Додека е во тек модната недела во Милано, каде своите нови колекции ги покажуваат гигантите во модната индустрија како Версаче, Армани и Кавали, ние ќе ви покажеме што беше најинтересно на Лондонската недела на модата.
Burberry Prorsum есен/зима 2010
Марката Burberry веќе 150 години живее во светот на модата и секогаш успева да го зароби вниманието на својата публика. Една од причините за тоа е што креациите се дизајнирани така што можат да се пренесат на улиците, а не да останат само на модните писти и на модните настани.
Burberry стана и првата марка што го емитувала своето шоу со 3D технологија. Преносот од прикажувањето на колекцијата есен/зима 2010 бил следен од љубителите на модата во Њујорк, Лос Анџелес, Токио и Дубаи.
Погледнете ја колекцијата на Кристофер Бејли во која што доминираше милитаристички стил.
Mark Fast есен/зима 2010
Канадскиот дизајнер Mark Fast уште еднаш потврди дека тесните кратки фустани се негов заштитен знак и дека нема намера да го промени тоа. Тој доби голем публицитет на Лондонската недела на модата, затоа што во неговата ревија реши да вклучи и „подебели“ манекенки.
Токму со таа постапка Марк сакал да покаже дека неговите фустани не се наменети само за слаби жени. „Сакавме жените да знаат дека не треба да бидат „size zero“ за да носат фустан на Марк – жените со облини можат да изгледаат уште подобро во еден таков фустан“ – изјавила Аманда Меј, директор на оваа марка. А дали успеаја во нивната намера, проверете сами.
Erdem есен/зима 2010
Канаѓанецот Erdem Moralioglu е дизајнерот кој ги облекува дамите во политиката. Негови клиентки се Мишел Обама, Саманта Ронсон и Сара Браун. Наречен уште и „принцот на шарите“, Erdem Moralioglu ја црпел инспирацијата за својата колекција есен/зима 2010 од флората и фауната на Гренланд.
Peter Pilotto есен/зима 2010
Колекцијата на Peter Pilotto е составена од облека која ја изразува врската помеѓу природното и вештачкото. „Архитектурата, интериорите од 70-тите, модерните скулптури и мајката природа беа слеани во колекцијата на Peter Pilotto“ – пишува Hilary Alexander, моден директор на Лондонската недела на модата.