Почетна » Убавина и мода » Шминка » Шест пати погусти трепки со новата маскара Big&Daring на Avon

Шест пати погусти трепки со новата маскара Big&Daring на Avon

Во Кампања 13 во третиот квартал од 2014 година, козметичката компанија AVON ја најавува новата маскара Big&Daring со нова, иновативна формула за 6 пати погусти трепки.

Mаскара Big&Daring

Револуционерната гел-крем формула употребена во маскарата Big&Daring е помазна и побогата и содржи колаген, кератин, аминокиселини и протеини. Овие состојки им даваат екстра волумен на трепките и истовремено ги одржуваат меки и еластични. Новата формула делува на тој начин што беспрекорно ги обликува трепките, без притоа да настане згрутчување или размачкување. Нејзината гел структура формулирана во луксузна микро-емулсија со комплекс од колаген обезбедува неверојатно еластично и лесно чувство на трепките и ги прави свиленкаво мазни и меки.

Покрај иновативната формула, за маскарата Big&Daring е создадена и т.н. VOLUME BUILDING четкичка, која е закривена и одговара на природниот облик на очниот капак. Четкичката содржи специјални патентирани влакна кои стигнуваат до секоја трепка и совршено ги раздвојуваат од коренот до врвовите, додека пак закривениот облик на четкичката ги дефинира трепките со само две нанесувања.

Инспирирана токму од иновативниот дизајн на четкичката, професионалниот стилист и експерт за шминка на AVON Васка Леонтиќ, вели дека при изборот на маскара, особено треба да се внимава на обликот на нејзината четка.

Mаскара Big&Daring

„Четкичката на маскарата Big&Daring има облик кој одговара на природната линија на очниот капак, со што мазно и рамномерно ја нанесува маскарата без да создава грутчиња, а нејзината формула со течен состав ги прави трепките меки и лесни“, изјави Васка Леонтиќ.

Маскарата Big&Daring ја има во црна и кафено-црна нијанса, а ќе биде достапна за порачување од брошурите на AVON од септември 2014 год.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20163 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.