Почетна » Убавина и мода » Коса » 7 знаци дека ви е потребна нова фризура

7 знаци дека ви е потребна нова фризура

Фризурата ви била идеална последниот пат кога излеговте од фризерски салон. Но, како што минува времето, вашата коса ја губи убавата форма, не изгледа здрава и губи сјај.

На фризер
Ако средувањето на косата ви одзема многу време, вам ви е потребна нова фризура.

Овие седум знаци ќе ви помогнат да познаете кога треба да си закажете термин кај вашиот фризер, за да добиете нов, свеж и можеби помодерен изглед.

  1. Постојано ја носите косата врзана „во реп“. Ако сте опседнати со оваа брза и едноставна фризура и изгледате исто како за излегување, така и дома, дефинитивно треба да се насочите кон фризерскиот салон. Направете си модерна фризура. Потстрижете ја косата пократко и на слоеви за да не можете лесно да ѝ се вратите на старата навика да ја собирате косата во реп.
  2. Отпуштени локни. Витканата коса како што може да изгледа убаво и средено, исто така може да изгледа бушаво и безживотно. Ако локните ви се отпуштени и косата ви стои прилепена за скалпот, нема да згрешите ако веднаш го посетите вашиот фризер. Направете си слоеви на косата и пократки шишки кои да ги носите настрана, со цел да го освежите вашиот изглед.
  3. Избледена боја на косата и небојадисани корени. Со текот на времето бојата паѓа од влакното. Ако пред еден месец сте имале убава кафеава боја на косата, денес таа сигурно добива и црвеникава нијанса. Црните корени во комбинација со руса коса не му стојат на секого. Појавата на тие знаци ви покажува дека треба да закажете термин за бојадисување кај вашиот фризер. Користете шампони за бојадисана коса и обновувајте ја бојата на косата на секои 6-8 недели.
  4. Качивте некое килце. Ако видливо сте ја покачиле телесната тежина, популарната фризура „боб“ не е веќе за вас. Посетете го фризерот за да ја прилагоди фризурата на вашето лице.
  5. Здосадено ви е од сегашната фризура. Ако не сте ја промениле фризурата веќе неколку години и сакате нов свеж стил, не се плашете да посетите фризер. По ваша идеја или по идеја на фризерот, направете си нова фризура од која што ќе бидете задоволни.
  6. Косата ви одзема премногу време. Ако косата ви создава проблеми за да изгледа средена или користите премногу козметички продукти (пена, гел, лак) за да изгледа убаво, значи време е за посета на фризерскиот салон.
  7. Сакате да се расположите. Секоја жена кога излегува од фризерски салон е посреќна, посамоуверена и се чувствува попривлечна. Се чувствувате депресивно? Одете на фризер. Вниманието кое ќе ви го посветат ќе ве расположи, а плус тоа ќе ги дознаете и сите нови „случувања“ во градот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.