Почетна » Убавина и мода » Мода » Лекции за стил и убавина од Линда Родин, најдотераната 68-годишна дама

Лекции за стил и убавина од Линда Родин, најдотераната 68-годишна дама

Линда Родин е 68-годишна вљубеничка во модата, чии оригинални и прекрасни модни комбинации гордо ги покажува на улиците на Менхетен, најчесто во придружба на нејзината пудлица Винки. Има преку 35 години искуство како стилистка во Harper’s Bazaar, Vogue, Revlon и Victoria’s Secret. Има соработувано и со врвни имиња од светот на модата, меѓу кои Летиција Каста и Жизел Бундхен. Таа е творец и на сопствена линија на производи за убавина која нуди продукти за нега на кожа и лице, парфеми и кармини.

Линда Родин Линда Родин Линда Родин

И покрај тоа што Линда се приближува кон осмата деценија од животот, таа е неуморна кога станува збор за мода и убавина. Нејзините комбинации и ритуалите за нега, на кои им е доследно посветена, покажуваат зачудувачка креативност и уникатност.

Линда Родин Линда Родин Линда Родин

Линда е симбол за безвремена убавина и доказ дека стилот не мора да избледнее штом ќе се појават првите брчки и бели влакна. Заштитен знак ѝ се кармините и седата коса, очилата и класичните парчиња облека. Сака да комбинира парчиња со пристапни цени и не се откажува од фармерките и впечатливиот накит.

Линда Родин Линда Родин Линда Родин

Погледнете што уште има да каже оваа оригинална дама за стилот и убавината:

Не се чувствував старо сѐ додека не наполнив 60 години, иако косата ми белееше уште на 35 години. Одбивав и одбивам да ја бојадисувам. Кога ќе наполните 60, стилот нека биде попрепознатлив. Треба само еден храбар детаљ, а останатото нека биде едноставно.

Линда Родин Линда Родин Линда Родин

Во мојот случај, ваков храбар детаљ станаа фотогреј очилата, иако од прагматични причини. Ме заморуваше постојано да менувам очила за дома и надвор, па така решив да ги искомбинирам.

Линда Родин

Препорачувам куче! Не сакам да вежбам, но се трудам да јадам здраво и многу да пешачам. Кучето е од голема помош. Не ја сакам брзата храна, но ниту се откажувам од добар помфрит. Во ред е да се прават отстапки.

Линда Родин Линда Родин Линда Родин

Елиминирајте го тоа што не ви одговара. Пример, јас не поседувам ниеден фустан. Макси-фустаните не ми одговараат поради висината и никогаш не успеав да научам да ги носам.

Линда Родин Линда Родин

Се потпирам на модните трендови, но не слепо. Некогаш трошам многу на едно парче, но го носам долго.

Неодамна купив дизајнерски фармерки. Инвестирајте во класични парчиња облека! Фармерките се задолжително парче за секој плакар. Би ги носела и навечер, со правилен избор на накит. Фармерки носам со себе каде и да патувам, исто како и еден пар патики.

Линда Родин Линда Родин

Омилени ми се широките и удобни капути. Ги нафрлаш над која било комбинација и изгледаш средено.

Линда Родин Линда Родин Линда Родин Линда Родин

Што се однесува до шминката, не сакам пудра бидејќи пудрата само ги нагласува брчките. Користам коректор за да ги покријам пегите на челото. Или ако сум искрена, старечките дамки. Омилени ми се кармините и секогаш сакам храбри нијанси. Кога косата е веќе бела, убаво е изгледот да се освежи со впечатливи бои. Истото важи и за лакот за нотки. Ја сакам и маскарата, користам Maybelline Great Lash маскара уште од тинејџерските години.

Линда Родин Линда Родин

Неодминлив ритуал ми е долго бањање, секој ден, поручек. Не сакам списанија, музика, ниту телефон. Сакам да се опуштам и да си мислам дека сум на плажа. Додека сум во бањата, сакам да имам мир и тишина. Тогаш се чувствувам како поетеса и сум најкреативна. Смислувам како да одговорам на некој мејл или што да променам во домот. Штета што ги заборавам идеите штом излезам од бањата. Сепак, важно е да одвоите време за себе.

Линда Родин Линда Родин

Сѐ уште сакам мини-здолништа, но ги носам исклучиво со темни и дебели хулахопки. Годините не се причина да се откажете од нешто што сакате да носите. Она што во никој случај не сакам да носам е облека без ракави. Преферирам ракави дури и во лето.

Линда Родин Линда Родин Линда Родин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.