Еве сме на прагот на празниците, убав период во кој секој сака да се прикаже во најубаво светло. Ќе почнеме да прегледуваме по ормарите и ќе утврдиме дека е време за подновување со гардероба...
Чекајте, чекајте... заборавивме еден многу важен сегмент, да се вратиме еден чекор назад.
Себепретставувањето почнува со лицето, кое треба да биде свежо и негувано. Но луѓето, за разлика од порано, во поново време потешко ги прифаќаат хируршките техники за подмладување. И што ќе заклучиме, дека се сложуваме да старееме? Не се лажете! Напредните знаци на стареење за повеќето луѓе, кога себе се сметаат во најактивниот период, се јавуваат на возраст измеѓу 40 и 50 години. Кај повеќето луѓе кои до 40-тата не презеле превентивни мерки, многу нагло се видливи знаците на стареење на лицето и телото.
Се будите едно утро и кога повнимателно ќе се погледнете, ликот во огледалото покажува дека наместо облата контура на Вашето лице, сега висат вреќички со празна кожа и како да имате тројна брадичка, дека подочниците се уште поистакнати, бидејќи се стопиле јаболкниците и изгледот Ви е уморен, дека брчките на челото и околу очите не се линии, туку ровови, а специјално оддавате со налутен израз ради силно назначените брчки меѓу веѓите.
Од тој момент почнувате да ги разгледувате опциите и некако не се решавате за хируршката која бара повеќенеделно отсуство од активностите.
Не грижете се, науката и технологијата овозможија да се подмладите и да изгледате прекрасно без ниту еден ден отсуство, без болка, безбедно и многу ефикасно.
Нашите нови сојузници и пријатели во стремежот за враќање и задржување на младешкиот изглед се нивните екселенции ботокс, филери, радиес, скулптра, мезоконци, ПРП, мезотерапија во странската литература наведени како „injectables“ или третмани со боцкање.
Е сега се исплашивте! Веројатно стравот ќе Ве држи некое време. Но и стравот од понатамошното стареење е присутен, па со време почнувате да читате, истражувате, да прашувате. И одеднаш, откривате дека луѓето околу вас се подвргнале на тие третмани и дека не е тоа така страшно.
Па еве Ви некои базични информации за тие третмани:
Ботоксот идеално ги решава брчките на челото, околу очите и меѓу веѓите. Трае до 6 месеци, а потоа е биоразградив и постепено се губи ефектот. Кога го аплицира дерматолог, со сертификација за таа процедура, е безбеден третман со совршен резултат.
Филери и самото име кажува дека тие нешто пополнуваат. Ги пополнуваат брчките, односно браздите, кои се јавуваат од носот до аглите на усните. На тоа место најбрзо почнува да се топи колагенот и се меѓу првите знаци на стареењето. Во својот состав содржат хијалурон, апликацијата им е брза и лесна, се разбира доколку точно се погоди слојот каде треба да се аплицираат. Траат една година и полека се топи нивниот ефект. Одредени фирми имаат специјални филери за контура и волумен на усни, за јаболкници и за длабоки брчки.
Најголемата револуција во третмани за нехируршки лифтинг се постигна со продуктите радиес и скулптра. Првиот е дериват на калциум, а вториот дериват на млечна киселина. Обата произлезени од природни продукти. Се аплицираат длабоко во целата образна регија, со чудесна способност да дадат ефект на подигање односно лифтинг и пополнување на празнините кои настануваат со топење на масното ткиво. Ефектот на овие третмани трае повеќе од две години.
Мезоконци, хит третман од најново време кој има ефект на затегање, но уште повеќе на превенција на стареењето. Во кожата се плетат конци во буквална смисла на зборот кои по состав се специјално обработени хируршки конци со ефект на затегање кој трае година дена.
Мезотерапијата е третман каде со премногу мали иглички се внесуваат витамини, колаген или разреден хијалурон, со цел површинско освежување на лицето. Одличен третман кој се применува десетина дена пред за Вас важен настан, бидејќи лицето, буквално светнува, а моментално најновиот и најпопуларниот мезотераписки третман е ПРП третманот, кој покрај што освежува има силно својство, а делува на површна стимулација на колаген за да се измазни лицето, да се затворат порите, лузните од акни и другите лузни. Чувството е како да сте добиле нова кожа.
Дополнителни информации
Колку и да Ви звучи необично третманите се скоро безболни, бидејќи во некои од продуктите има анестетик, а за останатите се аплицира локален анстетик.
Овие третмани идеално би било по препорака на лекар дерматолог да се комбинираат меѓу себе спрема состојбата на лицето и длабочината на брчките.
После неколку апликации од кој било продукт, лицето никогаш нема да се врати во првобитната состојба, туку секој нареден пат ефектот ќе трае подолго и ќе биде потребно помалку продукт. Тоа е бидејќи сите овие продукти имаат згора на сè стимулативно својство да продуцираат нов сопствен колаген кој нема да се стопи туку ќе остане и ќе ја држи Вашата кожа цврста и подмладена многу долг период. Ефектот е природен и долготраен.
Ќе признаете дека овој бонус кој го нема кај хируршкиот лифтинг е единствениот начин со кој што се постигнува враќање на волуменот на ткивото после извршен лифтинг, па многу често хирурзите ги испраќаат пациентите за да спроведат вакви третмани и да добијат уште поубав и покомплетен ефект.
Сите овие светски третмани на едно место се наоѓаат во Ординација д-р Анчевски и се изведуваат од страна на стручен и сертифициран тим со долгогодишно искуство.
Д-р Анета К. Петрушевска
Спец. дерматолог