Почетна » Убавина и мода » Лице » Акни – како да си помогнете сами?

Акни – како да си помогнете сами?

Акните не се проблем кој ги засега само тинејџерите. Скоро 80% од луѓето се имаат соочено со акните во одреден момент од нивниот живот. Иако многумина ја имале среќата лесно да се справат и да си ја повратат убавината на кожата, милиони луѓе низ светот сè уште се обидуваат да го најдат соодветниот продукт кој ќе им помогне да се гордеат со својата кожа.

Жена пред огледалоОсвен лузни на лицето, досадните акни можат да предизвикаат и психолошки проблеми.

Најчести причинители на акни

Акните најчесто се појавуваат на лицето, деколтето и горниот дел на грбот. Освен лузни на лицето, може да предизвикаат и психички последици како губење на самодоверба, срам, па дури и социјална фобија.

Постојат многу различни причинители на акни, па поради тоа можеби најтешката фаза во борбата против нив е утврдувањето на вистинскиот виновник. Хормоните играат голема улога во создавањето на акни, па затоа тинејџерите се најзасегната група.

За жал, за многу луѓе акните не се минлив проблем кој заминува со адолесценцијата и им предизвикуваат непријатности понекогаш и до 40-годишна возраст. Хормоналните промени кои се појавуваат како резултат на бременоста, менструалниот циклус, започнувањето и прекратувањето на примањето на контрацептивни пилули кај жените ги зголемуваат шансите за појава на акни.

Освен хормоните, акните можат да бидат последица на зголеменото лачење на себум, бактериите, примањето на одредени лекови (литиум), употребата на силни козметички производи и заболувањата како синдром на полицистични јајници. Ако вашите родители страдале од акни, многу е голема веројатноста дека и вие се соочувате со овој проблем, т.е. акните се наследни.

Спротивно на распространетото мислење, научните истражувања покажале дека мрсната храна и чоколадото имаат мало влијание врз акните.

Нега на кожа склона кон акни

Целта на негата на кожа склона кон акни е да се излечат веќе постоечките акни, да се избегне создавањето на нови и да се спречи појавата на лузни и флеки. За да го постигнете тоа и да го вратите беспрекорниот изглед на кожата, потребно е секојдневно да применувате неколку основни правила:

  • Мијте ја кожата два пати дневно. Миењето ја отстранува прекумерната мрснотија од лицето и мртвите клетки на кожата. Но, ако се миете премногу често, може да предизвикате иритација и прекумерно лачење на себум, кој е главен сојузник на акните.
  • Користете соодветни козметички продукти. Проблематичната кожа бара соодветна грижа и користење на козметички продукти наменети за кожа со акни. Избирајте продукти кои содржат салицилна киселина и бензоил пероксид.
  • Не ги притискајте. Тешко кој го почитува ова правило, затоа што понекогаш е мошне непријатно да се појавите некаде со акни кои што можете да ги намалите со стискање. Но, стискањето на акните може да доведе до создавање на белези кои тешко исчезнуваат, а и до распространување на бактериите.
  • Парете го лицето. Во сад со жешка вода додајте неколку капки масло од чајно дрво, покријте ја главата со крпа и застанете со лицето над садот 5-10 минути. Можете да ставите и чај од камилица. Пареата ќе ви ги отвори порите. Потоа врз акните ставете мало количество масло од чајно дрво. Парете го лицето еднаш неделно.
  • Никогаш не си легнувајте со шминка. Спиењето со шминка на лицето може да предизвика затнување на порите. Секоја вечер пред легнување отстранувајте ја правилно и темелно шминката. Најдобро е да користите шминка само кога навистина имате потреба од тоа.
  • Пијте доволно вода. Водата ќе ви помогне да ги исфрлите токсините од телото и да го олесните проблемот со акните. Осум чаши вода дневно се сосема доволно.
  • Јадете храна богата со витамини А, Ц и Е и цинк. Сите тие помагаат за одржувањето на добар изглед на кожата.
  • Туширајте се веднаш после вежбање. Потта може да ја зароби нечистотијата и бактериите во порите на кожата и со тоа да предизвика појава на акни.
  • Перете ги често крпите и навлаките за перница. Бактериите врз крпите и навлаките можат да ја влошат состојбата со акните. Менувајте ја навлаката за перница секој втор ден.
  • Чувајте ја косата понастрана од лицето. Ако имате мрсна коса, мијте ја секој ден и не дозволувајте да го допира вашето лице. Кога и да имате можност, фаќајте ја косата со ластик.
  • Носете широка памучна облека. Акните на грбот и деколтето се појавуваат поради носењето на тесна облека. Избирајте поширока облека изработена од памук, за да ѝ дозволите на кожата слободно да дише.
  • Заштитете ја кожата од сонцето. Иако сончевите зраци може моментално да ја подобрат состојбата на кожата, тие носат само краткотрајни резултати. Извесно време по изложувањето на сонце акните стануваат поголем проблем отколку што биле претходно. Некои луѓе избегнуваат кремови за сонце, токму поради тоа што тие им предизвикуваат акни. Вистината е дека некои кремови навистина ги влошуваат акните, па потребно е да си најдете соодветен продукт со кој ќе го избегнете тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.