Бојата на годината која традиционално ја одредува Pantone има големо влијание во модната индустрија. Оваа година, компанијата за производство на бои ни ја понуди ултра виолетовата нијанса за стилско експериментирање.
Бројни блогерки и славни личности веќе ја вклучија оваа имагинативна боја во своите стајлинзи. Фустани, здолништа, чантички, обувки, марами... внесете ја виолетовата боја во вашите секојдневни аутфити.