Почетна » Убавина и мода » Лице » Вратете го времето назад со плазмолифтинг

Вратете го времето назад со плазмолифтинг

Плазмолифтинг е нова револуционерна, уникатна ревитализирачка процедура, која е ненадминлива по својата ефикасност во однос на останатите медицинско-естетски постапки кои денеска се достапни. Плазмолифтингот е најприродната метода која ја ревитализира, обновува и затегнува кожата на природен начин.

Во естетската козметологија, плазмолифтинг методата е најприроден и најбезбеден третман кој го употребуваат стотици илјади луѓе за да изгледаат убаво, независно од возраста.

Жена

Како функционира плазмолифтинг?

Основата на методата плазмолифтинг е патентираниот начин за обработка на крвта на пациентот, која се става во посебни вакумски био-технички епрувети и со специфичен принцип на центрифугирање се збогатува со специјални активатори на тромбоцити. Како резултат на тоа, се добива инјекциона форма на авто-плазма која содржи тромбоцити и претставува производ кој се внесува во кожата на пациентот. Така подготвената плазмата е богата со матични клетки и фактори на раст. Со третманот се стимулираат природните механизми на подмладување и регенерација на кожата, што доведува до создавање на нов колаген, еластин и меѓуклеточна материја. Како резултат на ова кожата станува сјајна, еластична, затегната и се активира одбранбениот систем на кожата, кој во иднина ефикасно ќе се спротивставува на стареењето. Предност на оваа метода е тоа што е 100% природна, а благодарение на кумулативниот ефект од неколку процедури гарантира долготрајност на добиениот резултат.

Што е плазмолифтинг филер ?

Плазмолифтинг филер е биолошки филер, добиен од сопствената плазма на пациентот. Плазмолифтинг филерот помага да се врати изгубениот обем на ткивата и да се отстранат длабоките брчки, лузните од акни и да ја затегне опуштената кожа на лицето која се јавува со стареењето на комплетно безопасен начин. Плазмолифтинг филерот не само што го одржува лицето, туку ја стимулира регенерацијата на ткивата и тоа дури и по завршувањето на дејството на филерот ефектот на подмладување останува и продолжува да работи однатре, помагајќи во обновувањето на кожата и спречувајќи појава на нови брчки.

Со традиционалните филери се постигнуваат непосредни резултати со побрз ефект, додека со плазмолифтинг филерите е потребно малку време за да се види резултатот, бидејќи телото треба да одговори и да се поттикне природно генерирање на нов колаген.

Ефикасност и безбедност на плазмолифтинг и плазмафилер

Благодарение на своето природно потекло, бидејќи се користат сопствени елементи, тоа е единствениот третман кој нема несакани ефекти ниту посебни контраиндикации. Безбеден е да се изведува во било која возраст неограничен број пати и нема потреба од долг период на закрепнување.

Совет: За сите видови третмани при кои се употребува плазмолифтинг филерот е од голема важност да се знае дека нема контраиндикација да се комбинира со кој било вид третман. Па така, во третман на лузни од акни може да се примени заедно со laser pixel. При третман на лице може да се примени заедно со ботокс, ласерска технологија, RF радиофреквенција, IPL, Pixel со синергистички ефекти.

Ефектите се долготрајни, бидејќи створените елементи се од самиот организам и сè тоа е на најприроден можен начин. Плазмолифтинг и плазмолифт филерот ги активира скриените потенцијали на Вашиот организам, буквално враќајќи го времето назад!

Д-р Анета Кокалеска Петрушевска
Спец. дерматолог
Ординација Д-р Анчевски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.