Омбре, сомбре, балајаж, фламбојаж... Бојадисувањето на косата преминува во уметност и понекогаш е многу тенка границата помеѓу различните техники.
Најновиот тренд е инспириран од драгоцениот камен „тигрово око“ и носи топлина и динамика во косата на бринетите. Идејата е да се копираат нијансите кои се преплетуваат во овој камен.
Техниката „тигрово око“ е слична на техниката балајаж и се стреми кон природен изглед на косата и постепено преминување на нијансите една кон друга (карамел и медени прамени на чоколадна основа).
„Тигрово око е антички камен кој се носи за заштита и самодоверба. Познат е по своите богати кафеави и златни нијанси“ – вели стилистот на коса Кори Тартл.
„Сè се сведува на создавање на слоеви на топли чоколадни нијанси со медено руси тонови за да се добие длабочината и ефектот кој го гледате во каменот тигрово око“ – објаснува Кирби Ричардс.
Атрактивна, модерна и лесна за одржување...