Почетна » Убавина и мода » Тело » Зацврстете ги меките нокти

Зацврстете ги меките нокти

За некои жени постигањето на убав маникир е лесна и едноставна работа, но доколку имате меки нокти знаете колку тешко е да се направи тоа. Ако отсекогаш сте имале меки нокти, за тоа најверојатно виновни се гените. Но, ако одненадеж вашите нокти станат меки, тогаш причината е или недостаток на витамини и минерали или некое заболување.

Цврсти и убави нокти
За да ги заштитите ноктите носете ракавици кога миете чинии и премачкувајте ги редовно со лак.

Еве неколку совети, кои што ќе ви помогнат да ги зацврстите ноктите:

  1. Носете ракавици додека миете чинии. Ноктите доаѓаат во допир со водата повеќепати дневно. При контакт на ноктите со вода тие се подуваат, а кога се сушат се смалуваат. Тоа води до нивно расцепување. Ракавиците ги заштитуваат ноктите не само од водата, но и од хемикалиите, кои ги има во детергентите.
  2. Премачкувајте ги со масло. Маслото ги заштитува ноктите од водата. Можете да користите различни масла.
  3. Избегнувајте да ги гризете. Силата која што ја вложувате во гризењето, ги ослабува ноктите. Ако имате можност носете насекаде со вас турпија за нокти. Ако често ја користите турпијата, ноктите ќе ви бидат мазни, а вашата желба да ги гризете ќе се намали.
  4. Лакирајте ги. Ако не сте обожавателки на лаковите во боја, употребувајте проѕирен лак. Лакирањето им дава на ноктите дополнителен заштитен слој. За отстранување на лакот користете продукти кои што не содржат ацетон.
  5. Внесувајте доволно витамини и минерали. Магнезиумот и витаминот А се особено важни за ноктите. Затоа, осигурајте се дека внесувате доволно витамини и минерали преку исхраната. Ако страдате од нивен недостиг, консумирајте ги како додаток во храната.

Следете ги овие совети за да можете да се радувате на убави, здрави и цврсти нокти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.