Запек

Запекот е честа појава. Повеќето луѓе имале запек во одреден период од нивниот живот, но и покрај тоа што запекот може да донесе болка и фрустрации, малкумина зборуваат за овој проблем. Жените многу почесто страдаат од запек отколку мажите, а исто така често се појавува и кај повозрасните луѓе.

За среќа, во повеќето случаи запекот е само привремен и едноставните промени во начинот на живеење (основно во исхраната) можат да го отстранат овој непријатен проблем.

Жена која има запекЗапекот предизвикува подуеност на стомакот, но може да ви донесе и болка, фрустрации и нервоза

Што е запек?

Запекот е нередовно и отежнато празнење на цревата, тврда и оскудна столица и појава на чувство на недоволно празнење на цревата.

Кога ќе се каже нередовно празнење на цревата, многумина се прашуваат што точно значи тоа. Факт е дека кај различните луѓе периодот помеѓу празнењата е различен. Некои луѓе имаат потреба за празнење 3 пати неделно, а некои 2-3 пати дневно. Проценето е дека 95% од луѓето извршуваат од 3 до 21 празнења на цревата неделно и тоа се смета за нормално.

Од медицинска гледна точка, запекот се дефинира како помалку од 3 празнења на цревата неделно.

Симптоми

Симптомите на запек вклучуваат:

  • помалку од три празнења на цревата неделно;
  • тврда столица;
  • тешкотии при празнењето;
  • чувство на недоволно празнење на цревата.

Се смета дека имате запек ако кај вас се појавиле барем 2 од овие симптоми во период од 3 месеци. Исто така, запекот може да предизвика подуен стомак, повраќање и болки во стомакот кои исчезнуваат по празнењето на цревата.

Веднаш треба да стапите во контакт со доктор ако:

  • имате силна болка во стомакот;
  • имате крвава столица;
  • чувствувате ректална болка;
  • по запекот се појавува дијареја, затоа што тоа е знак на синдром на нервозни црева;
  • остварите значителна загуба на телесна тежина;
  • за 3-4 дена само еднаш почувствувате потреба за празнење на цревата и покрај тоа што сте го промениле начинот на исхрана и вежбате почесто.

Причини за појава на запек

Најчести причини за појава на запек се:

  • недоволно внесување на течности или дехидратација;
  • недоволна консумација на храна богата со растителни влакна;
  • отсуство на физичка активност;
  • синдром на нервозни црева;
  • промени во начинот на живот (диета, патување, бременост и сл.);
  • стрес;
  • игнорирање на потребата за празнење на цревата или одложување на празнењето;
  • честа употреба на лаксативи;
  • болести на тироидната жлезда (хипотироидизам), Паркинсонова болест, висок крвен притисок, депресија, хемороиди;
  • одредени лекови.

Како да си помогнете?

Во повеќето случаи доволни се едноставни промени во исхраната и начинот на живот за да се подобри состојбата и да исчезнат непријатните симптоми на запек. Но, ако таквите промени не ја подобрат состојбата, понекогаш потребен е и медицински третман и примање на лаксативи.

Еве што можете да направите сами за да си помогнете:

  1. Консумирајте храна богата со растителни влакна. Најдобри извори на растителни влакна се: овошјето (јаболка, црни сливи, круши, кајсии, портокали, банани), зеленчуците (домати, брокули, спанаќ, карфиол, моркови), мешунките и житарките.
  2. Внесувајте помалку шеќер. Луѓето кои консумираат повеќе шеќер почесто страдаат од запек. Ограничете го консумирањето на шеќер, сладолед и слатки.
  3. Вежбајте редовно. Пешачете неколку пати во денот по 10-15 минути и ќе ја подобрите работата на дигестивниот систем. Ако сте физички активни, насочете се кон аеробик вежби, трчање, пливање или танцување. Се смета дека одредени јога пози ги олеснуваат симптомите на запек.
  4. Пијте доволно течности. Колку течности треба да пие едно лице зависи од многу фактори како пол, возраст, здравје, физичка активност и други фактори од околината, но општо прифатено е дека треба се консумираат 8 чаши вода секој ден. Ограничете го консумирањето на кофеин (кафе, газирани сокови), затоа што кофеинот може да предизвика дехидратација.
  5. Не ја игнорирајте потребата за празнење на цревата. Колку повеќе чекате, толку повеќе вода се апсорбира од столицата и таа станува потврда. Се разбира, кога немате пристап до тоалет ќе мора да одложите, но посетете тоалет при првата можност.
  6. Избегнувајте ги строгите диети. Многу девојки се изгладнуваат со цел да ослабат и тоа може да предизвика нарушување на работата на дигестивниот систем. Избегнувајте ги диетите кои не вклучуваат храна богата со растителни влакна.

Домашни лекови

  • Мед и топла вода. Измешајте една супена лажица мед во топла вода и испијте ја смесата наутро.
  • Лимон и топла вода. Се смета дека и мешавината од сок од лимон и топла вода помага против запек.
  • Сусам и ленено семе. Измешајте малку сусам и ленено семе и изедете ги.
  • Сончогледово масло. Многумина тврдат дека сончогледовото масло им помага при запек. Консумирајте 2-3 лажици масло дневно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.