разговор. Не треба цел ден да се фокусирате само и само на задачите кои ви се дадени или да останете пред компјутер. Издвојте малку време, барем за паузата, да поразговарате со колегите. Кога еднаш ќе започнете да комуницирате поопуштено, подобро ќе ги запознаете колегите и тие вас.
  8. Внимавајте што зборувате. Дури и ако знаете пикантни истории за некој од колегите, во никој случај не ги споделувајте со другите колеги. Озборувањето не е добра навика, особено ако тоа се случува на работното место. Вие секогаш ќе бидете новата и „ќе го извлечете подебелиот крај“.
  9. Внимателно одбирајте ја облеката. Никој нема да ве сфаќа сериозно и да има почит кон вас, ако не се облекувате соодветно. Ако работите во поголема компанија, која секојдневно има контакти со клиенти, не можете да носите секојдневна облека. Во таков случај изберете поофицијална облека со ненападни бои. Доколку работите во мала фирма, првите неколку дена анализирајте како се облекуваат вашите колеги и потоа прифатете го тој дрес-код.
  10. Имајте почит, за да добиете почит. Многу едноставно, но често заборавано правило. За да ја добиете почитта на колегите, потребно е и вие да изразите почит кон нив.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.