Кога е во прашање гламурозниот изглед, изборот на вистинската шминка и фризура е исто толку важен како и изборот на тоалета. Затоа, за моментите кои ви значат почувствувајте ја магијата на гламурот и користете професионална шминка која вистински ќе ја истакне вашата природна убавина. Ви ја претставуваме линијата AVON LUXE со вистински скапоцени состојки и раскошни бои, спакувани во златен гламур. Дефиницијата за луксуз и елеганција.
Свиленикава течна пудра AVON LUXE
Изгледот, чистината и природниот сјај на лицето се најважни при секоја свечена пригода. Особено во топлите денови ако сакате долготрајна шминка со која ќе изгледате убаво на фотографиите, основата игра најзначајна улога. Затоа одлучете се за професионална, но лесна пудра. Професионалната, блескава пудра Luxe на AVON со екстракт од бел сафир ѝ дава на кожата ултралесно, хидрирано чувство и тонирање. Не ги затвора порите, а истовремено штити од штетните сончеви зраци со заштитен фактор 20.
Кремаст кармин AVON LUXE
Доколку сакате гламурозен изглед на усните, потребен ви е луксузен кармин кој ја нагласува нивната свежина и природност. Кремастиот кармин Luxe на AVON содржи комплекс за истакнување на усните со чиста свила, за меки, испакнати и гламурозно сочни усни. Луксузните формули ќе ги направат вашите усни божествено меки и хидрирани, уште со првото нанесување.
Палета со сенки за очи AVON LUXE
Кај професионалната шминка, во било која пригода, очите секогаш го добиваат приматот на најважни во истакнување на женската убавина. Сенките за очи Luxe содржат екстракт од орхидеја за нежно, свиленкаво и сензуално чувство на капаците, а палетата нуди и пет висококвалитетни, гламурозни бои збогатени со многубројни пигменти, во едно кутиче за хипнотизирачки дневен и ноќен изглед.
Бронзено руменило AVON LUXE
Создадено од килибарно и арганово масло кои ѝ даваат блескав сјај и мазност на кожата, руменилото со бронзен сјај Luxe совршено се надополнува во свечената шминка. Руменилото е исто така совршено за топлите денови, кога кожата добива малку тен од сонцето, а не сакате да користите течна пудра.
Комерцијален текст