Џони Деп е во нова љубовна врска. 61-годишниот актер беше фотографиран со новата девојка, а сега беше откриено дека станува збор за 28-годишната Јулија Власова.
Холивудската ѕвезда и атрактивниот руски модел беа „уловени“ од папараците во Лондон. На нив, Јулија го држи Деп под рака, додека тој носи гитара.
Деп помина низ пеколен развод од Амбер Херд пред две години. Ова е негова прва јавна врска по разводот.
Славниот актер има две деца од врската со Ванеса Паради. Ќерката Лили Роуз има 25 години и е само три години помлада од неговата нова девојка Јулија.