Џорџина Родригез од трибините го бодреше Кристијано Роналдо во Москва. 24-годишниот модел со насмевки го проследи натпреварот во кој славниот фудбалер ја однесе Португалија до победа против Мароко.
Будното око на фоторепортерите регистрира блескав прстен на нејзината лева рака и веднаш се родија шпекулациите дека Роналдо ја побарал за жена.
Џорџина беше фотографирана додека ѝ го покажуваше прстенот на своја познајничка.
Родригез и Роналдо го добија своето прво заедничко дете во ноември минатата година. Неколку месеци претходно тој стана татко на близначиња со помош на сурогат-мајка. Успешниот Португалец има и 7-годишен син, Кристијано Џуниор. Идентитетот на мајката на малото дете никогаш не беше откриен пред јавноста.