Почетна » Убавина и мода » Мода » Од икона на уличната мода до светски позната дизајнерка: Еволуцијата на Русинката Улјана Сергеенко

Од икона на уличната мода до светски позната дизајнерка: Еволуцијата на Русинката Улјана Сергеенко

Кога Улјана Сергеенко пристигнува на ревиите во светските метрополи, сите улични фотографии ги насочуваат објективите кон неа, а веднаш се гледа зошто. Женствените стајлинзи на привлечната Русинка, кои секогаш се зачинети со ексцентрични детали или необични модни додатоци, се вистинско освежување.

Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко

Улјана е позната дизајнерка чиј бренд го носи нејзиното име, но таа измина долг пат пред нејзините оригинални креации да завршат во плакарите на славните дами.

Од традиционалните работилници за рачна работа во далечниот Каменогорск во Казахстан, преку Филолошкиот факултет во Санкт Петербург, па сѐ до сопствена модна куќа лоцирана во Москва – професионалната еволуција на 38-годишната Русинка е навистина интересна приказна.

Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко

Родена е во 1981 година во семејство на лингвисти, така што детството на Улјана било исполнето со читање и редовни посети на локалната библиотека. Вљубена во книжевноста, по примерот на своите родители се запишала на Филолошкиот факултет во Санкт Петербург, но уште тогаш знаела дека ја привлекува и рачна работа како шиењето, везењето и плетењето. Ваквите вештини Улјана ги научила од својата баба, но и во женските работилници вообичаени за тогашниот Советски сојуз во кои девојчињата учеле како се води домаќинство.

„Сиот мој живот бев луда за убави нешта. Можеби поради мојата баба. Имав „советско“ детство за време на кое беше тешко да се купуваат некои работи. Мојата баба ми шиеше фустани. Ги користеше сите извори што ѝ беа на располагање за јас да бидам убава. Кога одев на училиште, сите зборуваа како сум облечена. Сакав да носам, на пример, фустан со панталони, нешта што беа малку луди. На училиште имавме униформа и наставниците се лутеа зашто не ги почитував кога носев тоа што сакав јас“ – раскажува Улјана за своето детство.

Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко

И покрај љубовта кон шиењето, Улјана не се откажала од книжевноста. Фикциските универзуми на книгите што ги читала само ја разгорувале нејзината имагинација, а сопствениот уникатен израз го пронашла читајќи ги руските класици и модернистичките руски поетеси, но и најпознатите дела на светската литература. Самата вели дека Толстоевата „Ана Каренина“ и „Однесено со виорот“ на Маргарет Мичел оставиле најдлабока трага во нејзините романтични креации инспирирани од женските ликови во овие романи – Ана Каренина и Скарлет О’Хара.

Талентираната студентка обожавала сама да си шие алишта, но и да ги украсува и преработува купените парчиња. На тој начин Улјана развила свој препознатлив уличен стил, а исто така обожавала и да ја фотографира уличната мода во Санкт Петербург. Постојано цртала свои модели, а понекогаш и шиела за нејзини пријателки. По завршувањето на студиите кратко време се занимавала со моделство, а посериозен влез во модниот сектор ѝ било вработувањето како модна уредничка на списанието „Гламур“ Русија. Во 2011 година ја основала својата модна куќа во Москва со финансиска помош од нејзиниот сопруг, кој е сопственик на најголемата осигурителна компанија во Русија. Првата колекција есен/зима ја претставила истата година, а ја изработила во соработка со само 5 помошници.

Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко

Креациите на Сергеенко биле вистинско изненадување за љубителите на модата. Егзотичниот преплет на традиционални руски парчиња, детализирани декорации, модернистички и старински елементи резултирал со успешно дебитирање на модната сцена, но и со афирмативен став од оние кои лесно ги препознале книжевните референци „вткаени“ во нејзините креации. Оттогаш Сергеенко е постојано присутна на секое модно случување и веќе незапирливо освојува во светот на модата.

Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко

Егзотичната руска убавица е мајка на две деца. Според неа, талентот на нејзината ќеркичка е несомнен – таа веќе шие фустанчиња за своите кукли. „Ја сака модата и често црта свои креации. Понекогаш ги користам и јас бидејќи некои од нив се многу оригинални“ – вели Улјана. Нејзиниот личен стил ја задржал препознатливата женственост и уникатност, што сѐ уште ги прави нејзините појави примамливи за фотографите на уличната мода. Креациите на Сергеенко сѐ почесто се најдуваат во плакарите на познати ѕвезди, а таа е меѓу омилените дизајнери на Лејди Гага, Наталија Водјанова, Дита вон Тис, Бијонсе, Ким Кардашијан, Марион Котијар и Ријана.

Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко Сергеенко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20403 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.