Кит Харингтон и Роуз Лесли, познати по улогите на Џон Сноу и Игрит од „Game of Thrones“, не кријат дека ја обновија врската.
Актерите, кои имаа романса и на телевизиските екрани во популарната серија снимена според делата „A Song of Ice and Fire“, беа фотографирани на шопинг во Лос Анџелес.
Иако 29-годишниот актер и 28-годишната актерка никогаш не проговорија за нивната блискост во приватниот живот, се шпекулираше дека тие започнаа врска во 2012 година. Една година подоцна тие се разделија.
Новата сезона на „Game of Thrones“ ќе започне да се емитува на 24 април. Во неа ќе се открие судбината на еден од омилените ликови – Џон Сноу.